Забава
Интернетот е фундаментално право на човекот
Дури 87 отсто од корисниците сметаат дека интернетот е основно право на секој човек, покажуваат истражувањата.
Дури 87 отсто од корисниците сметаат дека интернетот е основно право на секој човек, покажуваат истражувањата.
Луѓето што немаат можност да го користат интернетот, сметаат дека треба да им се обезбеди пристап.
Во Естонија и Финска пристапот на интернет се смета за човеково право на сите граѓани во државата.
Меѓународните организации се обидуваат овој закон да го прифатат и останатите држави.
– “Правото на комуникација не смее да се игнорира. Интернетот е потенцијално најмоќно средство за просветлување и не може да се занемари. Затоа сите влади кон него мораат да се однесуваат исто како кон основната инфраструктура на државата.Тоа е научно општество, кон кое, секој мора да има пристап“, сметаат од Меѓународната унија за комуникации.
Европската унија, неодамна усвои одредба за слободата и правото на користење на интернетот, според која што, секоја влада во членките на Унијата, мора да ги почитува фундаменталните права на граѓаните при користењето на интернетот.
Најголем предизвик за ЕУ е трансмисијата на брзиот интернет во руралните краеви. /крај/б92/см
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Џенифер Лопез им го честита 18 роденден на своите деца преку емотивна објава
Џенифер Лопез се огласи на Инстаграм за да им го честита 18-тиот роденден на нејзините близнаци Макс и Ема, кои ги доби со поранешниот сопруг Марк Ентони, во емотивна објава, потсетувајќи се колку мајчинството ѝ го променило животот.
„Кога ве држев во моите раце како бебиња, искрено се чувствував како да држев два ангела испратени од небото“, напиша таа на 22 февруари заедно со видео од нивните спомени од детството.
„Мојот живот се промени засекогаш. Не можам да верувам дека сите пораснавте – 18!“
Таа ги опиша Макс и Ема како „добри, дарежливи и грижливи“, пред да напише колку се блиски.
„Секогаш бевме само ние тројца“, продолжи таа. „На ова патување сме заедно. Секогаш сме можеле да се потпреме еден на друг и сме биле безбедно засолниште во секоја бура. И ви ветувам, мои мили, без разлика колку години ќе наполните, секогаш ќе бидете такви.“
Заврши со посебна порака за секое од нив. „Лулу, секогаш запомни дека си моето сонце… и Макс, ти си неверојатен токму таков каков што си! Среќен 18-ти роденден, мои неверојатни близнаци!“
Забава
Ќе ја паметат 2026 година како најдобрата година во нивниот живот: Два хороскопски знака ќе се „капат во пари“
Го знаете ли тоа чувство кога не мора постојано да ја проверувате состојбата на сметката? Парите речиси им скокаат во џебовите, толку многу ги сакаат!
Парите едноставно им се лепат за рацете – само два хороскопски знака живеат без да се грижат за парите оваа година. Има години што се паметат по животни лекции, а други – кои се паметат по олеснување.
Оваа година што претстои, барем за 2 хороскопски знака, спаѓа во втората категорија. И не, не станува збор за еден среќен момент, туку за стабилен тек на пари што трае со месеци.
Бик – конечно наградата за трпението доаѓа
Ако има знак што работел, инвестирал и молчел предолго, тоа е Бик. Секогаш знае како да издржи повеќе отколку што треба. Оваа година, тоа се менува. Парите доаѓаат преку работа, дополнителни проекти, но и паметни инвестиции од минатото. Не станува збор за добивки преку ноќ, туку за постојан прилив што носи сигурност.
Совет за Бик: не трошете само затоа што можете. Дистрибуирајте ги вашите пари мудро и не заборавајте да издвоите дел. Оваа резерва носи уште поголем мир.
Јарец – стабилност каква што не сте ја имале долго време
Јарецот влегува во година во која целата напорна работа, жртва и дисциплина конечно се исплатуваат. Бизнис можностите се отвораат сами по себе, а авторитетот што го имате носи подобра заработка. Многу Јарци ќе речат: „Го чекав ова со години“. И ќе бидат во право.
Постои само едно прашање – дали ќе знаете како да уживате во тоа? Совет: не ја мерете вредноста само преку работа. Дозволете си малку луксуз, без грижа на совест.
Бикот и Јарецот не бркаат пари оваа година, туку тие пари им доаѓаат. Континуитетот, безбедноста и паметните одлуки ќе бидат клучот до успехот.
Ако сте еден од овие два знака, запомнете: не е грев да уживате во плодовите на вашиот труд. Напротив. Тоа е доказ дека конечно сте на вистинското место, во вистинско време.
Забава
(Фото/Видео) Ништо не може да ја победи чистата елеганција: Кејт Хадсон блесна на доделувањето на наградите БАФТА
Како и секоја година, престижната церемонија на доделувањето на наградите БАФТА не можеше да се направи без парада на црвениот тепих од познати ѕвезди. Овогодинешното 79-то доделување на наградите беше обележано со интересни изданија, или поточно – оние што зрачат со чиста елеганција.
Едно такво носеше актерката Кејт Хадсон. За оваа пригода, таа одлучи да ја истакне својата женствена страна и избра фустан од Прада во црвена боја.
Станува збор за класично сатенско парче кое ја следи линијата на телото и ја истакнува витката фигура на актерката. Треба да се напомене дека самата креација не е украсена со посебни детали, туку со чиста елеганција врамена од вечниот моден класик – црвената боја.
Фустанот има и таканаречен отворен грб кој на целото издание му даде само мала доза на сексапил. Стајлингот го комплетираше со дијамантски ѓердан и обетки, а косата ја стилизираше во едноставна пунџа.
За шминка, таа користеше нежни, неутрални бои кои ја нагласуваа нејзината природна убавина и го нагласуваа нејзиниот гламурозен изглед.

