Контакт

Забава

Кар-пучино, прв автомобил на кафе

Објавено пред

Кар-пучино е прв автомобил на светот кој наместо гориво како погон користи кафе, идната седмица ќе биде претставен на саемот за наука во Манчестер во областа на технологијата.

Кар-пучино е прв автомобил на светот кој наместо гориво како погон користи кафе, идната седмица ќе биде претставен на саемот за наука во Манчестер во областа на технологијата.

Овој изум го креирале тим научници кои купиле Фолксваген од 1988 година за околу 400 евра и го трансформирале во автомобил кој наместо бензин или дизел користи кафе како погонско средство.

Кафето кое се користи мора да биде многу суво и во зрна, а автомобилот троши околу еден килограм кафе на пет километри.

За да го помине растојанието од 338 километри помеѓу Лондон до Манчестер, на Кар-пучино ќе му бидат потребни 70 килограми кафе или 11.760 чаши еспресо.

Според овие пресметки, за ова патување на научниците ќе им бидат потребни помеѓу 1.030 и 2.070 евра, а доколку патуваат со нормален автомобил ќе им бидат потребни 40 евра.

Кар-пучино може да достигне брзина од 100 км/ч, но на секои 90-100 километри мора да се прочистат филтрите за кафе, односно да се застане на „кафе-пауза“.

Сепак, треба да се има во предвид и дека секоја чаша кафе емитува 125 грама јаглерод диоксид, предупредуваат некои научници./крај/бгн/иа



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава

Харисон Форд – холивудска легенда од глава до петици

Објавено пред

Успешната кариера на Харисон Форд во Холивуд, која вклучува голем број легендарни филмови, донесе над 9.3 милијарди долари на светските киноблагајни.

А, кога не ги гони светските зла во авантуристички филмови како што се блокбастер-серијалите „Војна на Ѕвездите“ и „Индијана Џонс“, Форд се посветува на неговата страст кон авијацијата.

Во понеделникот беше забележан на аеродромот Хоторн, што е околу 20 милји југозападно од центарот на Лос Анџелес.

Форд сè уште го може да се пофали со својот суперфит имиџ што го има со децении. 78-годишниот ветеран изгледа опуштено како и секогаш, во лежерна комбинација од темносини фармерки и посветла кошула.

Харисон Форд е еден од најпознатите иконски актери на Холивуд кој остави свој белег. „Бидете страствени за она што го правите“ е омилениот  слоган на актерот кој е во филмската индустрија повеќе од пет децении.

Форд е доказ за тоа колку човек може да оди во потрага по своите соништа, ако е само страстен по нив.

 

Прикажи повеќе...

Забава

Ријана и Асап Роки на интимна вечера во Њујорк

Објавено пред

Поп кралицата Ријана и раперот Асап Роки се во врска.

Тие се во почетна фаза на романтична врска, објави „Пипл“ во понеделникот, цитирајќи извор близок до двојката.

Потврдата дојде во саботата кога беа видени на интимна вечера со неколку пријатели во њујоршкиот ресторан “Беатрис Ин“, како што објави „Пејџ сикс“ викендов.

Ријана и Роки, чие вистинско име е Раким Мајерс, соработуваа на почетокот на оваа година во промотивната кампања за нејзината линија „Фенти скин“, и учествуваа во заеднички интервјуа со „Вог“ и „Џи-кју“ за промоцијата.

Прикажи повеќе...

Забава

Снагата не откажува: Шварценегер повторно на велосипед

Објавено пред

Поранешниот гувернер на Калифорнија, Арнолд Шварценегер, во понеделникот се зафати со ефикасно топење калории од празникот Ден на благодарноста, возејќи се со својот велосипед во Санта Моника.

73-годишната ѕвезда на акционите холивудки филмови се погрижи да се заштити себеси и другите од коронавирусот носејќи црна маска за лице Ladder x UNKNWN за својата омилена рутина.

Минатиот месец Арнолд беше подложен на операција на отворено срце за замена на аортниот залисток на Клиниката Кливленд, само две години откако му беше заменет белодробниот залисток.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 часа

Регистрирани 1.069 новозаразени, 1.242 оздравени и 29 починати лица од коронавирус

Во последните 24 часа се направени 3.012 тестирања, а регистрирани се 1.069 нови случаи на Ковид-19, и тоа во: Скопје-489,...

Македонија3 часа

Починатите од Ковид-19 не мора да бидат погребани во затворен и залемен метален сандак

На денешната седница Владата го прифати заклучокот на Комисијата за заразни болести дека овластените оператори за погребални услуги се должни...

Македонија3 часа

Со посебни протоколи ќе се отворат скијачките центри

Владата го прифати мислењето на Комисијата за заразни болести дека скијачките центри може да работат во согласност со соодветен протокол,...

Македонија3 часа

Владата предлага продолжување на кризната состојба до јуни

Владата ќе достави до Собранието предлог за продолжување на кризната состојба до јуни в година. Владата на денешната седница го...

Топ6 часа

Украден паричник од покојник во ковид-центар во Скопје

Украден е паричник од маж што починал во ковид-центарот на комплексот клиники „Мајка Тереза“. Случајот вчера во полицијата го пријавил...

Македонија6 часа

Бучковски назначен за специјален претставник на Владата за Бугарија

Владо Бучковски е именуван за специјален претставник на македонската Влада за Бугарија. Поранешниот премиер е именуван на оваа позиција на...

Македонија8 часа

ЗНМ, ССНМ и СЕММ на средба со Филипче: Нема забрана за снимање, новинарите да продолжат непречено со својата работа

На барање на министерот за здравство, Венко Филипче, денеска се одржа состанок со претставници на Здружението на новинари на Македонија...

Македонија8 часа

(Видео) Мицкоски: Ова се моменти кога се одлучува за иднината на нашите деца и внуци

„Ова се моменти кога се одлучува за иднината на нашите деца и внуци и затоа навистина овој пат треба да...

Регион8 часа

Србија воведе нови мерки – угостителските објекти и продавниците ќе работат до 17 часот, за викенд ќе бидат затворени

Србија воведе нови мерки кои треба да бидат усвоени од Владата в четврток и да стапат на сила в петок....

Македонија8 часа

УКИМ: Обезвреднувањето на идеалите и на жртвите за посебна македонска држава би значело и поткопување на темелите на државата

Обезвреднувањето на идеалите и на жртвите за посебна македонска држава би значело и поткопување на темелите на државата, сметаат од Универзитетот...

Македонија9 часа

На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 846 пациенти, слободни кревети има

Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 846 пациенти позитивни и...

Македонија11 час

Волонтерите од Воено-медицинскиот центар и студентите од шеста година се вклучија во работата на ковид-центрите

Лекарите и медицинските сестри од Воено-медицинскиот центар (ВМЦ) и студентите кои се на шеста година студии на Медицинскиот факултет во...

Регион12 часа

Катимерини: Спорот меѓу Скопје и Софија ќе се пренесе во НАТО

Инсистирањето на Бугарија да ги блокира разговорите за пристапување во Европската Унија со Северна Македонија ризикува да создаде уште една...

Македонија13 часа

Почина заменик-градоначалникот на Скопје, Енвер Малиќи

Енвер Малиќи, заменик-градоначалникот на Град Скопје, починал денеска во болницата „Систина“, откако беше хоспитализиран поради низа здравствени проблеми, а беше...

Свет13 часа

„Модерна“ бара од САД и ЕУ да ја одобрат нејзината вакцина

Фармацевтската компанија „Модерна“ побара од регулаторите на САД и Европа да ја дозволат употребата на нејзината вакцина против коронавирус. Компанијата...

Свет13 часа

Азар: Првите вакцини против коронавирус во САД ќе стигнат пред Божиќ

Првите две вакцини против новиот коронавирус би можеле да им бидат достапни на Американците пред Божиќ, изјави американскиот министер за...

Свет13 часа

Си-ен-ен: Кина од почетокот криела податоци за коронавирусот, покажувала помали бројки

Си-ен-ен објави ексклузивни документи за кои наведува дека покажуваат значајни пропусти од страна на Кина на почетокот на епидемијата на...

Свет13 часа

Американски експерти: Ким е вакциниран против Ковид-19, вакцината му ја дала Кина

Кина му обезбедила експериментална вакцина против коронавирус на севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун и неговото семејство, тврди американскиот аналитичар Хери Казианис,...

Свет14 часа

САД: Осуден на смрт пред 20 години не може да биде погубен бидејќи нема инјекција

Судот во Јужна Каролина донесе одлука да се одложи извршување на смртната казна со вбризгување инјекција на осуденикот Ричард Бернард...

Македонија14 часа

Меркел: Северна Македонија се надеваме годинава да ги почне преговорите, Албанија ќе почека

Северна Македонија сè уште има шанси да ја одржи првата Меѓувладина конференција со ЕУ оваа година, во текот на германското...

Досие