Забава
Fashion TV забава во Colloseum
Убавината и гламурот вчера вечер беа уште еднаш собрани на едно мести и во исто време на спектакуларната Fashion TV забава која ја организираше клубот Colloseum.
Убавината и гламурот вчера вечер беа уште еднаш собрани на едно мести и во исто време на спектакуларната Fashion TV забава која ја организираше клубот Colloseum.
Црвениот тепих, убавите хостеси, големиот број на фоторепортери беше дел од големата организација на овој нaстан.
Дел од гостите се сложија дека македонските фаци уште еднаш покажаа дека сакаат да се забавуваат и дека ваков тип на забави треба да се случуваат и организираат почесто.
Мики Црнокрак, сопственик на модното студио „Црнокрак“ на вчерашната забава истакна дека со начинот на кој е организирана забавата не заостануваме со ништо од оние Fashion TV забави во странство.
„Самиот факт дека забавата уште не почнала, а дискотеката е преполна покажува дека македонците се желни за вакви забави кој треба да се организираат многу почесто“ рече Црнокрак.
На самиот влез во дискотеката гостите беа пречекувани од три хостеси кои со шампањ им посакуваа добредојде на гостите.
За доброто расположение и забава на гостите беа задолжени High Hills.
Мејк-ап артистот Александар Билјановски-Дадар, за забавата истакна дека е убаво што постои ваков тип на забави.
„Убаво е, иако луѓето не се дотерани доволно за еден ваков тип на забава, бидејки ќе ги има Fashion TV требаше да бидат малку повеќе дотерани.
Од македонските познати фаци многу малку можат да си го дозволат моментот кој се нарекува red carpet.
Пред се треба да се работи многу на имиџот и на стајлингот па потоа на однесувањето и на манирите во јавност, посебно за јавните личности“ рече Дадар.
Според него, во секој случај одиме напред.
Дејан Ѓорѓиевски, претставник од „Порше“ изјави дека ваквиот тип на забави во Македонија е потребен поради тоа што модата дефинитивно застанува од она што е тренд во светот.
„Преку ваквите забави се трудиме да ги внесеме луѓето поблиску во светот на модата.
Мислам дека на ваквите настани треба да земат учество и луѓето од средната класа а не само од повисоката класа, за да се прифати фактот дека во Македонија се живее нормален живот“ додаде Ѓорѓиевски.
Според него, со ова што го прави Fashion TV, сите други земји од страна треба да видат дека и Македонија и македонскиот народ знае да се забавува.
Сопственичката на Студио и академија „Леонтич“, Васка Леонтич истакна дека организацијата на забавата е многу добра и треба се почесто да се прават вакви забави, со што треба да се стави поголем акцент во програмскиот дел.
„На тој начин луѓето ќе имаат повеќе простор да се зближат и да критикуваат затоа што реално сите ја изгубивме навиката за дружење“ додаде Леонтич.
Според неа, јавните личности не знаат да се носат со ваквиот тип на забави и дека треба уште многу да учат.
„Мислам дека треба многу повеќе да се удри акцент во поглед на гламурот кој што фалеше оваа вечер“, рече Леонтич.
Инаку од познатите јавни личности на синоќешната забава беа присутни Маја Вукичевиќ, Јован Јованов, Влатко Илиевски, Мики и Светлана Црнокрак, Сергеј Варошлија, Ношпал, Александар Билјановски-Дадар, голем дел од фото моделите.
Поддржувачи на оваа спектакуларна забава беа Т- Mobile и T-Home, ТТС, Порше, Тиквеш и Гемак../крај/ир/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) На 81 година, Мајкл Даглас вози санки по Арктикот и спие во хотел од мраз
Мајкл Даглас (81) објави видео од Арктикот, каде што вози моторни санки и престојува во хотел изграден целосно од мраз. Ова патување доаѓа откако неодамна го посетил и Антарктикот. Во снимката, тој ги опишува мразот, излегувањето на сонцето околу 10 часот и мракот кој паѓа веќе во 14 часот. Посетил и леден хотел со уметнички скулптури во собите.
Покрај патувањето, Даглас најави и објавување на свои мемоари, каде што ќе зборува отворено за својот живот, семејството и искуствата надвор од славата.
View this post on Instagram
Забава
Каков прв состанок сака секој хороскопски знак
Некои сонуваат за вечера со свеќи, други би побегнале на патување, а трети најмногу се вљубуваат додека се забавуваат на исто место во исто време. Идеалниот состанок не изгледа исто за секого – бидејќи ниту романтиката не е универзална. Каков состанок одговара на секој хороскопски знак, открива „Индекс“.
♈ Овен
Најлошо му е кога е сè пребавно и „премногу тивко“. Идеалниот состанок започнува спонтано: краток пијалок, па некаква активност – билијард, картинг, пикадо, видео игри – што било каде што нешто се случува и каде што може да се натпреварува (па макар и на шега).
♉ Бик
За него романтиката е во уживањето. Вечера во проверен добар ресторан, десертот не се прескокнува, па мирна прошетка – тоа е неговиот јазик на љубов.
♊ Близнаци
Не поднесуваат состаноци кои изгледаат како долга пауза. Им треба динамика: кафе, па изложба или паб квиз, па „ајде уште тука“ – идеално кога вечерта има неколку станици, а разговорот секогаш оди во нов правец.
♋ Рак
Бара чувство на сигурност и топлина. Пријатно бистро, домашна вечера или филмска вечер, со акцент на „ние“ – без врева, без глумење, со разговор што останува во срцето.
♌ Лав
Сака сè да изгледа како настан. Коктели на убаво место, добра светлина, малку гламур и чувство дека вечерта е посебна – дури и ако трае само неколку часа.
♍ Девица
Не поднесува хаос, но го вреднува трудот. Идеалниот состанок е организиран и смислен: кафе, па прошетка или мал излет – деталите се важни, но на тивок, прецизен начин.
♎ Вага
Ја сака естетиката и атмосферата. Вино, убава околина, галерија или некој културен настан, па вечера на место каде што не мора да се викаш за да се слушнеш – сè треба да биде „по мерка“.
♏ Шкорпија
Не се пали на генерички сценарија: сака нешто интимно, малку мрачно, со доза на напнатост. Добар бар, музика, долг разговор и чувство дека „нешто се случува“, и без многу зборови.
♐ Стрелец
Најсреќен е кога состанокот е мини авантура. Роуд трип до блиско место, улична храна, нешто ново и смешно, план кој се менува во движење – за него романтиката е во слободата.
♑ Јарец
Вреднува квалитет без драма. Сериозна, добра вечера, добро вино и разговор со смисла. Без потреба од спектакл, но мора да се почувствува почит и намера.
♒ Водолија
Бега од клишеа. Идеалниот состанок е неконвенционален: стендап, паб квиз, алтернативен концерт или нешто сосема случајно – што подоцна ќе стане добра приказна.
♓ Риби
Најнежни од сите. Прошетка покрај вода, топло вино или чоколадо, мирна атмосфера и романтика што повеќе се чувствува отколку што се планира.
Естрада
По нападите врз Чолиќ и Кајмакоски, Хари Мата Хари не стравува: „Нема што да земат од мене, не станав богаташ од оваа работа“
Познатиот пејач Хари Мата Хари наскоро ќе одржи концерт во Белград, а особено се радува што по 10 години објави нова песна. На прес-конференција, тој отворено зборуваше за својата кариера, за колегите од естрадата, но и за актуелната клима на страв по неодамнешните инциденти.
По нападот врз домот на Здравко Чолиќ, кога беше фрлена бомба, и по киднапирањето на Даниел Кајмакоски, дел од музичката сцена изрази загриженост. Но, Хари тврди дека нема причина да се плаши.
„Мислам дека не сум толку важен. Немам обезбедување. Немам што да им дадам, немаат што да земат од мене“, изјави Хари, додавајќи дека е убеден дека не се замерил со никого, пренесе „Пинк“.
„Не станав богаташ од оваа работа, ниту некого премногу го иритирав. Не сум се дружел со погрешни луѓе“, додаде тој.

