Забава
Церемонијата на Оскарите чинела 44 милиони долари
Годинашата 92. церемонија на доделување на Оскарите во театарот „Долби“ во Лос Анџелес чинела вкупно 44 милиони долари, е објавено на финансиската веб-страница „WalletHub“.
Како што се додава, само за црвениот тепих биле потрошени 24,7 илјади долари. За поставувањето на црвениот тепих, со површина од 1,5 илјади квадратни метри, биле потребни 900 часови работа и бил ангажиран тим од 18 лица.
Дел од тепихот ќе биде рециклиран, а дел ќе биде дониран во хуманитарна организација. Во големата сала на театарот „Долби“ биле поставени околу шест километри електрични кабли и околу два километри драпериja за гала приемот по доделувањето на Оскарите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Британски водител: Зависноста од порнографија ми го уништи бракот и животот
Британскиот телевизиски и радио водител Орe Одуба (39) откри дека зависноста од порнографија, која почнала кога имал само девет години, го уништила неговиот брак и длабоко го погодила психички.
Во подкастот „Треба да разговараме“ тој призна дека три децении молчел поради срам и страв, а отворено проговорил дури по разводот и смртта на својот татко.
„Требаа 30 години, две смртни случаи и еден развод за конечно да кажам што се случува“, изјави Одуба.
Тој истакна дека решил да ја сподели својата приказна за да ја подигне свеста за раната изложеност на деца на сексуални содржини.
„Ова го правам за своите деца и за сите млади кои можат да западнат во нешто што не го барале,“ рече.
Одуба се прослави во 2016 година со победата во „Стрикли кам денсинг“, а претходно работеше на детската емисија „Њузраунд“ на „Би-би-си“.
Забава
Џорџ Клуни: Никогаш не сум се скарал со Амал
Џорџ Клуни откри дека никогаш не се скарале со неговата сопруга, адвокатката за човекови права Амал Клуни. Во интервју за „Си-би-ес њуз“ актерот рече дека тајната на нивниот хармоничен брак е во зрелоста и меѓусебната поддршка.
„Сите се сомневаат кога ќе кажам, но навистина никогаш не сме се скарале“, изјави Клуни, објаснувајќи дека со текот на годините престанал да се расправа за ситници. „Кога си млад, сакаш секогаш да бидеш во право. Денес, ако Амал сака да го обоиме ѕидот во црвено — едноставно не ми е важно,“ рече со насмевка.
Актерот додаде дека нивниот однос се темели на почит и разбирање, а не на натпревар. Клуни и Амал се запознале во 2013 година, се свршиле следната година и се венчале во Венеција во 2014 година. Денес се родители на близнаците Александар и Ела.
Забава
Кира Најтли призна: Славата по „Пиратите од Карибите“ беше толку тешка што доживеав нервен слом
Британската актерка Кира Најтли откри дека по улогата во филмската франшиза Пиратите од Карибите добила посттрауматско стресно нарушување (ПТСП). Огромната слава што ја стекнала на само 17 години, по првиот филм во 2003 година, ѝ предизвикала психички притисок и тешко се справувала со вниманието на јавноста.
На 22 години доживеала нервен слом, по што побарала стручна помош и направила едногодишна пауза од глумата. Денес, на 40 години, Најтли вели дека ужива во кариерата и во „многу помирно ниво на слава“.
Интересно, таа признала дека никогаш не го погледнала третиот дел од Пиратите од Карибите. Некои од своите други филмови, како „Всушност, љубов“ (Love Actually), ги гледала само еднаш – на премиерата пред повеќе од две децении.

