Контакт

Забава

Интернетот е фундаментално право на човекот

Објавено пред

Дури 87 отсто од корисниците сметаат дека интернетот е основно право на секој човек, покажуваат истражувањата.

Дури 87 отсто од корисниците сметаат дека интернетот е основно право на секој човек, покажуваат истражувањата.

Луѓето што немаат можност да го користат интернетот, сметаат дека треба да им се обезбеди пристап.

Во Естонија и Финска пристапот на интернет се смета за човеково право на сите граѓани во државата.

Меѓународните организации се обидуваат овој закон да го прифатат и останатите држави.

– “Правото на комуникација не смее да се игнорира. Интернетот е потенцијално најмоќно средство за просветлување и не може да се занемари. Затоа сите влади кон него мораат да се однесуваат исто како кон основната инфраструктура на државата.Тоа е научно општество, кон кое, секој мора да има пристап“, сметаат од Меѓународната унија за комуникации.

Европската унија, неодамна усвои одредба за слободата и правото на користење на интернетот, според која што, секоја влада во членките на Унијата, мора да ги почитува фундаменталните права на граѓаните при користењето на интернетот.

Најголем предизвик за ЕУ е трансмисијата на брзиот интернет во руралните краеви. /крај/б92/см



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава

Дрејк повика на замена на Греми-наградите

Објавено пред

Дрејк побара „Греми“ да бидат заменети со нови награди, откако неколкумина уметници беа занемарени во номинациите за оваа година.

„Сметам дека треба да престанеме да си дозволуваме секоја година да бидеме шокирани од прекинот на врската меѓу влијателната музика и овие награди“, рече ѕвездата.

„Ова е одлично време за некој да започне нешто ново што можеме да го градиме со текот на времето и да им го пренесеме на генерациите што доаѓаат.“

„Греми“ сè уште не одговориле.

Повикот на Дрејк следи откако канадскиот пејач Д Викенд беше изоставен во номинациите објавени во вторникот. Ѕвездата, чиј албум After Hours е најпродаван сингл на годината во САД, се очекуваше да се најде во категориите албум на годината и песна на годината.

По објавувањето на потесниот избор, Канаѓанецот ја нарече церемонијата корумпирана, додавајќи: „Ми должите мене, на моите фанови и на транспарентноста на индустријата“.

Во друг твит, пејачот изрази неверување дека организаторите го поканиле да настапи и покрај тоа што не е номиниран.

Прикажи повеќе...

Забава

Брус Ли 80 години: Легендата на боречките вештини и неговото наследство

Објавено пред

Најпознатото наследство на Брус Ли, кој овој петок ќе наполнeше 80 години, секако се неговите филмови.

Но, легендата за боречки вештини, исто така, разви уникатен начин на борба наречен „Џиткундо“ (Jeet kune do), кантонски израз што се преведува како начин да сопреш тупаница или повеќе поетски, техника на пресретнување на тупаница, пишува „Саут Чајна морнинг пост“.

Постојат многу различни стилови на борба во кунг фу како хунг-гар, винг-чу и таи-чи за да се именуваат неколку од најпознатите.

Но, најдобрата појдовна точка за разбирање на џит-кун е да сфатите дека Ли никогаш не сакал тоа да биде стил.

Всушност, намерата на Ли била спротивна. Тој разви џиткун-до бидејќи сметал дека идејата за крут стил на борба е премногу ограничувачка.

Многу пред комбинираните боречки вештини и стиловите на боречките вештини да добијат правила и традиции што не може да се прекршат, дури и ако успехот во борбата налага поинаку.

Боречките уметници цврсто се придржуваа на техниките на нивниот избран стил и тој систем стана поважен од човекот, како што тврдеше Ли. Ли сметаше дека ова е смешно и го нарече класичен хаос.

Ли започна да развива џиткун-до во Лос Анџелес во 1967. Американското телевизиско шоу „Зелен стршлен“ во кое тој го глумеше Като беше откажано, потоа Ли го отвори Институтот Fунфан Ганг во кинескиот кварт во Лос Анџелес за да заработи за живот држејќи часови за кунг фу.

Ли охрабри група пријатели и студенти од училиштето за боречки вештини на Ед Паркер да тренираат со него.

Поентата на неговиот џиткун-до е да бидете чекор понапред од противникот. „Од одбрана, тој премина на работа на нозете, домет и време на сопирање на ударите и рипостот, две техники за напади и одбрани со превентивни потези, пишува „Саут Чајна морнинг пост“.

Прикажи повеќе...

Забава

Oд Марадона на „Инстаграм“ се прости и неговата последна девојка: Збогум, мој Диего

Објавено пред

И покрај тоа што нивната врска заврши скандалозно, 30-годишната русокоса Росио Олива се прости од Диего Марадона на „Инстаграм“. Роцио објави две стории на кои се прикажани фотографии од среќните денови со славниот фудбалер, а под едната пишува: Збогум, мој Диего.

Росио Олива беше гостин во една аргентинска телевизија и плачеше зборувајќи за Марадона. Таа рече дека неговите деца и поранешната сопруга не ѝ дозволуваат да се збогува со него на бдението.

„Ме боли што не ме пуштаат, го повредуваат и Диего. Јас сум неговата последна партнерка, имам исто право да се збогувам со него како и другите. Не знам зошто ми го прават тоа, не провоцирам никого“, изјави Росио, која не ги криеше солзите.

„Многу се сакавме. Тој беше многу љубезен кон мене, секогаш ќе го паметам по добро. Беше прекрасен кон моето семејство, имаше џиновско срце“, рече, меѓу другото, Росио.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Rocio! (@rocio_g_oliva)

Марадона и поранешата фудбалерка биле во врска неколку години, а се запознале во 2012 година. Тие се свршија во 2014 година, но свадбата никогаш не се одржа.

За прекинот на нивната врска пишуваа светските медиуми во 2018 година бидејќи Росио го избркала свршеникот од куќата што ѝ ја купил. Нивната разделба беше проследена со многу расправии. Роцио не сакала да замине од Аргентина во Мексико, каде што Марадона во тоа време му бил тренер на мексиканскиот второлигаш „Дорадоас де Синалоа“.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет3 минути

За еден ден потврдени повеќе од 577 000 нови случаи на Ковид- 19

Повеќе од 577.000 нови случаи на Ковид- 19 се потврдени за еден ден ширум светот, објави Светската здравствена организација (СЗО),...

Свет12 минути

(Видео) Трамп: Ќе ја напуштам Белата куќа

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека ќе ја напушти Белата куќа, доколку Изборниот колеџ ја потврди победата на демократскиот кандидат...

Свет24 минути

Милиони Американци отпатувале на семејни средби за Денот на благодарноста и покрај предупредувањето да не се групираат

Еден милиони Американци отпатуваа на семејни средби на Денот на благодарноста и покрај предупредувањата на експертите да не го сторат...

Македонија12 часа

Во Македонија 1.160 нови случаи на коронавирус, 30 лица починаа

Во последните 24 часа потврдени се 1.160 нови случаи на коронавирус, 30 лица починаа, а 1.094 оздравеа, соопшти Министерството за...

Македонија13 часа

Рот: Северна Македонија запиша историја со договорот со Бугарија, тоа сега треба и да се награди

Северна Македонија запиша историја со Договорот за пријателство со Бугарија, но и со решавањето на спорот за името со Грција,...

Македонија14 часа

Захариева: Бугарија ги блокира преговорите за Северна Македонија поради говорот на омраза

Бугарија ќе го блокира почетокот на преговорите на Република Северна Македонија со Европската Унија  сè додека не го напушти говорот...

Европа14 часа

Италија го воведува првиот „ковид-фри“ воздушен мост меѓу Европа и САД

Италија ќе го пушти првиот „ковид-фри“ воздушен мост меѓу Европа и САД за патниците со негативен тест на коронавирус, со...

Регион16 часа

Хрватска воведува строги мерки – се затвораат рестораните, училиштата, фитнес-центрите…

Премиерот на Хрватска, Андреј Пленковиќ, ги претстави новите строги мерки за борба против коронавирусот, кои ќе траат најмалку до 21...

Македонија16 часа

На вработените во МВР ќе им бидат исплатени заостанатите бонус плати за 2017 и 2018 година

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, денеска имаше он лајн состанок со претставници на Македонскиот полициски синдикат, предводени од претседателот...

Македонија18 часа

Црвенковски: Го замрзнувам членството, изјавите на Заев направија огромна штета

Поранешниот претседател и основач и долгогодишен претседател на СДСМ, Бранкo Црвенковски, во јавно обраќање до раководството и членовите на СДСМ...

Македонија19 часа

Заев: Фашистичката окупација била присутна, но не можете за цел народ да кажете дека бил окупатор

Македонскиот јазик и македонскиот идентитет не се на маса за преговори, вели премиерот Зоран Заев одговарајќи на новинарски прашања поврзани...

Македонија19 часа

На Клиниката за уво, нос и грло од денеска ќе се примаат пациенти заразени од коронавирус

Во текот на денешниот ден ќе се отвори и ковид-центарот на Клиниката за уво, нос и грло, каде што ќе...

Македонија22 часа

Ѓоргиев за „Дојче веле“: Историските прашања да не се користат како политичка алатка

Генерално, погрешен е пристапот историските прашања да се користат како политичка алатка, изјави македонскиот историчар Драги Ѓоргиев, претседател на македонскиот...

Топ23 часа

Запленета марихуана во Струшко, приведен дилер од Албанија

Полицијата вчера заплени марихуана во Струшко и приведе дилер од Албанија по претходно добиени оперативни сознанија. Од МВР информираат дека...

Македонија24 часа

Пендаровски: Постои дилема дали државниот врв настапува единствено во спорот со Бугарија

Спорот со Бугарија може да се реши само ако доследно се почитуваат и македонскиот и бугарскиот народ и со избегнување...

Македонија1 ден

Опозицијата бара оставка од Заев поради вчерашното интервју

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ бара оставка од премиерот Зоран Заев поради ставовите изнесени во интервјуто за бугарската новинска агенција „Бгнес“. Од ВМРО-ДПМНЕ...

Свет1 ден

Меркел: Задолжително маски и на отворено

Германската канцеларка, Ангела Меркел, објави дека ограничувачките мерки против коронавирусот ќе бидат продолжени најмалку до 20 декември, а можеби и...

Свет1 ден

Трамп одобри помилување на својот поранешен советник за национална безбедност

Американскиот претседател, Доналд Трамп, го одобри помилувањето на својот поранешен советник за национална безбедност, генерал Мајкл Флин, што медиумите го...

Македонија1 ден

Мицкоски повика на предупредувачки протест за одбрана на македонските црвени линии

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, преку социјалните мрежи повика на натпартиски протест за одбрана на црвените линии во преговорите со...

Македонија2 дена

1.288 новозаразени од Ковид-19, починаа 39 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3.349 тестирања, а регистрирани се 1.288 нови случаи на...

Досие