Забава
Хју Џекмен навестува враќање во улогата на Вулверин

Поминаа три години откако Хју Џекмен се повлече од улогата на Вулверин, но неговите неодамнешни објави на социјалните мрежи ги предизвикаа фановите да се прашуваат дали 52-годишниот актер ќе ѝ се врати на улогата.
Хју се огласи на „Инстаграм“ за да сподели парче уметничко дело од популарниот уметник Бос Лоџик, на кое беа претставени иконските адамантиум канџи на Вулверин.
Потоа, тој објави своја фотографија со шефот на „Марвел“, Кевин Фејџ.
Иако претходно тој изјави дека неговите денови како Вулверин завршиле со смртта на ликот во „Логан: Вулверин“ (2017), франшизата „Х-мен“ нема да замине набргу.
Фејџ потврди дека „Х-мен“ ќе биде претставен во филмскиот универзум „Марвел“, но сè уште не е познато дали Џекмен ќе ја репризира улогата што го направи суперѕвезда како свирепа машина за убивање, која поседува зачудувачка моќ на заздравување.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
(Фото) Ким Кардашијан ги покажа своите неверојатни облини во бикини на плажа во Лос Анџелес

Контроверзната Ким Кардашијан уште еднаш ги покажа своите неверојатни облини во бикини додека позираше во плиткото на плажа во Лос Анџелес.
kim kardashian pic.twitter.com/k7U7FbrEEx
— 𝒥 (@yslpradior) February 22, 2025
Серијата провокативни фотографии брзо станаа главна тема на социјалните мрежи, а малкумина можеа да останат имуни на познатата старлета.
Kim Kardashian People 😮💨🩶 pic.twitter.com/vSg9hLrchu
— leandre koffi (@leandek15) February 22, 2025
Ким за својата најнова фотосесија избра син долен дел од бикини, но горниот дел сепак заслужи малку повеќе внимание. Бела, проѕирна маичка која ја претвори во градник со длабоко деколте, а како може да биде поинаку кога се работи за Кардашијан.
Забава
(Фото) Се соблече и ги покажа најубавите нозе на светот

Ева Лонгорија после долго време објави серија секси фотографии и на најдобар можен начин ги изненади сите свои фанови.
Познатата актерка Ева Лонгорија важи за една од најжешките жени во Холивуд, а прекарот џебна Венера одлично и прилега.
Ева е позната по своите облини, но и вродената елеганција, а секоја нејзина објава на социјалните мрежи привлекува големо внимание.
Сега таа позираше во црн едноделен костим за капење и ги покажа своите извајани нозе.
„Подготвена за викенд“, напиша таа во натписот на објавата, додека луѓето во коментарите претпоставуваа дека оди на плажа во Мајами.
Во коментарите, фановите и порачаа дека изгледа божествено, како вистинска кралица, а на нејзиниот изглед не остана имуна ниту Парис Хилтон, која исто така им се придружи со комплименти.
Забава
(Видео) Трансродовата актерка Хантер Шафтер: Мојот пасош вели дека сум маж, не знам што да правам

Трансродовата актерка Хантер Шафер, позната по улогата во серијата Euphoria, објави видео на „Тик ток“ во кое се пожали дека нејзиниот нов пасош вели дека е маж.
Таа објасни дека документите за нов пасош ги пополнувала како и обично, идентификувајќи се како жена, но додаде дека никогаш не го сменила изводот на родени и дека постои можност одделот за издавање пасош да ја споредил нејзината апликација со изводот на родени.
Таа рече дека ова е резултат на одредбата што Доналд Трамп ја потпиша на првиот ден кога по втор пат стана претседател на САД. Одредбата вели дека американската влада признава само два пола. Актерката признала дека не очекувала дека тоа навистина ќе се случи, но додала дека не сакала да поттикнува страв или да влијае на луѓето, туку само да ја прикаже моменталната реалност.
„Исто така, сакам да кажам дека баш не ми е грижа што во пасошот ми напишаа дека сум маж. Тоа навистина не менува ништо, но малку го отежнува животот“, рече таа и додаде дека „трансродовите луѓе се прекрасни“.
„Никогаш нема да престанам да бидам трансродова. Буквите во мојот пасош не можат да го смени тоа. Навистина не знам што да правам во врска со ова, но чувствувам дека беше важно да го споделам“, рече таа во видеото кое почна да се споделува на социјалните мрежи.