Забава
Ќерката на претседателот на Камерун објави дека сака девојка: предизвика бурни реакции

Ќерката на претседателот на Камерун, Пол Бија, Бренда Бија, на „Инстаграм“ објави фотографија на која се бакнува со бразилски модел и на тој начин предизвика бура од реакции бидејќи хомосексуалноста во таа земја е нелегална.
26-годишната Бренда, инаку музичарка, позната како Кинг Насти, објави фотографија на која се бакнува со бразилската манекенка Лајонса Валенза, а во публикацијата испрати јасна порака.
„Јас сум луда по тебе и сакам тоа да го знае целиот свет“, напиша таа, а подоцна сподели статија објавена во францускиот магазин „Монд“, во која вели дека „излегла од плакарот“. Покрај тоа, таа сподели и пораки со поддршка од следбениците.
View this post on Instagram
Откако ја објавила фотографијата, голем број Камерунци се јавиле со коментари, а таа се нафрлила на нив следниот ден објавувајќи фотографија од Женева, Швајцарија, со натпис: „Што по ѓаволите не е во ред со вашите ставови?
Хомосексуалноста е нелегална во Камерун, а луѓето во истополови врски се соочуваат со затворска казна до пет години. Меѓутоа, бидејќи ќерката на претседателот не живее во Камерун, не ѝ се заканува казна.
Инаку, законите на оваа земја предизвикаа жестоки критики од групите за човекови права.
Пред две години „Хјуман рајтс воч“ повика на „итни чекори да се укине овој дискриминаторски закон и да се обезбеди почитување на човековите права на сите Камерунци, без оглед на нивната сексуална ориентација, родов идентитет или сексуални карактеристики“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Дејвид Бекам му испрати порака на синот Бруклин кој не дојде на неговата роденденска забава

Поранешниот фудбалер Дејвид Бекам се огласи по раскошната прослава за неговиот 50-ти роденден. Единствениот член на семејството кој не присуствуваше на забавата беше неговиот најстар син Бруклин, на кого Дејвид сега му испрати порака.
Тој објави фотографија од Шкотска, каде што ловел риба со своите синови Ромео и Круз. Тој го тагна и профилот на Бруклин и напиша: „Ни недостигаше“.
Иако не го спомена својот роденден, многумина веруваат дека мислел на фактот дека Бруклин не бил на забавата.
Поранешниот фудбалер организираше голема забава за својот роденден во лондонскиот ресторан „Кор“. Сопругата на Дејвид, Викторија, исто така беше на забавата со нивните синови Ромео и Круз и ќерката Харпер, но нивниот најстар син Бруклин наводно не бил таму, како ни неговата сопруга Никол Пелц.
Пред какви било шпекулации за заладени односи, Бруклин беше познат како горд постар брат.
Забава
(Фото) Никол Кидман изненади со нова фризура на Мет Гала

Никол Кидман (57) привлече големо внимание на црвениот тепих на Мет Гала 2025 година, каде што за прв пат покажа новата „пикси“ фризура.
Иако оваа кратка фризура доста го промени нејзиниот изглед, веројатно е привремена промена бидејќи добитничката на Оскар е позната по тоа што носи перики во речиси секој проект.
Заедно со фризурата, Никол носеше црн, по мерка изработен фустан без прерамки од Balenciaga Couture во чест на познатата пејачка и актерка Ерта Кит. Луксузниот фустан е инспириран од модел од колекцијата на Balenciaga од 1952 година и за негова изработка биле потребни 700 часа.
Забава
Маж со автомобил пробил низ оградата на куќата на Џенифер Анистон, актерката била внатре

Еден маж е уапсен откако во понеделник со возилото ја пробил оградата на луксузниот имот на Џенифер Анистон (56) вреден 21 милион долари во Бел-Ер. Актерката била дома во времето на инцидентот.
Осомничениот, маж за кој се верува дека има околу седумдесет години, влетал во имотот со автомобил веднаш по пладне.
Според извештајот на ТМЗ, обезбедувањето на Анистон веднаш реагирало, го извлекло мажот од возилото и го држело под закана со пиштол додека не пристигнала полицијата во Лос Анџелес.
Портпаролот на полицијата во Лос Анџелес, Џеф Ли, изјави дека полицајците реагирале околу 12:20 часот по локално време по пријавите за лице „кое провалило низ влезната врата од куќата со автомобил“.
Полицијата потврди дека Анистон немала контакт со осомничениот и дека не е повредена.