Контакт

Забава

Денеска е Светски ден на спиењето

Објавено пред

Светскиот ден на спиењето – 19 март, годинава се одбележува под мотото Да спиеме добро – да останеме здрави

Светскиот ден на спиењето – 19 март, годинава се одбележува под мотото Да спиеме добро – да останеме здрави.

Квалитетното спиење е многу значајно за здравјето на човекот и неговите работни способности. Според статистичките податоци, дури 25 отсто од сообраќајните несреќи се случуваат поради заспивање зад волан.

Во медицината се познати 85 различни пречки во спиењето. Разните видови на несоница, пречките во дишењето при спиење и слично, предизвикуваат лошо чувство кај поединецот, утрински главоболки, поспаност и се причина за дел од несреќите на работното место и во сообраќајот.

Но несоницата може да води и во сериозни последици како кардио-васкуларни болести, миокарден инфаркт, мозочен удар и ненадејна смрт во тек на спиењето.

Затоа е многу значајно навременото откривање и лекување на пречките во спиењето.

Според експертите идеални предуслови за добро спиење на поединецот е навечер да не биде под стрес, да не се задржува на многу силна светлина, да не јаде обилна вечера, да не пие поголемо количество алкохол и пред спиење да не пуши цигари, бидејќи никотинот предизвикува несоница.

Одбележувањето е организирано од Светската асоцијација на медицината на спиењето (World Association of Sleep Medicine), група составена од експерти по медицина на спиењето од целиот свет. /крај/ста/мп



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава

Oд Марадона на „Инстаграм“ се прости и неговата последна девојка: Збогум, мој Диего

Објавено пред

И покрај тоа што нивната врска заврши скандалозно, 30-годишната русокоса Росио Олива се прости од Диего Марадона на „Инстаграм“. Роцио објави две стории на кои се прикажани фотографии од среќните денови со славниот фудбалер, а под едната пишува: Збогум, мој Диего.

Росио Олива беше гостин во една аргентинска телевизија и плачеше зборувајќи за Марадона. Таа рече дека неговите деца и поранешната сопруга не ѝ дозволуваат да се збогува со него на бдението.

„Ме боли што не ме пуштаат, го повредуваат и Диего. Јас сум неговата последна партнерка, имам исто право да се збогувам со него како и другите. Не знам зошто ми го прават тоа, не провоцирам никого“, изјави Росио, која не ги криеше солзите.

„Многу се сакавме. Тој беше многу љубезен кон мене, секогаш ќе го паметам по добро. Беше прекрасен кон моето семејство, имаше џиновско срце“, рече, меѓу другото, Росио.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Rocio! (@rocio_g_oliva)

Марадона и поранешата фудбалерка биле во врска неколку години, а се запознале во 2012 година. Тие се свршија во 2014 година, но свадбата никогаш не се одржа.

За прекинот на нивната врска пишуваа светските медиуми во 2018 година бидејќи Росио го избркала свршеникот од куќата што ѝ ја купил. Нивната разделба беше проследена со многу расправии. Роцио не сакала да замине од Аргентина во Мексико, каде што Марадона во тоа време му бил тренер на мексиканскиот второлигаш „Дорадоас де Синалоа“.

Прикажи повеќе...

Забава

Џенифер Анистон и нејзиното милениче Клајд имаат нов пријател

Објавено пред

Џенифер Анистон сподели фотографија на „Инстаграм“ во вторникот, каде што едвај се гледа нејзиното лице, а во заднина се гледа маж што лежи покрај нејзиното домашно милениче.

Преку фотографијата на која мистериозен човек лежи на подот додека нејзиното куче Клајд го крева погледот кон неа, Џенифер напиша: Те гледам, Клајд! Актерката (51) не се обрати и до мистериозниот човек што лежи покрај малото пријателче оставајќи ги фановите да се прашуваат кој е тој.

 

Добедничката на Еми-награда јасно стави до знаење дека е на снимање на втората сезона на хит-серијата The Morning Show со Рис Витерспун.

Прикажи повеќе...

Забава

(Видео) Дајан Китон импресионирана од новата верзија на „Кум 3“

Објавено пред

Дајан Китон е еуфорична во пофалбите за изменетата верзија на последниот дел од трилогијата „Кум“ на Френсис Форд Копола по добиената шанса да ја гледа.

Во разговор со „Варајети“ оваа среда актерката рече дека гледањето на новиот филм бил еден од најдобрите моменти во нејзиниот живот.

Оваа верзија на последниот од трите ремек-дела на Френсис Копола, со наслов „Кум на Марио Пузо, „Кода: Смртта на Мајкл Корлеоне“, се обидува да ги реши проблемите во оригиналниот филм што ги остави критичарите потиштени кога беше премиерно прикажан кон крајот на 1990 година.

„Ова беше еден од најдобрите моменти во мојот живот“, се воодушеви Китон кога го виде филмот на приватна проекција, која Копола ја организира во една од малите киносали на „Парамаунт “ за себе и за оригиналните ѕвезди Ал Пачино, Талија Шајер и Џорџ Хамилтон.

„За мене, тоа беше остварување на сонот. Го видов филмот во сосема поинакво светло“, рече таа.

Иако филмот имаше комерцијален успех заработувајќи речиси 137 милиони долари наспроти буџет од 54 милиони долари, многу критичари не беа импресионирани од него, особено во споредба со првите два филма „Кум“, кои се сметаат за ремек-дела.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Во Македонија 1.160 нови случаи на коронавирус, 30 лица починаа

Во последните 24 часа потврдени се 1.160 нови случаи на коронавирус, 30 лица починаа, а 1.094 оздравеа, соопшти Министерството за...

Македонија3 часа

Рот: Северна Македонија запиша историја со договорот со Бугарија, тоа сега треба и да се награди

Северна Македонија запиша историја со Договорот за пријателство со Бугарија, но и со решавањето на спорот за името со Грција,...

Македонија3 часа

Захариева: Бугарија ги блокира преговорите за Северна Македонија поради говорот на омраза

Бугарија ќе го блокира почетокот на преговорите на Република Северна Македонија со Европската Унија  сè додека не го напушти говорот...

Европа4 часа

Италија го воведува првиот „ковид-фри“ воздушен мост меѓу Европа и САД

Италија ќе го пушти првиот „ковид-фри“ воздушен мост меѓу Европа и САД за патниците со негативен тест на коронавирус, со...

Регион6 часа

Хрватска воведува строги мерки – се затвораат рестораните, училиштата, фитнес-центрите…

Премиерот на Хрватска, Андреј Пленковиќ, ги претстави новите строги мерки за борба против коронавирусот, кои ќе траат најмалку до 21...

Македонија6 часа

На вработените во МВР ќе им бидат исплатени заостанатите бонус плати за 2017 и 2018 година

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, денеска имаше он лајн состанок со претставници на Македонскиот полициски синдикат, предводени од претседателот...

Македонија7 часа

Црвенковски: Го замрзнувам членството, изјавите на Заев направија огромна штета

Поранешниот претседател и основач и долгогодишен претседател на СДСМ, Бранкo Црвенковски, во јавно обраќање до раководството и членовите на СДСМ...

Македонија8 часа

Заев: Фашистичката окупација била присутна, но не можете за цел народ да кажете дека бил окупатор

Македонскиот јазик и македонскиот идентитет не се на маса за преговори, вели премиерот Зоран Заев одговарајќи на новинарски прашања поврзани...

Македонија9 часа

На Клиниката за уво, нос и грло од денеска ќе се примаат пациенти заразени од коронавирус

Во текот на денешниот ден ќе се отвори и ковид-центарот на Клиниката за уво, нос и грло, каде што ќе...

Македонија11 час

Ѓоргиев за „Дојче веле“: Историските прашања да не се користат како политичка алатка

Генерално, погрешен е пристапот историските прашања да се користат како политичка алатка, изјави македонскиот историчар Драги Ѓоргиев, претседател на македонскиот...

Топ13 часа

Запленета марихуана во Струшко, приведен дилер од Албанија

Полицијата вчера заплени марихуана во Струшко и приведе дилер од Албанија по претходно добиени оперативни сознанија. Од МВР информираат дека...

Македонија13 часа

Пендаровски: Постои дилема дали државниот врв настапува единствено во спорот со Бугарија

Спорот со Бугарија може да се реши само ако доследно се почитуваат и македонскиот и бугарскиот народ и со избегнување...

Македонија13 часа

Опозицијата бара оставка од Заев поради вчерашното интервју

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ бара оставка од премиерот Зоран Заев поради ставовите изнесени во интервјуто за бугарската новинска агенција „Бгнес“. Од ВМРО-ДПМНЕ...

Свет14 часа

Меркел: Задолжително маски и на отворено

Германската канцеларка, Ангела Меркел, објави дека ограничувачките мерки против коронавирусот ќе бидат продолжени најмалку до 20 декември, а можеби и...

Свет14 часа

Трамп одобри помилување на својот поранешен советник за национална безбедност

Американскиот претседател, Доналд Трамп, го одобри помилувањето на својот поранешен советник за национална безбедност, генерал Мајкл Флин, што медиумите го...

Македонија1 ден

Мицкоски повика на предупредувачки протест за одбрана на македонските црвени линии

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, преку социјалните мрежи повика на натпартиски протест за одбрана на црвените линии во преговорите со...

Македонија1 ден

1.288 новозаразени од Ковид-19, починаа 39 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3.349 тестирања, а регистрирани се 1.288 нови случаи на...

Македонија1 ден

Кај Тумбе Кафе има околу 10.000 гранати од Првата светска војна, уништувањето ќе почне во декември

Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) соопшти дека во декември ќе започне уништувањето на неексплодираните гранати од Првата светска војна...

Свет1 ден

Кинески експерти тврдат дека коронавирусот не потекнува од Кина

Кинескиот државен весник „Пиполс дејли“ тврди, повикувајќи се на изјави на кинески експерти, дека коронавирусот не потекнува од Вухан, град...

Меѓународен1 ден

Почина Диего Армандо Марадона

Легендарниот аргентински фудбалер, Диего Армандо Марадона (60) почина од срцев удар во родната земја, јавуваат тамошните медиуми. Легендарниот фудбалер починал...

Досие