Забава
Ќерката на Анџелина Џоли и Бред Пит официјално се откажа од презимето на татко ѝ
Ќерката на Анџелина Џоли и Бред Пит, 18-годишната Шајло, официјално се откажа од презимето на својот татко, пишува ТМЗ. Отсега па натаму нејзиното име е само Шајло Џоли.
Во мај Шајло поднела барање легално да се откаже од презимето на својот славен татко откога тоа неофицијално го сториле и нејзините сестри Захара и Вивиен. Но, поради грешка во судот, постапката траеше подолго, па рочиштето беше одложено во јули. Вчера, се одржа ново рочиште и Шајло официјално го смени презимето во Џоли.
Шајло неодамна објави во „Њујорк тајмс“ дека се откажува од презимето на својот татко. Според законот во Калифорнија, лицето што го менува своето име мора да го објави барањето во локален дневен весник. Во исто време, тоa е првото дете на Бред Пит и Анџелина Џоли што се откажа од врската со својот татко на суд.
Пит со години нема никаков контакт со синовите Медокс и Пакс. Наводно, Џоли поднела барање за развод токму поради конфликтот на актерот со Медокс во приватен авион, кој потоа сакал да ја брани својата мајка.
Според медиумите, Анџелина Џоли поведе постапка за развод од Бред Пит во 2016 година. Анџелина ги наведе непомирливите разлики како причина за барање развод и веднаш побара целосно старателство над децата. Тогаш нејзиниот адвокат Роберт Офер во изјава рече дека „одлуката на актерката е донесена за здравјето на семејството“. Бред изјави дека разводот го растажил, но сакал да ја заштити приватноста на своите деца.
Разводот на крајот беше финализиран во 2019 година бидејќи дополнителните детали полека излегуваа. Излегува дека парот цело време бил во интензивна битка за старателство. Бред барал заедничко старателство над децата наспроти инсистирањето на Анџелина на единствено старателство, со тоа што тој имал само права за посета.
Се вели дека двојката постигнала спогодба во 2018 година кога адвокатката на Анџелина, Саманта Бли де Жан, за „Ројтерс“ изјавила дека „договорот за старателство бил постигнат пред неколку недели и потпишан од двете страни и од судијата“. Сепак, правната битка продолжи до ден-денес со разни пресврти.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) „Ај кју“ со Pay the Price го продолжуваат музичкиот континуитет
Дуото составено од Бојан и Марија го продолжуваат својот музички пат со песни испеани на англиски јазик, а најнова во низата е песната „Pay the Price“. Музиката и аранжманот е целосно дело на Бојан, а текстот го напишаа заедно со Марија и уште една нивна редовна соработничка од Лондон.
Песната опишува едно типично секојдневие на партнери кои живеат заедно и низ шармантен и духовит начин ги доловува ситуациите кои се предизвици на партнерите.
Песната е снимена во Лондон во студиото во кое творат последните неколку години и на оваа песна ја продолжија соработката со ко-продуцентите од Шведска и Италија.
Забава
(Видео) Враќање во иднината со Јован Јованов и Елвир Мекиќ
Јован Јованов и Елвир Мекиќ повторно ги споија своите гласови и енергија, 16 години откако ја испеаја „Слаба точка“.
Музички позрели од претходно, а сепак со истата страст, тие ја снимија песната „Адреналин“, која ќе биде вистински хит, а ќе почнете да си ја пеете и да играте во нејзин ритам уште на првото слушање.
Премиерата на песната е закажана за 01.11.2025 (сабота) во 15:00 часот.
Забава
Заборавете на црното: овој капут е хит за зимата и тешко е да се победи
Оваа сезона ќе се оддалечиме од вечниот класик – црниот капут, кој е неопходен дел од зимскиот гардеробер, и ќе носиме таков што е малку потежок за одржување, но ја воздигнува секоја комбинација во студените денови.
Постигнувањето елегантен зимски изглед често се сведува на едно клучно парче облека – совршениот капут. Бидејќи ја дефинира целата силуета, добриот капут ви овозможува да носите речиси сè под него, а сепак да изгледате беспрекорно. Токму затоа модните експерти посветуваат посебно внимание на изборот на идеалниот модел секоја сезона.
Оваа зима еден стил и една боја особено се издвојуваат и привлекуваат внимание со својата ненаметлива софистицираност, а тоа е кремастиот капут.

Фактот дека капутите во оваа боја се вистински хит го потврдија многу познати личности, вклучувајќи ги Селена Гомез, Ема Вотсон и други, кои избраа вакви капути за разни пригоди во изминатите неколку недели, а истиот тренд го прифатија и многубројни инфлуенсери.
Одлична алтернатива на белата
За разлика од чисто белата, кремастите нијанси нудат помек и потопол изглед и создаваат посуптилен контраст на потемните бои внесувајќи доза елеганција, што е тешко да се победи.

Секако, клучниот предизвик со овој тренд е одржувањето. Бидејќи кремастите палта се чувствителни на нечистотија, се препорачува да се чуваат за суви денови и за посебни пригоди, а за дождливи и ветровити денови потемните модели се сепак попрактичен избор.
Свежо, елегантно и несомнено софистицирано, кремастото палто е парче што веднаш го воздигнува секој зимски гардеробер. Од популарни брендови до дизајнерски класици – понудата е побогата од кога било досега оваа сезона.
фото: принтскрин

