Забава
Операција поради испраќање на смс-пораки
Шеснаесетгодишна Американка испраќала повеќе од сто смс-пораки на ден, по што ќе мора да оди на болна операција на зглобовите.
Шеснаесетгодишна Американка испраќала повеќе од сто смс-пораки на ден, по што ќе мора да оди на болна операција на зглобовите.
Средношколката Ени Левиц од Чикаго го изгубила чувството во дланките и носи помагала на двата рачни зглоба и мора неколкупати дневно да пие апчиња против болките, како последица од претерано пишување пораки на мобилниот телефон.
По препорака на лекарите таа ќе мора да оди операција која барем малку ќе и го олесни животот со синдромот на капиларен тунел што го добила, пренесува ABC News. Заради овој синдром, нервите на Ени се едноставно „заробени“ во зглобот.
Ваквата состојба инаку се поврзува и со претераната употреба на тастатурата на компјутерите, предупредуваат лекарите.Е
ни се жали дека веќе не може да испраќа пораки толку често колку што порано испраќала, па сега пишувала само 50 смс-пораки./крај/фо/ин
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Даниел Данн овјави нова песна „Ќе се шекнам“
Даниел Данн со новиот сингл и видео запис „Ќе се шекнам“ ја започнува новата година. Песната е дел од EP изданието „TOP“, објавено под етикетата UP28 Music.
Автор и продуцент на песната е Александар Ристовски – Принц, кој со својата поддршка и креативна соработка придонесе Daniel Dann повторно активно да се врати на музичкото творештво и да започне со реализација на нови проекти.
Видеото е реализирано во продукција на Hit Maker, кои воедно му ја доделија и наградата за машки артист на годината. Во спотот учествуваат истакнати танчери и кореографи Даниел Коцев, Леонтина Ѓорѓиевска и Стефи Здравковска, додека за мејкапот е задолжена Марија Лазарова (Trend AS by ML).
„Среќен сум што токму со ‘Ќе се шекнам’ ја започнувам новата година. Овој проект за мене претставува нов почеток и силна мотивација со уште поголема посветеност да продолжам со реализација на следните музички проекти.“, вели Даниел Данн.
Песната „Ќе се шекнам“ од денес е достапна на сите музички платформи.
Забава
Во Торонто отворен Музеј на „промашени“ подароци
Во Торонто е отворен Музејот на лоши подароци, каде што се изложени „неуспешни“ подароци, односно оние што лицето кое ги примило не му се допаднале. Музејот ги покани граѓаните да донираат подароци кои едноставно не се за нив, на кои не им е посветено многу внимание при изборот или кои се „навистина ужасен подарок“, објавува „Торонто Сан“.
Според музејот, тие подароци „дадени од обврска, погрешна проценка или чиста апатија“ можат да најдат нов дом и да добијат шанса да блеснат, наместо да бидат закопани во длабочините на плакарот на примателот.
Иако повикот за поднесување беше објавен пред изложбата, кокураторката на музејот, Шари Касман, изјави за „Торонто Сан“ дека сите оние кои сакаат да придонесат за изложбата сè уште можат да ги донесат своите „подароци“ додека е отворена изложбата.
„Се фокусираме на сè што некој лично го смета за лош подарок и генерално не ги отфрламе апликациите освен ако предметот јасно не паѓа во духот на изложбата. Секогаш велиме дека лошиот подарок на една личност е богатство на друга личност. Затоа секој подарок во музејот е изложен со кратко објаснување зошто лицето кое го примило го сметало за лош подарок“, рече Касман.
Од подароците што се моментално изложени, Касман призна дека било „тешко да се избере“ кои се најлошите од најлошите, но конкретно спомена дека меѓу нив има античка кукла со ротирачка порцеланска глава што има три различни изрази на лицето, „од морничава до застрашувачка“.
Вториот предмет е „ѕверот од школки“, тешка скулптура направена од десетици зашилени школки што формираат „големо, шарено суштество“ што личи на полжав, а третиот најлош подарок е мала бакарна тава, каде што приказната зад подарокот е многу полоша од самиот подарок, бидејќи е купена со верување дека е со редовна големина, а се покажало дека тавата му е доставена на купувачот преку онлајн купување со дијаметар од само неколку сантиметри.
Подароците изложени во музејот се или позајмени или донирани, а донираните производи подоцна ќе бидат изложени на аукција, од која приходите ќе бидат предадени на банката за храна „Дневниот леб“. Како што објави Танјуг, изложбата ќе биде отворена до 4 јануари.
Забава
Сопругата на Брус Вилис му посвети пост на актерот: „Пред 18 години тој ми стана дечко“
Сопругата на Брус Вилис, Ема Хеминг Вилис, на трогателен начин одбележа 18 години од почетокот на нивната врска, споделувајќи емотивна посвета на својот сакан сопруг, кој се бори со сериозна болест. Двојката ја започна својата врска кон крајот на 2007 година, а се венча во март 2009 година, објави „Унилад“.
За да прослави речиси две децении љубов, 47-годишната Ема објави заедничка фотографија на Инстаграм на последниот ден од минатата година, заедно со трогателни зборови.
„Пред 18 години, тој ми стана дечко. Со еден бакнеж на врвот од мојата глава, времето застана“, напиша мајката на две деца, додавајќи: „Толку сум среќна што познавам ваков вид љубов“.
Таа исто така признава дека понекогаш „невино го проколнува името на Вилис“ кога е преоптоварена од празничните обврски што некогаш биле негови. „Не затоа што сум лута на него, никогаш тоа, туку затоа што ми недостига начинот на кој порано ги водеше празничните подготовки“, додаде таа.
Таа го завршува својот есеј со порака за важноста на адаптирањето и споделува неколку оптимистички совети за секој што се наоѓа во слична ситуација. „Не успеваш ако работите изгледаат поинаку. Се адаптираш“, е една од пораките. Друга статија гласи: „Никому не должите објаснување за тоа како избирате да славите или да не славите“.

