Забава
Џемпер на Курт Кобејн продаден 300.000 евра
Целиот со дамки и дупки од цигари, неиспран речиси три децении, џемпер на Курт Кобејн e продаден на аукција во Њујорк за 300.000 евра. Лидерот на култната група „Нирвана“, Курт Кобејн, го носел кашмирскиот џемпер на копчиња, за време на настапот на „Анплагд“ МТВ концертот во 1993 година. Од кога го носел последен пат, џемперот не бил перен.
Како што е наведено, ова парче облека од кога е продадено на њујоршката аукција го држи првото место на листата со најскапи џемпери што некогаш се продадени на овој начин.
На аукцијата, по речиси истата цена, продадена е и специјално изработената гитара „фендер мустанг“ на Кобејн, на која свирел за време на турнеја на „Нирвана“. Оваа гитара неколку години се наоѓала во куќата на славниот рокенрол-музичар.
Курт Кобејн постигна голем успех по основањето на „Нирвана“ во 1987 година, но цело време се бореше со товарот од славата, депресијата и зависноста од наркотици. Изврши самоубиство во април 1994 година на 27-годишна возраст.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Објавен е нов портрет на кралот Чарлс, луѓето коментираат дека ова е најдобриот досега
Нов фотографски портрет на кралот Чарлс во воена униформа беше објавен во саботата по повод Денот на британските вооружени сили. На фотографијата е прикажан кралот облечен во свечено палто со медали, меч и одликувања.
„Конечно добар портрет“, „Најдобар портрет досега“, пишуваат обожавателите на кралското семејство.
Кралот, кој е врховен командант на вооружените сили, се врати на своите должности на почетокот на минатиот месец, откако во февруари му беше дијагностициран рак.
Објавувањето на фотографијата се совпадна со видео пораката на кралицата Камила до припадниците на вооружените сили. Таа ги нарече „извор на инспирација, сигурност и гордост“.
Забава
Ѓорѓе Давид, Ивана Петерс и Бресквица направија незаборавен концерт за роденденот на Кисела Вода
По повод прославата на двата родендена, 69-тиот на Општина Кисела Вода и 30-тиот на култниот бенд Суперхикс, вечер од 19 часот во паркот во Расадник ќе се одржи забава со бројни гости на бендот како Дани Димитровска, Фолтин, Гоце Саф, Ја, Дека и Зека од Војводина, Битолски камерен оркестар, 21 век и многу други.
Синоќа, како што соопштија од Општината, на истата локација Ѓорѓе Давид, Ивана Петерс и Бресквица одржаа незаборавен концерт во рамки на Културното лето 2024 на Општина Кисела Вода. На третата фестивалска вечер на Културното Лето 2024, публиката уживаше во жанровски различни музички вкусови и со што се покажа дека и понатаму концертите и добрата забава остануваат да бидат заштитен знак на на Општина Кисела Вода.
Настанот започна со македонските изведувачи- Андријана Петрушевска, Омер Џаферовски, Славица Ангелова и Александар Јосифовски. Џорџе Давид и Ивана Петерс донесоа одличен рок звук и хитови кои публиката ги дочека со огромни аплаузи. На сцената имаше и одлични дуети со македонските изведувачи. По нив следеше популарната Бресквица, која во моментот е една од најбараните пејачки, посебно кај помладата генерација.
На настанот публиката ја поздравил градоначалникот на Општина Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски кој им се заблагодарил и на присутните и на изведувачите за одличната забава во очи денешниот роденден на Општина Кисела Вода и потенцирал дека со ваква сплотеност и убава енергија се испишува новата историја на Кисела Вода.
„Среќа е кога сите сме на едно место и заеднички ја споделуваме. А вечерва, заедно со сите, како еден од вас покажавме колку сме горди на најубавата наша Кисела Вода. Ви благодарам на секој еден од вас – за сите стиснати раце, заедничките слики и прегратки за поддршка! Огромно благодарам на најзаслужните за оваа радост вечерва – Ѓорѓе Давид, Бресквица, нашата Андријана Петрушовска, неповторливата Ивана Петерс и сите ѕвезди кои вечерва ни го приредија ова. Знаете, испишуваме историја – Храброто срце на Скопје, Кисела Вода повторно живее! Продолжуваме утре, Суперхикс подготвуваат вистинско изненадување за сите вас! Се гледаме на најдобрата журка во Скопје, истакна градоначалникот Ѓорѓиевски по што следеше голем огномет“, стои во соопштението.
Забава
Дневен хороскоп: Биковите ќе покажат емоции, а јарците ги чекаат добри вести
Овен
Во текот на денешниот ден започнете повеќе деловни врски за да можете да ги завршите сите работи поврзани со работата. Љубовната ситуација е премногу напорна бидејќи очекувате премногу од партнерот. Здравјето е стабилно.
Бик
Месечината го активира вашето поле на комуникација и во текот на денот ќе бидете посветени на се што е поврзано со односите со пријателите. Личност под знакот Овен веќе неколку дена ви испраќа убави зборови и пофалби. Можно е да покажат некои емоции.
Близнаци
Самиот почеток на денот ќе биде под влијание на проблеми во куќата. Обидете се да ги решите работите што е можно поскоро бидејќи проблемот може да се зголеми во наредните денови. Проблем со грбот.
Рак
До крајот на денот поволни вести од личност под знакот Овен. Тоа е нешто за работата со кое не сте се занимавале досега. Обидете се да се посветите на се што сте планирале порано. Здравјето е одлично.
Лав
Венера во Лав ви дава чувство на стабилност и сигурност. Во следните неколку дена ќе бидете под силно влијание на личност под знакот на Водолија која ви дава чувство на стабилност. Деловната ситуација е многу комплицирана.
Девица
Тврдоглави сте кога се во прашање врските на работа. Љубовната ситуација е многу комплицирана поради вашата потреба да се посветите на се до крај. Тоа може да биде многу негативно искуство бидејќи другите можат да се вклучат.
Вага
Во следните неколку дена ќе бидете под силно влијание на личност под знакот Јарец. Ова е личност која ве инспирира во бизнисот, но може да биде и голема пречка. Добро размислете што зборувате и кои се вашите планови.
Шкорпија
Самиот почеток на денот е многу незгоден, бидејќи ќе бидете многу емотивно вознемирени. Тоа најмногу се однесува на вашите проблеми во љубовта кои веќе некое време не сте во можност да ги решите. Пазете се од настинки.
Стрелец
До крајот на овој ден ќе имате можност да изберете дали повеќе ќе се посветите на работата или на кариерата. Доколку сте посветени на кариерата, треба да направите многу добар план во следните неколку дена.
Јарец
До крајот на денот поволни вести од личност Овен која е многу влијателна во бизнисот. Од таа личност можете да добиете многу позитивни работи во однос на деловните активности.
Водолија
Ова е совршен ден да се посветите на семејните односи, особено кога се во прашање парите. Во следните неколку дена ќе доцните со вашите реакции во однос на партнерот и неговата нерасположение. Не е се до него.
Риби
Во следните неколку дена ќе бидете силно импресионирани од деловните активности кои веќе сте ги започнале. До крајот на неделата очекувајте многу нови работи поврзани со работната и деловната соработка со странство.