Забава
Џони Деп ќе поднесе жалба за случајот со таблоидот, кој го нарече тепач на жена

Холивудската sвезда Џони Деп денес ќе побара дозвола да го обжали поразот во битката за клевета со британски таблоид, кој го нарече тепач на жена.
Ендру Никол, судија на Кралскиот суд на правдата во Лондон, во ноември минатата година донесе одлука дека Деп физички ја напаѓал својата поранешна сопруга Амбер Херд за време на нивната бурна петгодишна врска и ја довел до ситуација да стравува за животот.
Во пресуда, со која сериозно може да се наруши угледот и кариерата на Деп, судијата рече дека ги прифаќа тврдењата на поранешната сопруга на актерот дека тој бил насилник. Според него, „подносителот на барањето не успеа да ја докаже постапката за клевета“.
Одлуката следува по три недели рочишта, при што судот слушна сензационални тврдења од Деп (57) и Херд (34) за насилни испади за кои се обвинуваа меѓусебно.
На крајот на процесот, кога нивиот клиент ја загуби битката, адвокатите на Деп изјавија дека пресудата е толку погрешна што ќе биде смешно да не се обжали.
Деп ги тужеше News Group Newspapers, издавач на весникот „Сан“, и главниот уредник Дан Вутон во врска со напис од 2018 година, во кој се вели дека бил насилен кон Херд.
В четврток правниот тим на Деп ќе аплицира за дозвола за жалба и за потпирање на дополнителни докази. Рочиштето, кое се очекува да трае околу два часа, ќе биде пренесувано во живо на каналот на Апелацискиот суд на „Јутјуб“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
(Фото) „Убиствен“ фустан на нејзиното голо тело – спектакл

Дуа Липа денеска полни 30 години, а својот роденден го слави, поминувајќи речиси секоја вечер на Ибица, каде што ужива со својот вереник, актерот Калум Тарнер.
За уште една посебна вечер и луда забава, таа носеше сребрен фустан кој ги воодушеви нејзините следбеници, и кој открива повеќе од сè друго што го крие – без претерување.
Станува збор за металик сребрен фустан кој толку многу светка што „болат очите“, но е исто така толку смел и провокативен што нејзините следбеници ѝ простија сè.
Фустанот е од GCDS и е направен специјално за пејачката, а таа носи сребрени сандали од Pifer и златен и сребрен накит од Schiaparelli, Shay и Tiffany & Co.
Жените се воодушевени од ова парче за вечерно излегување, а следеа низа комплименти за изгледот на пејачката.
Дуа Липа исто така воодушевува со своите модни избори во последните денови, особено во белата тоалета, а обожаваше и да позира во бикини со точки, јасно ставајќи до знаење дека навистина ги следи модните трендови.
Забава
(Видео) Најубавата статуа на Исус Христос е под вода: снимките се нереални

Меѓу приказните што ги поврзуваат морето, верата и уметноста, малкумина се попознати од онаа на Христос од Бездната.
Тоа е бронзена статуа што стои седум децении на дното на морето, во близина на Џенова, со раширени раце и лице свртено кон површината.
Статуата е поставена во 1954 година во заливот Сан Фрутуозо, помеѓу Џенова и Портофино, и е висока 2,5 метри.
Идејата ја дал нуркачот Дулио Марканте, во чест на неговиот пријател Дарио Гонзати, пионер во нуркањето кој починал, пренесува Индекс.
Проектот го реализираше скулпторот Џудо Галети, а уникатноста лежи во материјалот – бронзата е добиена со топење стари бродски ѕвона, делови од подморници и други донирани метали.
Исус Христос стои на пиедестал, со раширени раце и поглед кон површината, што симболизира помирување, надеж и врска помеѓу човекот и морето.
За нуркачите, тоа стана еден вид заштитник, а за аџиите потсетник дека дури и во тишината на морските длабочини има место за духовност.
Христос од бездната се наоѓа на длабочина од 17 метри, што го прави достапен за рекреативни нуркачи. Местото сега е едно од најпосетуваните места за нуркање во Италија, а со текот на времето стана симбол на целиот регион.
Забава
(Фото) Обожавателите и се потсмеваа на прекрасната бринета: „Изгледа како алуминиумска фолија“

Актерката Дакота Џонсон е позната како дама која обожава да се облекува секси, а да не зборуваме за ризични модни комбинации.
Сепак, таа неодамна го шокираше светот избирајќи фустан кој е многу сличен на еден предмет што често го користиме во нашите домови.
Имено, Дакота присуствуваше на премиерата на филмот Splitsville, а фустанот привлече внимание, секако. Познатата убавица одлучи да носи сребрена креација од модната марка „Гучи“.
Макси фустанот има отворени рамена и специфична металик нијанса. Фустанот предизвика поплава од коментари, а многу корисници дури го споредија и со алуминиумска фолија.
Коментари како: „Изгледа како тортиља завиткана во фолија“, „Каква е ова фолија од фустан?“, „Изгледа убаво дури и во фолија“, „Изгледа како алуминиумска фолија“, беа забележливи на социјалните мрежи.
Што се однесува до остатокот од нејзиниот стајлинг, таа се одлучи за природни нијанси на шминка, дискретни додатоци и брановидна фризура што ѝ паѓаше по грбот.
фото: принтскрин