Забава
Џиџи Хадид проговори за љубовта со Бредли Купер: Многу сум среќна
Врската помеѓу Џиџи Хадид (29) и Бредли Купер (50) првпат беше откриена пред нешто повеќе од една година, а сега манекенката за прв пат проговори за односот со познатиот актер кој е 21 година постар од неа.
„Имам голема почит кон него како уметник и креативна личност“, изјави Џиџи во интервју за магазинот „Вог“ и додаде: „Се чувствувам како да ми дава многу – тој секогаш ме охрабрува и верува во мене. Кога ве поддржуваат луѓето што ги почитувате и им се восхитувате, тоа ви дава дополнителна самодоверба. Потоа размислувате: Па што ако пробам нешто ново?” Не е важно дали не функционира, само треба да се обидете да го направите првиот чекор“.
Но, кога зборува за нејзината врска со Бредли, за кого вели дека го запознала на роденденската забава на заеднички пријател од детството, таа вели дека не станува збор за некој голем ризик или одлука, туку за чувство како да го нашла својот дом.
„Мислам дека е навистина важно да се дојде до момент во животот каде што знаете што сакате и што заслужувате во врската“, објаснила Џиџи. „И тогаш кога ќе најдете некој кој исто така дошол до тој момент, кога и тој знае што сака и што бара, тогаш и двајцата работите на себе, но заедно градите нешто убаво, нешто здраво“, додаде таа.

Џиџи вели дека нејзината врска со Бредли е „многу романтична“, но сепак нема премногу да зборува во јавноста. „Тоа едноставно не е дел од нашата врска. Не споделуваме се со другите и така ни е удобно“, заклучи таа.
Откако израсна во центарот на вниманието и секогаш под будното око на јавноста, Џиџи научи да не се нервира од гласини и озборувања. „Треба да научите да ги пуштате работите. Не можете секогаш да поправите сè“, изјавила манекенката.
Во текот на изминатата година, таа и Бредли, според неа, биле многу внимателни да ја држат својата врска подалеку од очите на јавноста. Тие претпочитаат тивки излегувања наместо интервјуа или големи појавувања на црвениот тепих. Една од работите што често ја прават заедно сега е да одат во театар, а Џиџи призна дека Бредли ја поттикнал да го направи тоа повторно. „Бредли ме поттикна повторно да почнам да одам во театар, за што навистина ми е драго. Убаво е да ја вратам таа навика во мојот живот“.
Таа исто така откри дека поради нивните јавни работи, двајцата имаат потешкотии да најдат приватност и нормален простор за врска. „Сакате да си дадете нормално искуство во врската, како што имаат сите други. Но, дури и на моите пријатели кои не се познати може да им биде тешко. Каде да излезете? Со кого да разговарате? Како воопшто запознавате некого?”
Таа рече дека јавните личности имаат дополнителна загриженост за приватноста и безбедноста. „Сакате да им верувате на луѓето дека нема да ве издадат, дека нема да се јавуваат во медиумите или да споделуваат приватни информации на социјалните мрежи. Но, никогаш не можете да бидете сигурни“.
И покрај сето ова, Џиџи потврди дека е многу среќна. „Се чувствувам навистина среќна“, заклучи таа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Три знака кои секогаш ги кршат срцата на оние што се заљубуваат во нив: Харизматични и згодни, но…
Некои луѓе влегуваат во врски со најдобри намери и искреност, но честопати завршуваат со скршени срца.
Не станува збор за намерна суровост, туку за несовпаѓање на очекувањата, непредвидливо однесување или едноставно природа што е тешко да се скроти. Астрологијата покажува дека одредени хороскопски знаци, иако харизматични и привлечни, несвесно предизвикуваат болка кај оние што се заљубуваат во нив. Ова се трите знака кои, дури и кога не сакаат, честопати оставаат емоционални лузни.
Близнаци
Близнаците зрачат со шарм и духовитост, што ги прави исклучително привлечни. Сепак, нивната потреба за слобода и промени е често неподнослива за оние кои бараат стабилност. Во еден момент тие се целосно присутни, а во следниот се дистанцирани. Нивната немирност може да го скрши срцето на секој што се обидува да ги задржи.
Шкорпија
Шкорпиите сакаат интензивно и длабоко, но нивните емоции можат да бидат меч со две острици. Тие имаат високи очекувања, тешко простуваат и брзо ја затвораат вратата ако почувствуваат предавство. Кога ќе се повлечат, тоа го прават нагло и без објаснување, оставајќи ги зад себе луѓето кои не разбираат што се случило.
Стрелец
Стрелците пленат со својата искреност, ентузијазам и позитивна енергија. Но, нивната постојана потрага по слобода и искуства честопати ги води подалеку, додека други штотуку почнале да прават планови. Тие не се злобни, но се недостижни, а ова може да биде најголемата болка за оние што ги сакаат.
Забава
(Видео) Амал Клуни покажа две модни изданија кои ја натераа Италија да ја обожава
Холивудскиот пар Амал и Џорџ Клуни се појавуваат заедно на секој голем настан, па затоа не сакаа да ја пропуштат церемонијата на отворање на Зимските олимписки игри во Милано и Кортина.
Италија е „центар на светот“ во изминатите неколку дена и ќе остане така до 22 февруари, а големи „виновници“ за ова се познатите ѕвезди кои привлекуваат внимание со својот изглед и модни изданија.
Бидејќи Амал со години важи за една од најстилските жени, логично е да се очекува дека таа и Џорџ ќе бидат следени на секој чекор. Моментално, две нејзини изданија ги воодушевуваат сите, првото при пристигнувањето, а второто за време на гала вечерата организирана во чест на Зимските олимписки игри.
За нејзиното пристигнување во Милано, Амал избра краток црн фустан во комбинација со чизми со животински принт, кои беа ѕвезда на овој аутфит. Станува збор за модел на Версаче кој совршено ги истакна нејзините долги и витки нозе.
Сепак, Амал брзо успеа да ја засени претходната комбинација, појавувајќи се на галата во елегантен фустан со смел деколте, украсен со детали од тил, а сето тоа го комбинираше со црни чевли.
Спектакуларни обетки и чанта заокружија сè, а Клуни блескаше покрај неа во класичен црн костум.
Забава
(Фото) Без филтри, шминка и апликации за разубавување – Адријана Лима го покажа своето вистинско лице
Адријана Лима се смета за една од најубавите жени во светот. Нејзината убавина и заводлив поглед ги освоија луѓето ширум светот, особено познатите дизајнери и модни куќи за кои таа е вечна инспирација и муза.
Често ја гледаме во гламурозни стајлинзи кои привлекуваат воздишки и погледи, но многу ретко во лежерни комбинации. Сепак, сега таа одлучи да нè изненади сите и да ни покаже сосема природен изглед.
Адријана Лима неодамна беше фотографирана на аеродромот во Буенос Аирес, а ги пречека фотографите на странските медиуми со широка насмевка. Познатата Бразилка носеше лежерна комбинација за оваа пригода – широки фармерки и најобична бела маица, кои ја истакнуваа нејзината фигура слична на модел.
Додаде црни очила за да го скрие погледот од љубопитните фотографи, но оваа намера не успеа. Косата ја стилизираше на наједноставен начин – се одлучи за ниска пунџа која го откриваше нејзиното лице.
New : Adriana Lima at the airport in Buenos Aires pic.twitter.com/HysmUyZs9U
— Victoria’s Secret Actu (@vsactu) February 7, 2026
Со овој изглед, Лима докажа дека не ѝ треба скапа шминка или апликации за убавина за да изгледа беспрекорно.
Затоа, меѓу другото, таа е најбараниот ангел на „Викторијас Сикрет“!

