Контакт

Забава

„Паметно“ апче што помага на децата во пубертет

Објавено пред

Тинејџерите ќе можат да станат попаметни со земање на апче кое го стимулира делот од мозокот кој го контролира учењето и меморијата, велат научниците.

dobivaj vesti na viber

Тинејџерите ќе можат да станат попаметни со земање на апче кое го стимулира делот од мозокот кој го контролира учењето и меморијата, велат научниците.Студијата е спроведена од научниците во Американскиот SUNY Downstate медицински центар во Бруклин и е објавена во магазинот „Science“.Научниците тврдат дека откриле рецептори во мозокот кои диктираат колку учат луѓето – особено за време на пубертетските години- и вооружени со ова знаење би можеле да развијат апче кое ќе им помогне на тинејџерите да ги „отворат и прошират“ своите умови.Рецепторот кој се вика алфа4-бета-делта, наводно ги забавува процесите на учење кога тинејџерите ќе влезат во пубертет. Научниците тврдат дека доколку родителите му даваат регуларна доза на стероиди на своето дете, ќе го негираат ефектот на овој рецептор, пренесе Телеграф.Д-р. Шерил Смит, професор по физиологија и фармакологија на Медицинскиот центар, тврди дека резултатите добиени од истражувањето се огромен напредок.„Имаме реална можност да развиеме апчиња кои ќе ја зголемат можноста за учење по пубертетот, и ова ќе биде од особено значење за адолесцентите кои имаат проблеми со учењето,“ истакна Смит и додаде дека додека да го направат апчето, тинејџерите треба да се потрудат сами да го зголемат учењето со разни техники за намалување на стресот во својот живот. /крај/те/ко



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава

(Видео) Ники Минаж ја гаѓаа со шише, а нејзината реакција стана хит: раперката врати со иста мера

Објавено пред

Ники Минаж во свој стил одговори на недоличното однесување на публиката.

dobivaj vesti na viber

На настапите се почесто се случува разни предмети да завршат на сцената, па многу музичари доживеале непријатност на концертот кога некој од публиката ќе ги фрли кон нив.

Во иста ситуација се најде и популарната Ники Минаж, кога еден од обожавателите фрли пластично шише кон раперката на нејзиниот настап.

Меѓутоа, пејачката навреме го забележа и се потргна, па шишето не ја удри, а потоа го зеде и го фрли кон него. Овој нејзин потег изненади многумина, а видеото од концертот стана вирално на социјалните мрежи.

Прикажи повеќе...

Забава

Дуа Липа привлече внимание на забава во Њујорк: фустан со длабоко деколте и необичен изрез

Објавено пред

Дуа Липа присуствуваше на синоќешната гала „Тајм 100“ во Њујорк, а ги привлече погледите во фустан на Шанел со необично деколте.

dobivaj vesti na viber

28-годишната британска кантавторка заслепуваше во скроен фустан на Шанел на галата „Тајм 100“ во Њујорк.

Белиот фустан од тантела беше извезен со кристали и цветни детали. Изгледот на Липа беше инспириран од колекцијата Métiers d’art 2023/24 на модната куќа.

Фустанот имаше и длабоко V-деколте и црна машна под која го истакна папокот со мал необичен исечок.

Носеше и неколку фенси дијамантски прстени, како и ѓердан што стигнуваше меѓу нејзиното деколте.

Нејзината црвена коса беше обликувана во „лесни бранови“, а изгледот го комплетираше со едноставна шминка.

Прикажи повеќе...

Забава

Хороскопски парови кои истрајуваат дури и кога ќе стане тешко

Објавено пред

Хороскопските парови кои секогаш преживуваат се тука еден за друг дури и во тешки времиња. Нивната врска е силна и поради довербата и искреноста што ја имаат.

dobivaj vesti na viber

Што и да се случи, тие ќе бидат тука да се поддржуваат еден со друг. Овие хороскопски парови го имаат целиот потенцијал да ги надминат сите тешкотии. Кога еден од нив не е во најдобра состојба да се соочи со проблеми, тогаш другиот презема иницијатива и го покрива во се.

Хороскопски парови кои секогаш траат

Рак и Јарец
Ова е многу силен пар. Немојте да ве залажува фактот дека Ракот како личност е почувствителен или попридушен. За неговото семејство и оние што ги сака, тој станува повеќе од само карпа и може да направи се. Може да ги придвижи и земјата и небото, да помогне и поддржи. Од друга страна, Јарците се многу силни, па не им е тешко да му помогнат и да го поддржат Ракот, но и да го негуваат и да направат се што треба за да излезат посилни од целата ситуација.

Лав и Овен
Нивната сила во заедницата е неизмерна. Тоа се две личности кои по природа се лидери. Тие се многу силни карактери, но успешно примаат удари. Што и да се случи во животот, другиот ќе биде многу среќен да му помогне, да го поддржи и да стане негова карпа додека не се надминат сите пречки и проблеми. Знаат што да прават и му даваат на другиот онолку време колку што му е потребно за да застане на нозе.

Вага и Девица
Ова е пар кој навистина ќе стои еден до друг до крај. Тоа е во исто време карпа која е потпора и мирно пристаниште каде што можат да бидат во мир. Вагите секогаш го поддржуваат партнерот и им помагаат во се. Тие се грижат за нивната општа благосостојба и ако тоа е добро, и Вагите ќе бидат добри. Во тешки времиња, тие ќе чекорат напред и ќе преземат иницијатива. Од друга страна, Девиците даваат и им служат на луѓето. За неа поддршката на партнерот е се. Во спротивно тоа би го сметала за предавство, па не би ни зборувала за тоа.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет19 минути

Израел е подготвен да прифати ослободување на помалку од 40 заложници, пишуваат медиуми

Израел е подготвен да го ублажи барањето од Хамас и да ослободи 40 заложници во замена за привремен прекин на...

Македонија41 минута

ВМРО-ДПМНЕ: Над 180.000 гласови предност се обврска за ВМРО-ДПМНЕ Македонија повторно да ја врати на народот

180.000 гласа разлика во корист на Силјановска Давкова и ВМРО-ДПМНЕ пред Пендаровски и СДС е порака дека народот сака промени...

Свет57 минути

Америка и испраќа на Украина скап пакет оружје, откриeно што може да има во него

Веќе во петок, САД би можеле да објават нов пакет оружје за помош на Украина во вредност од шест милијарди...

Регион1 час

Лекари во Загреб вградиле мозочен стимулатор на маж со Паркинсонова болест : „Може да вози велосипед, да плива“

Уште еден голем успех на хрватските лекари. Тим хирурзи во болницата Дубрава прв во овој дел од Европа вгради мозочен...

Свет1 час

Русите уапсија двајца нивни војници за грозоморни злосторства

Двајца руски војници се приведени под сомнение дека убиле пет лица во окупираниот дел од областа Херсон. Александар Осипов и...

Македонија12 часа

Ковачевски: Ќе продолжиме да се бориме за секој граѓанин и за европската иднина на Македонија

„Вчера граѓаните нѝ пратија силна порака и ние таа порака ја слушнавме. Но, се лажат сите кои мислат дека ќе...

Македонија12 часа

Јакимовски до Муцунски: Прв излегов и го признав поразот, а тие во алкохолизирана состојба едвај го прочитаа тоа што го напишале

„Колегата Тимчо Муцунски се подбивал со мојот резултат на овие претседателски избори, притоа обидувајќи се малку да биде вицкаст. Иако...

Македонија13 часа

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Мириса на промени, бранот започна и нема запирање. Она што го говорев кога дојдов тука пред некоја недела, стана вистина....

Македонија15 часа

Позитивна оценка за првиот круг од претседателските избори, забелешки за острата и негативна реторика од страна на ОБСЕ/ОДИХР

Првиот круг од претседателските избори беше конкурентен и гласачите можеа да направат информиран избор. Меѓународната набљудувачка мисија на ОБСЕ/ОДИХР во...

Македонија19 часа

Во прв круг за претседател е избран само Киро Глигоров со освоени 715.087 гласа, Силјановска-Давкова и Пендаровски вторпат одат во втор круг

По вчерашниот прв круг од седмите претседателски избори, Киро Глигоров остана единствениот претседател избран во прв круг од осамостојувањето до...

Топ19 часа

Маж од Радовиш со месеци сексуално вознемирувал малолетно девојче

Радовишанец со месеци силувал малолетничка Вчера, во Полициската станица Радовиш било пријавено дека 45-годишен жител на Радовиш во периодот од...

Македонија20 часа

Таткото на Вања ќе оди во куќен притвор, Врховниот суд му ја уважи жалбата

Врховниот суд ја уважи жалбата на таткото на убиената Вања Ѓорчевска. Со тоа укинат му е притворот и определени се...

Македонија22 часа

Ангелов за ДУИ: Со пушка дојдоа на власт, со пенкало да ги отераме на буништето на историјата

Колку и да е убедлива, победата нема да биде комплетна доколку ДУИ не биде срушена од власт, вели претседателот на...

Македонија22 часа

Стевчо собра повеќе потписи од гласови – поразот на Јакимовски главна тема на социјалните мрежи

Кандидатот за претседател на ГРОМ и актуелен градоначалник на скопската општина Карпош, Стевчо Јакимовски, на вчерашниот прв круг од претседателските...

Македонија22 часа

Почина менаџерот Велибор Џаровски-Џаро

На 75 години денеска почина менаџерот Велибор Џаровски-Џаро по кусо боледување, потврди семејството. Тој важи за еден од најпознатите менаџери на...

Македонија22 часа

Пендаровски победи во три општини, а Таварари и Димитриевски само во општините во кои се градоначалници

Кандидатите за претседател Гордана Силјановска-Давкова и Бујар Османи освоија најмногу гласови на претседателските избори по број на општини. Според податоците...

Македонија23 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Народот избра промени, да излеземе уште помасовно на 8 мај

Огромната поддршка обврзува за промени и брзи резултати, да излеземе уште помасовно на 8-ми мај, а потоа следува економска трансформација...

Македонија23 часа

Силјановска убедливо пред Пендаровски во првиот круг со 40 наспроти 19,93 отсто од гласовите

Кандидатката за претседател поддржана од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, Гордана Силјановска, со убедливо водство влегува во вториот круг од претседателските избори,...

Македонија1 ден

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Денеска, ЗНАМ заедно со сите свои пддржувачи ја испишува новата политичка историја на македонската политичка сцена, рече вечерва претседателскиот кандидат...

Македонија1 ден

Нема да се откажеме и нема да ги наведнеме главите, порача Ковачевски

Денеска е тежок удар за европската перспектива на Македонија, но не е доцна да се смени правецот, откажувањето не е...