Забава
Откриено каде ХИВ вирусот се крие од лековите
ХИВ вирусот, предизвикувачот на СИДА успева да се скрие од уништување бидејќи се задржува и ги инфицира клетките во коскената срж, претходници на клетките на имунолошкиот систем. Токму затоа влијанието на лекарствата се намалува
ХИВ вирусот, предизвикувачот на СИДА успева да се скрие од уништување бидејќи се задржува и ги инфицира клетките во коскената срж, претходници на клетките на имунолошкиот систем.
Токму затоа влијанието на лекарствата се намалува, се вели во медицинското истражување објавено во списанието Nature Medicine.
Ова откритието на научниците им овозможи за првпат да го објаснат повеќегодишниот неуспех на медицинските лица кои создаваат лекови за уништување и прочистување на вирусот од човечкиот организам.
И покрај големиот напредок во оваа област и развојот на препарати за лоцирање на вирусот во крвта на заразените луѓе, вирусот не може да се открие дури ни со помош на најчувствителните методи и тој повторно се појавува по завршување на третманот.
Група научници под водство на Катлин Колинс од Универзитетот во Мичиген во Ен-Арбор, САД, за првпат успеаја да докажат дека во текот на целото време вирусот “чека” во коскената срж, во т.н. хематопоетични клетки – претходник на сите клетки на имунолошкиот систем.
Групата на Колинс и во своите претходни истражувања најавувала дека ХИВ можно е да се крие во хематопоетичните клетките на имунолошкиот систем. Вирусот може да остане внатре во овие клетки во латентна форма, подолго време.
Ова значи дека по навлегувањето во таква ќелија, вирусот останува во состојба на мирување, не се копира, не излегува надвор и останува незабележан од имунолошкиот систем.
Научниците спроведоа истражување на коскената срж на 15 лица инфицирани со ХИВ. Кај шест доброволци со високо ниво на ХИВ во крвта, овој вирус е откриен и во хематопоетични клетки на коските срж.
Кај останатите девет доброволци кај кои ХИВ вирусот бил откриен во последните шест месеци пред да се спроведе експериментот , вирусот бил откриен кај четворица, а кај останатите петмина не, најверојатно затоа што биле инфицирани мал број на клетки во коскената срж.
Колинс смета дека сега е неопходно да се развијат лекови, со чијашто помош ќе се натера ХИВ вирусот побрзо да се појави во хематопоетичните клетки за да може да биде откриен и уништен од имунолошкиот систем на човекот./крај/бгн/ит
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Брејк објави нова песна „Една во милион“
Музичарот Дарко Гелев‑Брејк објави нова песна „Една во милион“.
Новиот сингл доби и видео спот. Ова музичко дело е плод на наши познати лица од музиката.
Музиката е на Никола Перевски Пере од „Нокаут“, аранжманот на Дарко Димитров, текстот е на Игор Џамбазов, а миксот и мастерингот на Дарко Димитров.
Забава
Бритни Спирс ги продаде правата за сите нејзини хитови
Бритни Спирс ги продаде правата за целиот свој музички каталог, профитирајќи од наследството што го изгради со хитовите како Baby One More Time и Toxic. Според правните документи, каталогот е продаден на издавачката куќа Primary Wave, и иако износот не е откриен, медиумските извори го опишуваат како историски договор споредлив со продажбата на каталогот на Џастин Бибер за околу 200 милиони евра.
Според документите, 44-годишната пејачка го потпишала договорот на 30 декември. Извори блиски до Спирс велат дека таа е задоволна од одлуката и слави поминувајќи време со своите деца, синовите Шон (18) и Џејден (17), кои ги има со поранешниот сопруг Кевин Федерлајн.
Со овој потег, Спирс се придружува на голем број музички ѕвезди кои профитираа од своите каталози во последните години. Меѓу нив се Џастин Бибер, Брус Спрингстин, Боб Дилан, Шакира, Стинг и Фил Колинс.
Каталогот на Бритни Спирс се смета за еден од највредните во модерната поп музика. Нејзината кариера започна во 1999 година со нејзиниот деби албум Baby One More Time, кој се продаде во повеќе од 10 милиони примероци и помина две недели на врвот на табелата Billboard Hot 100.
За време на нејзината кариера, таа постигна 11 синглови број еден, повеќе од 30 песни во топ 10 и издаде девет студиски албуми. Вкупната продажба на нејзините албуми надминува 100 милиони примероци низ целиот свет.
Хитови како „Toxic“, „Oops!… I Did It Again“, „Gimme More“ и „Womanizer“ ѝ донесоа бројни номинации за Греми, МТВ и Билборд награди. Нејзината музика продолжува да генерира огромни приходи од услугите за стриминг, радио емитување, како и употреба во филмови, реклами и на платформи како TikTok.
Забава
(Видео) Најубавата жена на светот е номинирана и за најдобра актерка: Сите зборуваат за нејзиниот стил
Ема Стоун, која ја носи титулата најубава жена на светот, блесна на 98-та гала вечера на номинираните за Оскари. Самиот настан се одржува пред Оскарите и ги собира сите номинирани ѕвезди за таа година во хотелот Беверли Хилтон.
Ема, која беше номинирана за најдобра актерка во филмот „Бугонија“, беше таа што ги привлече сите погледи со необична, но привлечна комбинација. Таа носеше смокинг фустан кој комбинира класичен стил и гламур, и не завршува тука. Црната креација е исто така украсена со доза на сексапил бидејќи има длабоко деколте и мини крој.
Покрај тоа, цветниот детаљ беше забележлив – централниот мотив кој го нагласуваше тоа многу длабоко деколте. За да го комплетира стајлингот, таа се одлучи за отворени потпетици.
Што се однесува до шминката, таа носеше нежни, земјени тонови и едвај забележливи додатоци – ситни обетки.

