Забава
Херд тврди дека Момоа доаѓал пијан на снимање на „Аквамен 2“ и правел сè за таа да добие отказ
Амбер Херд и Џејсон Момоа наводно имале прилично ладен однос на снимањето на „Аквамен 2“.
„Вараети“ објави детали од белешките на психотерапевтот на Амбер Херд, Дон Хјуз, кои беа користени во текот на судењето на актерката и нејзиниот поранешен сопруг Џони Деп.
Меѓу другото, Амбер му кажувала на својот терапевт и за снимањето на „Аквамен 2“ (Aquaman 2). Таа се осврнала на колегата Џејсон Момоа тврдејќи дека тој намерно се облекувал како Деп, дури и ги носел истите прстени, во обид да ѝ го одвлече вниманието, односно да ја деконцентрира. Таа тврдела дека Момоа сакал да ја отпуштат и дека на снимањето доаѓал пијан.

Претставникот за медиуми на актерот ги негира овие наводи.
„Џејсон Момоа беше професионален цело време на снимањето на ‘Аквамен и изгубеното кралство’, рече тој. Извор близок до актерскиот тим, кој бил присутен на снимањето на некои сцени, изјави дека Џејсон сака да пие пиво одвреме-навреме како и сите други, но не се појавувал пијан на сет, ниту се облекувал како Џони Деп.
Изворот додаде дека Херд за малку ќе била исфрлена од сетот поради недостиг на хемија со Момоа, но Илон Маск, сопственикот на „Тесла“ со кого таа беше во врска, ѝ го спасил ангажманот во филмот.
Според „Вараети“, милијардерот Маск – тогашниот партнер на Херд – напишал заканувачко писмо до „Ворнер брос“ дека ќе ги уништи доколку таа не ја задржи својата улога во серијалот.

Патем, белешките од психотерапевтот на Амбер користени за време на судскиот процес станаа вирални на социјалните мрежи откога фановите на Деп платија судска такса за нивно објавување, известува „Вараети“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(ФОТО) И на 40 години во врвна форма: Роналдо повторно ги воодушеви фановите
Кристијано Роналдо повторно ги воодушеви фановите со фотографија објавена на Инстаграм, на која позира без маица во црни боксерки, покажувајќи ја одличната физичка форма и на 40-годишна возраст.
„По сауна“, напиша кратко Роналдо под фотографијата направена во теретана. Ова не е првпат фудбалската ѕвезда да објави вакви фотографии, со кои редовно ја истакнува дисциплината, тренинзите и начинот на живот по кои е препознатлив.
View this post on Instagram
Забава
Леонардо ди Каприо никогаш повторно не го гледал „Титаник“
Актерот Леонардо ди Каприо ги шокираше фановите со признанието дека никогаш повторно не го погледнал „Титаник“, филмот што во 1997 година го лансираше во светска слава и ја обележа цела една генерација.
Ди Каприо за тоа зборуваше во разговор со Џенифер Лоренс во емисијата Actors on Actors, пренесува „Варајети“. За време на опуштениот разговор, Лоренс директно го праша: „Дали некогаш повторно го погледна ‘Титаник’?“
Ди Каприо без размислување одговори: „Не. Не сум го гледал.“
Лоренс се изненади и му рече: „Па, треба да го гледаш! Се кладам дека сега би можел да го гледаш, навистина е добар.“
„Јас всушност не ги гледам моите филмови. Ти ги гледаш ли твоите?“ ја праша Ди Каприо колешката.
„Не“, одговори Лоренс низ смеа. „Никогаш не сум снимила нешто како ‘Титаник’. Да сум, сигурно ќе го гледав. Еднаш бев многу пијана и го пуштив ‘American Hustle’. Се прашував: ‘Дали јас сум добра актерка?’ Го пуштив филмот… и не се сеќавам на одговорот.“
Ди Каприо слично признание дал и претходно. Во август, за списанието „Есквајр“, изјави дека ретко ги гледа своите филмови, но дека постои еден исклучок.
„Тоа е ‘Авијатичарот’. Тој филм ми беше особено важен“, рече актерот, присетувајќи се на соработката со режисерот Мартин Скорсезе и на неговиот долгогодишен интерес за ликот на Хауард Хјуз.
Филмот „Титаник“, во режија на Џејмс Камерон, стана еден од најуспешните филмови во историјата, а Ди Каприо во него глумеше заедно со Кејт Винслет.
„‘Титаник’ беше голем експеримент за Кејт и за мене“, изјави Ди Каприо уште во 2016 година. „Не можевме ни да замислиме колку голем ќе стане филмот. Сè тоа нè изненади.“
Тој додаде дека по тој успех морал да забави и да се врати на своите актерски цели.
„Знаев дека од мене се очекува нешто одредено, но сакав да останам верен на себе и на причината поради која воопшто почнав да глумам“, порача Ди Каприо.
Забава
Од февруари ќе се наплаќа пристап до фонтаната ди Треви
Од 1 февруари, туристите ќе мора да платат две евра за да добијат пристап одблиску до фонтаната ди Треви во Рим, една од најпознатите туристички атракции во градот. Бесплатен пристап ќе имаат само жителите на Рим, додека разгледување од далечина ќе остане без надомест.
Градоначалникот Роберто Гвалтиери изјави дека со оваа мерка се очекува годишен приход од околу 6,5 милиони евра. Наплатата е дел од поширок план со кој од 1 февруари ќе се воведат влезници и за уште пет локации во градот, со цена од пет евра.
Фонтаната ди Треви ја посетуваат во просек околу 30.000 луѓе дневно, а градските власти ја оправдуваат мерката со пренатрупаноста и проблемите со џепчии. Само во периодот од 1 јануари до 8 декември, просторот пред фонтаната го посетиле околу девет милиони туристи.
Традицијата на фрлање парички во фонтаната продолжува.

