Контакт

Забава

Авантурист веслајќи го помина Тасманиското море

Објавено пред

Новозеландскиот авантурист Шон Квинси стана првиот човек што го поминал Тасманиското море веслајќи, од запад кон исток, завршувајќи го епското патување долго 2.200 километри.

Новозеландскиот авантурист Шон Квинси стана првиот човек што го поминал Тасманиското море веслајќи, од запад кон исток, завршувајќи го епското патување долго 2.200 километри. Патувањето кое траело 53 дена е пократко за десет дена од она на единствениот човек што ја постигнал истата цел, таткото на Шон Квинси, кој истата маршрута ја поминал во 1977 година, но во насока исток-запад и тоа за 63 дена. Група од 500 луѓе се собраа на Мајл Бич, на северот на Нов Зеланд, да видат како Квинси ги допливува последните неколку стотини метри до брегот. Авантуристот го напушти Нов Јужен Велс на својот седум метарски чамец на 20. јануари и преживеа секакви услови поминувајќи го океанот. Уништи две весла и двапати се превртел во немирните води. Претходните обиди да се помине Тасманиското море беа неуспешни. Во последниот обид со кајак исчезна Австралиецот Ендрју Маколи, за кој се претпоставува дека се удавил.     Тој за последен пат беше виден на околу 30 километри од јужниот брег на Нов Зеланд, по што исчезнал. /крај/бг/ст



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава

Снагата не откажува: Шварценегер повторно на велосипед

Објавено пред

Поранешниот гувернер на Калифорнија, Арнолд Шварценегер, во понеделникот се зафати со ефикасно топење калории од празникот Ден на благодарноста, возејќи се со својот велосипед во Санта Моника.

73-годишната ѕвезда на акционите холивудки филмови се погрижи да се заштити себеси и другите од коронавирусот носејќи црна маска за лице Ladder x UNKNWN за својата омилена рутина.

Минатиот месец Арнолд беше подложен на операција на отворено срце за замена на аортниот залисток на Клиниката Кливленд, само две години откако му беше заменет белодробниот залисток.

Прикажи повеќе...

Забава

Два месеца по породувањето, Џиџи Хадид сподели фотографии од својата бременост

Објавено пред

Новата мајка ги почести фановите со слатка меморија на Инстаграм во понеделникот, кога постираше досега невидени фотографии од нејзината бременост.

Моделот Џиџи Хадид (25) го дочека своето прво дете со поп-sвездата Зејн Малик во септември, и два месеца по породувањето, таа објави досега невидени фотографии на кои се гледа таткото Зејн.

„Август, чекајќи го нашето девојче“, напиша Хадид во насловот на објавата, а на фотографијата Малик како ја потпира брадата на нејзиниот стомак.

Прикажи повеќе...

Забава

Британскиот театар воведе платен стриминг-сервис за снимени претстави

Објавено пред

Британскиот националниот театар започна стриминг-сервис за својата архива на снимени претстави, во кои играат sвезди како Хелен Мирен и Оливија Колман.

Проектот наречен National Theatre at Home (Националниот театар дома) ќе ги направи претставите достапни врз база на еднократно плаќање или со претплата.

Меѓу другите се и „Федoрa“со Хелен Мирен, „Медеја“ со Хелен Мекрори и Михаела Коел во главните улоги, и „Отело“ со Адријан Лестер.

Многу од претставите претходно беа прикажувани во киносалите, а некои беа пренесувани бесплатно при првиот локдаун.

Заинтересираните ќе може да се гледаат и продукции поставени од партнерските театри.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Волонтерите од Воено-медицинскиот центар и студентите од шеста година се вклучија во работата на ковид-центрите

Лекарите и медицинските сестри од Воено-медицинскиот центар (ВМЦ) и студентите кои се на шеста година студии на Медицинскиот факултет во...

Регион2 часа

Катимерини: Спорот меѓу Скопје и Софија ќе се пренесе во НАТО

Инсистирањето на Бугарија да ги блокира разговорите за пристапување во Европската Унија со Северна Македонија ризикува да создаде уште една...

Свет3 часа

„Модерна“ бара од САД и ЕУ да ја одобрат нејзината вакцина

Фармацевтската компанија „Модерна“ побара од регулаторите на САД и Европа да ја дозволат употребата на нејзината вакцина против коронавирус. Компанијата...

Свет3 часа

Азар: Првите вакцини против коронавирус во САД ќе стигнат пред Божиќ

Првите две вакцини против новиот коронавирус би можеле да им бидат достапни на Американците пред Божиќ, изјави американскиот министер за...

Свет3 часа

Си-ен-ен: Кина од почетокот криела податоци за коронавирусот, покажувала помали бројки

Си-ен-ен објави ексклузивни документи за кои наведува дека покажуваат значајни пропусти од страна на Кина на почетокот на епидемијата на...

Свет3 часа

Американски експерти: Ким е вакциниран против Ковид-19, вакцината му ја дала Кина

Кина му обезбедила експериментална вакцина против коронавирус на севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун и неговото семејство, тврди американскиот аналитичар Хери Казианис,...

Свет4 часа

САД: Осуден на смрт пред 20 години не може да биде погубен бидејќи нема инјекција

Судот во Јужна Каролина донесе одлука да се одложи извршување на смртната казна со вбризгување инјекција на осуденикот Ричард Бернард...

Македонија4 часа

Меркел: Северна Македонија се надеваме годинава да ги почне преговорите, Албанија ќе почека

Северна Македонија сè уште има шанси да ја одржи првата Меѓувладина конференција со ЕУ оваа година, во текот на германското...

Македонија12 часа

Нови 336 заболени и 32 починати од Ковид-19 во земјава

Во последните 24 часа се направени 1181 тестирања, а регистрирани се 336 нови случаи на ковид-19 во: -Скопје 95 -Куманово...

Свет15 часа

(Видео) Пензионери излегоа на улиците на Минск против Лукашенко

Стотина пензионери протестираа денеска во Минск барајќи оставка од долгогодишниот авторитарен претседател Александар Лукашенко. Безбедносните сили во еден момент спречија...

Регион16 часа

Руската вакцина „спутник V“ ќе стигне во Србија до крајот на неделата

Првиот дел од руската вакцина „спутник V“ ќе пристигне во Србија до крајот на оваа недела, соопшти владината прес-служба на...

Македонија17 часа

Групата за процена во ЦУК: Да се продолжи кризната состојба

Денеска, во Центарот за управување со кризи се одржа втора седница на групата за процена во ЦУК. Со седницата на...

Свет17 часа

Се самоуби телохранителот на Путин

Припадник на руската Федерална служба за безбедност изврши самоубиство денеска додека бил на должност во Кремљ, соопшти полицијата. „Вработен изврши...

Свет18 часа

Во Јапонија повеќе луѓе починале поради самоубиства отколку од Ковид-19

Експертите предупредуваат дека пандемијата би можела да доведе до криза на менталното здравје кај луѓето. Масовната невработеност, физичката дистанца и...

Македонија22 часа

Филипче: Состојбата во болниците се стабилизира, очекуваме повеќе исписи од приеми на болни

Министерот за здравство, Венко Филипче, утрово одржа состанок со директорите на ковид-центрите од клиниките во комплексот „Мајка Тереза“ на кој...

Македонија23 часа

Престануваат да важат мерките против загадувањето во Тетово, Куманово и Кавадарци

Мерките против загадувањето кои пред два дена беа воведени во Тетово, Куманово и Кавадарци, престануваат да важат, соопшти Владата. „Согласно...

Европа23 часа

Во поранешниот берлински аеродром наскоро ќе се вакцинираат по 4.000 луѓе дневно

Големиот натпис „Добре дојдовте“ сè уште виси пред берлинскиот аеродром Тегел, кој месецов беше затворен засекогаш. Но, наскоро се очекува...

Економија23 часа

За време на пандемијата 15.000 лица останале без работа

За време на пандемијата без работа останале околу 15.000 лица во Македонија, истакна министерот за економија, Крешник Бектеши, повикувајќи се...

Економија23 часа

Бензините и дизелот поскапуваат

Горивата од ноќеска на полноќ ќе поскапат за 1 и за 1,5 денар, одлучи Регулаторната комисија за енергетика. Со денешната...

Македонија24 часа

Плевнелиев: Скопје да даде гаранции за реформи, Софија да се откаже од ветото

Oднecите меѓy Софија и Скопје треба итно да деескалираат со одлучен чекор направен од двете страни, вели поранешниот бугарски претседател...

Досие