Забава
Ѕвездата на „Бекстрит бојс“ обвинет дека силувал малолетна девојка со аутизам

Пејачот Ник Картер од познатата група „Бекстрит бојс“ е обвинет дека во 2001 година силувал малолетна девојка со аутизам и церебрална парализа.
Расплаканата Шенон Шеј Рут на Фејсбук блог во живо изјави дека кога имала само 17 години ѕвездата од „Бекстрит бојс“ сексуално ја нападнала.
„Последните 21 година беа исполнети со болка, збунетост, фрустрација, срам и самоповредување, што е директен резултат на силувањето на Ник Картер“, тврди сега 39-годишната девојка.
„Иако сум аутистична и живеам со церебрална парализа, верувам дека ништо повеќе не влијаеше на мене или имаше потрајно влијание врз мојот живот од она што го направи и ми рече Ник Картер“, вели таа во својата исповед.
Рут изјави и какви страшни навреди ѝ упатил познатиот пејач.
„Откако ме силуваше, се сеќавам дека ме нарече „рет*рдирана кучка“ и ме фати и ми остави модринки на раката“, истакна таа и додаде:
„Картер се обиде да ме исплаши, да ме замолчи… тој беше гаден и се закануваше“, расплака Шенон.
Рут на прес-конференцијата истакна дека се двоумела дали да проговори бидејќи верувала дека може да „оди во затвор“ ако некому каже што наводно се случило.
Таа во тужбата навела дека била поканета во автобусот на пејачот по концертот на кој присуствувала во Такома, Вашингтон, откако застанала во ред за автограм, пишува „Телеграф“.
Инаку, ова не е првпат Картер да биде обвинет за сексуална злоупотреба. Во 2017 годин, поранешната членка на Дрим, Мелиса Шуман тврдеше дека тој сексуално ја нападнал кога таа имала 18, а тој 22 години.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Направете маска за побрз раст на косата од 3 состојки: нема да зажалите

Овој рецепт е за маска со вода од рузмарин која првенствено има за цел да ја обнови оштетената коса и да ја зајакне од самиот корен. На долг рок, ова значи дека вашата фризура ќе изгледа понегувана, вашата коса ќе биде помека и посвиленкаста, а ќе забележите и побрз раст на косата.
Секако, многу е важно правилно да се грижите за вашата коса, да користите што е можно помалку топли „пегли“ и фен и да пронајдете линија за нега што најмногу ви одговара, но и редовно да се шишате за да ја одржите вашата коса здрава и да ѝ дозволите побрзо да расте.
Состојки:
- една лажица сушен рузмарин или 2 гранчиња свеж
- една лажица густин
- една лажица масло по ваш избор (бадемово, оревово, рицинусово – ова би било најдобро, арганово или слично)
Подготовка:
1. Истурете 2 чаши вода во тенџере и додадете 1 лажица сушен рузмарин или 2 гранчиња свеж. Оставете да се вари на тивок оган 5 минути.
2. Процедете и вратете во тенџерето, додадете 1 лажица густин и мешајте додека не се згусне.
3. Збогатете ја маската со 1 лажица масло по ваш избор. Нанесете на врвовите и по целата должина и оставете да се впие еден час, а потоа измијте ја косата нормално.
Важни забелешки:
Веднаш ќе видите дека вашата коса е помека и посвиленкаста, а вистинските резултати ќе ги видите по еден месец употреба. Ваквите маски, како и сите други, не треба да се користат повеќе од двапати неделно.
Иако рицинусовото масло е еден од најдобрите избори за оваа регенеративна маска, русокосите треба да бидат особено внимателни бидејќи може да реагира со бојата, па затоа се препорачува прво да го пробате на дел од косата (по можност на долниот дел) и дури потоа да го нанесете на целата глава.
Ако рицинусовото масло потемни или ја промени бојата на вашата коса, користете арганово или бадемово масло. Не користете есенцијални масла, бидејќи тие не се наменети за употреба на овој начин и можат да предизвикаат сериозна иритација на скалпот.
фото: принтскрин
Забава
Викторија Бекам откри без што никогаш не оди во кревет

Викторија Бекам откри голем број претходно непознати работи за својот приватен живот во својот нов документарец, вклучувајќи го и фактот дека секоја вечер си легнува со – чепови за уши!
Бидејќи води живот на кој многумина би му завидувале, бидејќи е позната поп-ѕвезда, моден дизајнер и сопруга на еден од најпознатите фудбалери и најпосакувани мажи, Дејвид Бекам, детаљот што го откри од спалната соба изненади многумина.
За да обезбеди мирен сон, чеповите за уши се неопходен дел од нејзината ноќна рутина, а сè поради Дејвид.
„Носам чепови за уши. Дозволете ми да ви кажам, не е забавно. Зошто мислите дека го правам тоа? Не за да изгледам добро во кревет… Можеби Дејвид не изгледа така, но најновата вест е дека дури и мојот сопруг ‘рчи! Морам да имам чепови за уши“, се пошегува Викторија за својата исповед за The Sun.
Иако би било полесно да се реши сè со спиење во одделни соби, бидејќи, се разбира, имаат неколку од нив во луксузната вила, Викторија е против идејата да спие во различни кревети.
„Не е здраво, не сакате да го правите тоа. Затоа мора да користите чепови за уши. Или да го прифатите рчењето, а јас не можам да го направам тоа, па едноставно го блокирам бучавата!“, објасни таа.
фото: принтскрин
Забава
(Фото) Таа ја носи најубавата комбинација оваа сезона: совршена инспирација за постудените денови

Моделот Роузи Хантингтон-Вајтли е голем обожавател на модната сцена, а за еден дождлив, есенски ден во Париз, таа го одбра совршениот аутфит кој одговара на актуелните модни трендови и сигурно е еден од најубавите што ќе ги видиме оваа есен.
Штом температурата ќе падне, слоевитото облекување е пожелно, па затоа изборот на чевли и јакни, или палта, станува најважно нешто. Модната лекција ни ја одржа прекрасната Роузи, која остави силен впечаток во впечатлив аутфит кој можете сами да го копирате.
Ефективните, длабоки кожни чизми се „must have“ парче оваа сезона, како што ни докажа, а со нив носеше и палто со висока јака (детаљ кој е и еден од водечките трендови). Чизмите се во бордо боја, што ги прави да остават уште посилен впечаток, а оваа комбинација е истовремено модерна и безвременски елегантна.
Не е потребен многу труд за ваков стил, само внимателно одбрани парчиња и, овој пат, минималистичка палета на бои.
Со две вакви парчиња – палто и чизми – не е важно што носите под нив, бидејќи ова е добитна комбинација во секоја смисла, а воедно и една од најелегантните комбинации во сезоната.
Нека формулата на Роузи Хантингтон-Вајтли биде совршена инспирација за есенско-зимска елеганција и поттик да инвестирате во овие две парчиња кои апсолутно ќе го освежат вашиот гардеробер во постудените месеци.
И таа сигурно знае како да носи што и да облече…