Контакт

Забава

Сè повеќе Германци би вградиле микрочип под кожа

Објавено пред

Еден од секој четврти Германец би сакал да има микрочип имплантиран во неговото тело, покажува истражувањето на германската асоцијација за информатички технологии „БИТКОМ“.

Еден од секој четврти Германец би сакал да има микрочип имплантиран во неговото тело, покажува истражувањето на германската асоцијација за информатички технологии „БИТКОМ“. Според резултатите од истражувањето, разликата меѓу реалниот и виртуелниот живот значително се намалува. Ова е и една од главните теми на Светскиот саем за информатички и комуникациски технологии ЦеБИТ, што официјално се отвара утре. Од 1.000 анкетирани близу 23 отсто се подготвени да имаат чип под кожата, што би им носело извесна полза. Околу 16% од луѓето што сакаат чип, изјавуваат дека би се согласиле на ваков чекор поради можноста побрзо да се јават на спасувачките служби во случај на пожар или несреќа. Од друга страна, дури 72% од анкетираните во никој случај не би поставиле електроника во телото. Оваа година 4.157 фирми од 68 земји ќе учествуваат на саемот, за да ги покажат најновите високотехнолошки достигнувања. /крај/бг/ст



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава

„Оскарите“ 2021 ќе бидат емитувани во живо, не виртуелно

Објавено пред

Церемонијата на доделување „Оскари“ во 2021 година нема да биде виртуелен настан и ќе се организира традиционално како телекаст или телевизиски пренос во живо, објави „Варајети“.

Академијата за филмска уметност и наука ја одложи 73. церемонија на доделувањето на Оскарите за 25 април 2021 година, така што киносалите повторно ќе бидат отворени на пролет, што ќе овозможи повеќе филмови да се натпреваруваат на наградите, се наведува во извештајот.

„Телевизиското емитување на Оскарите ќе се случи“, објави „Варајети“ во вторникот, повикувајќи се на претставник на Академијата.

Церемонијата традиционално се одржува во театарот Долби во Лос Анџелес. Но, заради пандемијата на коронавирусот, не се знае бројот на луѓе на кои ќе им биде дозволено да присуствуваат во театарот со 3.400 седишта.

„Академијата направи прошетка низ Долби неодамна за да земе предвид повеќе опции “, додава истиот извор, цитирајќи публицист на наградите запознат со ситуацијата.

Прикажи повеќе...

Забава

Војводата од Сасекс сугерира дека Ковид-19 е казна од мајката природа

Објавено пред

Принцот Хари, војводата од Сасекс, предизвика контроверзии со неговата сугестија дека Ковид-19 е казна од мајката природа, коментираат британските медиуми.

„Изгледа дека мајката природа нè испрати во нашите соби поради лошо однесување,“ рече принцот Хари во разговор со Елен Виндемут и Сем Сутарија од „Ватербир“, нова онлајн-платформа која нуди бесплатна содржина на повеќе од 80 добротворни и невладини организации во светот.

Говорејќи за својата улога како претседател на „Африкански паркови“, принцот Хари нагласи: „Секоја капка дожд што паѓа од небото ѝ олеснува на пресушената земја. Што ако секој од нас е капка дожд? Што ако секој од нас се грижи? Ние се грижиме, ние мора да го правиме тоа затоа што на крајот на денот природата е нашиот извор на живот“.

„Престојот во природа лекува. Да се биде во природа е најлековит дел од животот“.

Прикажи повеќе...

Забава

Јапонската принцеза Мако сепак ќе се омажи за својот свршеник

Објавено пред

Сите сакаме нашите родители да нè поддржуваат во нашите одлуки, особено кога станува збор за работи поврзани со љубовта. И, иако е убаво да го добиете семејниот печат на одобрување, тој носи прилично поголема тежина во традиционална институција како што е монархијата.

На јапонската принцеза Мако, внука на јапонскиот император Нарухито – сегашен монарх во земјата – без сомнение ќе ѝ олесни што нејзиниот татко, принцот престолонаследник Фумихито, официјално изјави дека ги одобрува плановите на својата ќерка да се омажи.

Коментарот доаѓа по свршувачката која се одолговлече речиси две години откако принцезата Мако требаше да стапи во брак со нејзиното момче Кеи Комуро.

„Кјодо њуз“ известува дека венчавката била одложена поради наводен судски спор за пари во кој била вклучена мајката на Комуро. Сепак, на прес-конференцијата одржана во Токио пред неговиот 55-ти роденден во понеделникот, престолонаследникот Фумихито изјави: „Одобрувам да стапат во брак“.

Ваквата изјава доаѓа откако 29-годишната принцеза издаде соопштение минатиот месец, во кое ја нагласи својата решеност да се омажи за Комуро.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет20 минути

Франција ќе проверува џамии поради екстремизам

Француската влада во борбата против верскиот екстремизам ќе преземе низа акции, масовни и без преседан, меѓу кои и проверка на...

Регион26 минути

Силен земјотрес ја погоди Турција

Силен земјотрес со јачина од 5 степени по Рихтер утрово го погоди југоистокот на Турција. Управата за катастрофи и вонредни...

Европа11 час

Белгија планира да почне со вакцинација од 5 јануари

Белгија планира да почне со вакцинација на 5 јануари доколку се одобри вакцина развиена против коронавирусот. Премиерот Александер де Кро...

Свет12 часа

Убиецот на словачкиот новинар осуден на 25 години затвор

Словачкиот Врховен суд го осуди убиецот на истражувачкиот новинар Јан Куцијак на 25 години затвор. Оваа пресуда на апелацискиот суд...

Спорт13 часа

Синот на Марадона бара Меси да се откаже од „десетката“ во чест на татко му

Диего Синагра, попознат како Диего Јуниор, синот на Диего Марадона, вели дека бил потресен од гестот на Лионел Меси со...

Македонија13 часа

946 нови случаи на Ковид-19 во земјата, починаа 33 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.564 тестирања, а регистрирани се 946 нови случаи на...

Македонија14 часа

Лингвистите апелираат: Не прифаќајте разговори за јазик, нација и историја

„Прифаќањето договори за добрососедство, анекси и слично, во кои македонскиот јазик ќе биде заменет со синтагми од типот – официјален...

Македонија17 часа

Сеизмолошка опсерваторија: Земјотресот во Скопје со јачина од 3,5 степени

Телеметриската сеизмолошка мрежа во Македонија објави дека денешниот земјотрес бил со јачина од 3,5 степени според Рихеровата скала. Епицентарот на...

Свет17 часа

Во Виена развиен најбрз тест за Ковид-19 во светот

На Виенскиот универзитет за технологија (ТУ Виен) е развиен нов метод на тестирање за коронавирус, кој е исклучително чувствителен и...

Македонија19 часа

Пратениците да покажат бојадисано јајце за Велигден, бара опозицијата во еден од амандманите

Во еден од амандманите на опозицијата се вели дека за време на велигденските празници, пратениците кои ќе учествуваат во работата...

Македонија19 часа

ИЈЗ: Се намалува бројот на новозаболени, расте бројот на оздравени пациенти

Бројот на новозаболени со коронавирус во периодот од 23 до 29 ноември се намалува, додека расте бројот на оздравени пациенти,...

Македонија20 часа

Филипче: Го подготвуваме здравствениот систем за вакцинација за Ковид-19

Здравствениот систем го подготвуваме за вакцинација за Ковид-19. Ова ќе биде една од најголемите логистички операции која ќе треба да...

Македонија20 часа

Кузеска: ВМРО-ДПМНЕ не ги исплатила долговите за 270 уметнички слики со позлатени рамки

ВМРО-ДПМНЕ е партија во стечај со блокирани сметки и замрзнати недвижности, меѓу кои и мегаломанското квази барокно здание, седиште на...

Економија20 часа

Групацијата АРИКОМА ја купува компанијата „Сеавус“

Претставниците на Групацијата АРИКОМА (ARICOMA), која е дел од чешката Групација ККЦГ(KKCG) на Карел Комарек, најавуваат значаен чекор поврзан со...

Свет20 часа

Русија почна со вакцинација на војниците против коронавирус

Во Централниот воен округ на Русија почна вакцинација на војниците со вакцината против коронавирус „Спутник V“ и прво ќе се...

Регион21 час

„Коха“: Тачи ќе го бранат пет адвокати во Хаг

Поранешниот претседател на Косово, Хашим Тачи, ќе го бранат пет адвокати пред Специјалниот суд во Хаг, пишува „Коха“. Специјализираниот совет...

Свет21 час

Интерпол предупредува на опасноста од лажни вакцини

Интерпол предупредува дека меѓународната мрежа на организиран криминал може да се насочи кон новите вакцини против Ковид-19. Како што е...

Регион21 час

Во Хрватска 3.539 новозаразени и 55 починати од Ковид-19

Според официјалните податоци, во Хрватска денес има 3.539 новозаразени лица со Ковид-19, а 55 пациенти починале. Хоспитализирани се 2.408 пациенти,...

Македонија22 часа

Во изминатите 24 часа во ковид – центрите во Скопје се примени 30 нови пациенти

Во изминатите 24 часа во ковид – центрите во Скопје се хоспитализирани 30 нови пациенти поради компликации од коронавирусот. Вкупно...

Македонија23 часа

ВМРО-ДПМНЕ ќе протестира во 16 града

ВМРО-ДПМНЕ денеска ќе протестира во 16 града. Од партијата најавија дека на протестите ќе биде испратена порака до премиерот Зоран...

Досие