Забава
Шише виски продадено за рекордни 1.1 милион долари
Во Шкотска можете да купите замок од 16 век за нешто повеќе од еден милион долари.Но, вчера еден купувач плати сличен износ за 750-милилитарско шише со виски, кое го нарекуваат ,,Светиот грал” поради неговиот темен алкохолен дух. Тој плати нешто повеќе од 1,1 милион долари, што е рекордна цена.
60-годишниот Macallan Valerio Adami 1926 е ,,едно од најретките и најпосакувани шишиња кои некогаш биле произведени”, вели специјалист во аукциската куќа ,,Бонхамс” во Шкотска која ја продала. Во цената е вклучена понудата од 700 000 фунти, или околу 900 000 долари, плус продажната премија вредна 148 000 фунти.
Идентитетот на приватниот купувач не се открива. Но, портпаролот на Бонхамс во средата изјави дека лицето било од Азија и ја направило понудата по телефон.
Шишето беше ставено на продажба во Единбург, покриено со тартан и спакувано во специјално дизајнирана кутија. Ова шише е вредно бидејќи е многу ретко. Само 24 шишиња се произведени со виски – 12 со етикети од страна на Адами и 12 со етикети од друг поп-артист, Англичанецот Питер Блејк – и никој не знае точно уште колку останале. Едно од шишињата со препознатлив црно-бел дизајн се шпекулира дека било уништено во земјотресот во Јапонија во 2011 година. Се смета дека уште најмалку едно или две биле отворени и испиени.
Многумина се прашуваат како е вкусот на виски од шише вредно 1 милион долари?
,,Кога го пробав, вискито беше прилично интензивно и суво, имаше вкус на суво овошје”, вели дегустаторот Дејвид Робертсон. ,,Но, морав да пробам многу виски во текот на годините и според моето скромно мислење, имаше голем број што беа подобри од овој.”
Според него, за некои луѓе, отворањето шише виски од 1,1 милион долари е доста голема одлука.
Ова е втора продажба годинава на шише виски за рекорден износ. Во мај, едно шише од изданието на Macallan Valerio Adami 1926 достигна околу 1,1 милион долари во Хонг Конг.
Златно и сребрено шише со капаче со дијаманти вредно 1,3 милиони долари беше украдено од бар во Копенхаген во јануари. По повеќе денови пребарување полицијата го пронајде оштетено и празно.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Ева Мендес за семејството и животот во 50-тите: Вака не го замислував мојот пат
Иaкo никогаш не го замислувала својот живот на 50 години, Ева Мендес живее во свој ритам – и не може да биде посреќна. „Не подлегнувам на притисокот на општеството. Што сакам да правам, правам“, вели актерката, која ги има ќерките Есмералда Амада (9) и Амада Ли (8) со Рајан Гослинг.
“Сигурно не мислев дека ќе имам деца и ќе бидам дома. Затоа, многу сум среќна што одреден маж влезе во мојот живот и ме натера да се предомислам за сите тие работи”, рекла таа. Пред 10 години таа ја напушти актерската кариера за да се фокусира на своите деца.
Таа вели дека тоа била „најлесната одлука“ што ја донела. „Кога забременив на 40-годишна возраст, беше страшно за другите. И кога повторно забременив на 42-годишна возраст, луѓето ми велеа: „О Боже мој, ќе бидеш толку уморна“, откри таа.
„Тоа е најглупавата работа што сум ја слушнала. Патем, потребно е само малку повеќе трпение. Мислам дека не бев подготвена за тоа во моите 20-ти, пиев и пушев. Дефинитивно не можев да подигнам деца во кое било друго време од мојот живот освен сега“, додава таа.
Една од најубавите жени на светот истакна дека е „среќна што се отишло во тој правец“.
Инаку, Мендес нема снимено ништо откако стана мајка. Нејзината последна улога беше во 2014 година. Покрај нејзината актерска кариера, таа е портпарол на голема козметичка компанија, модел и креативен директор на брендот за шминка „CIRCA Beauty“.
Забава
Емили Ратајковски го привлече вниманието со фустан кој повеќе открива отколку што крие
Емили Ратајковски присуствуваше на настанот The King’s Trust Global Gala што се одржа во Casa Cipriani во Њујорк, каде што ги привлече погледите со храбар фустан.
Познатата убавица носеше свилен крем фустан со длабоко деколте, кој допираше речиси до нејзиниот папок, а кој ја истакна нејзината витка линија. Фустанот имал и гол грб и бил врзан околу вратот.
The King’s Trust Global Gala е основана од британскиот крал Чарлс III. со цел да им се помогне на младите, а свечениот настан собра многу познати фаци, како моделот Ирина Шајк, актерката Кејт Бекинсејл, славната двојка Криси Тајген и Џон Леџенд, поранешната манекенка Кејт Мос и плус сајз моделот Ешли Греам.
Забава
Мишел Фајфер се појави на црвениот тепих, обожавателите се восхитени од нејзината убавина
Актерката Мишел Фајфер не се појавува често во јавноста, но сега позираше со сопругот Дејвид Е.Кели на црвениот тепих на Американскиот филмски институт во Лос Анџелес. Обожавателите се восхитуваат на нејзиниот изглед во 67-та година и пишуваат дека изгледа како да не старее.
Иконската жена-мачка често зборува за тоа како го прифатила стареењето и се фотографира без шминка. Иако изгледа како да го должи својот фантастичен изглед на посебни скриени трикови, таа тврди дека работата е многу едноставна.
Таа претходно за Daily Mail откри дека доволно спие, вежба и се храни здраво.