Контакт

Забава

Љубовни седишта во автобусите во Копенхаген

Објавено пред

Љубовни седишта во автобусите во Копенхаген

dobivaj vesti na viber

„Никогаш не се знае што може да се случи па и љубов на прв поглед во автобусите“ гласи слоганот на компанијата за јавен превоз која нуди седишта резервирана за патници муабетчии.

Во секој од 103 автобуси на пет линии во главниот град на Данска, компанијата Арива преслече по две седишта во црвено.

„Љубовните седишта“ се едно до друго и немаат потпор за рака меѓу нив, објаснуваат од компанијата.

Некој од возачите забележале како многу девојки седнуваат токму на тие седишта со надеж дека ќе запознаат некој.

„Не можеме да гарантираме дека ќе најдете идеална особа.Едноставно нудиме можност луѓето да комуницираат, се смеат и можеби да освојат нечие срце“, вели портпаролот на компанијата Мартин Векс.

Акцијата ќе трае две недели и сите заинтересирани можат да резервираат билет.

„Целта на оваа акција е да ги убедиме патниците да ги остават своите автомобили и да го користат јавниот превоз за да си ги зголемат шансите да ја пронајдат среќата“, додава Векс/крај/хи/ми



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава

(Видео) Српски актер јадеше леб, домати и паштета на плажа во Сплит: „Не дозволувајте лажните инфлуенсери да ви ги диктираат деновите“

Објавено пред

Српскиот актер Амар Мешиќ, кој глуми во хрватска серија, е на одмор во Сплит.

dobivaj vesti na viber

Се снимаше како јаде домати, леб и паштета на плажа.

„Никогаш не се преправајте дека сте нешто што не сте. Не дозволувајте лажните инфлуенсери да ви ги диктираат деновите. Уживајте во малите нешта како што јас правам леб, домати и паштета. Тоа е животот“, напиша тој во описот на видеото што го објави на „Тик-ток“.

@ammarmesic Nemojte nikad u životu glumiti nešto što niste. Nemojte da dozvolite da vam lažni influenseri kroje dane. Uživajte u malim stvarima kao i ja u hlebu, paradajzu i argeti. To je život. ❤️ #split #croatia #summer2025 ♬ original sound – Ammar

Видеото предизвика многу реакции.

„Не заборавајте дека хрватскиот туризам е изграден со туристи кои летувале низ целиот Јадран носејќи своја храна“, „Вака се јаде кога си среќен, кога си свој, кога уживаш во животот, а не во скапи ресторани за светот да го види“, „Нека луѓето јадат што сакаат“, „Јас претпочитам пита и јогурт“, „Ова ме враќа во моето детство“, „Тоа е за појадок, а за ручек може да имате печено пилешко кое можете да го исечете со прсти“, „Точно така, нема подобра комбинација“, се некои од коментарите.

Фото: принтскрин

Прикажи повеќе...

Забава

Џеј Ло открива што претпочита во спалната соба откако симулираше пози од 18+ години на сцената

Објавено пред

Џенифер Лопез отворено зборуваше за своите преференции во кревет за време на настапот на Летниот фестивал Лука во Италија, а нејзината директност предизвика бура од реакции кај нејзините обожаватели и луѓето на социјалните мрежи.

dobivaj vesti na viber

„Морам да бидам искрена со вас, ноќе сум во различно расположение. Не знам за вас, но понекогаш ми се допаѓа кога е жестоко. Други денови се чувствувам малку романтично. Палите свеќи и слушате тивка музика. Во тие денови ми се допаѓа навистина бавно“, рече таа.

Публиката беше изненадена од нејзината изјава, а таа продолжи: „Некои денови, можеби затоа што е ново време за мене, можеби затоа што е лето и е жешко надвор, се чувствувам попалаво. Дали некогаш сте се чувствувале толку палаво? Во тие денови ми се допаѓа брзо.“

Социјалните медиуми беа преплавени со коментари, претежно негативни.

„Отсекогаш ја сакав Џенифер Лопез, но таа одамна излезе од колосек“, „Тажно е во што се претвори оваа жена“, „Одвратно“, „Тажно е колку се труди да биде секс симбол, а одамна не е“, „Ужасно… Има 55 години и има деца, а се однесува вака“, „Самодовербата е одлична работа, а некои луѓе ја немаат“, „Не може да поднесе што старее“, „Толку е патетична“, се само дел од коментарите.

Фото: принтскрин

Прикажи повеќе...

Забава

Жизел Бундхен ги објави првите фотографии од својот петмесечен син

Објавено пред

Жизел Бундхен сподели редок и емотивен момент со своите 22,9 милиони следбеници на Инстаграм – ретки фотографии од нејзиниот петмесечен син.

dobivaj vesti na viber

Бразилската манекенка го прослави својот 45-ти роденден, а покрај своето дете, објави и фотографии со своето семејство, направени во природа, опкружени со зеленило и мир.

„Не бев многу тука во последно време, но сакав да одвојам еден момент да им се заблагодарам на сите за топлите желби за роденден.
Многу сум благодарна за уште еден круг околу Сонцето и уште поблагодарна што го поминав во природа, опкружена со љубов и моето семејство. Денес е и роденден на мајка ми. Многу ни недостига, но знаеме дека е секогаш со нас. Продолжувам да верувам и да го поздравувам животот со отворено срце, благодарна за сè што допрва доаѓа. Испраќам љубов на сите“, напиша таа во описот.

За потсетување, Жизел го роди своето трето дете во февруари оваа година. Ова е нејзиното прво дете со партнерот Хоаким Валенте, а има две деца од бракот со поранешниот американски фудбалер, а сегашен коментатор на ФОКС, Том Брејди. Двајцата се разведоа во 2022 година по 13 години брак.

Фото: принтскрин

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Метеж на Табановце и Богородица, се чека околу 40 минути

Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е...

Македонија11 часа

ЕМОФ: Велосипедистите од Исланд се во добра здравствена состојба, самоиницијативно тренирале на патеката која не е дел од официјалната

Во врска со сообраќајната незгода што се случи на 23 јули 2025 година, околу 12:00 часот на регионалниот пат Куманово...

Македонија13 часа

„Ер трактори“, пожарникари и локално население во обид да го стават под контрола пожарот во Преспанско; Беше закана за неколку села, вели Ангелов

Пожарот кој попладнево изби на брегот на Преспанското езеро во близина на селото Перово зафати поголема површина на трска и...

Македонија13 часа

Се трага по 16-годишно девојче во реката Вардар, соопшти ЦУК

Денеска, во 16:42 часот, на бројот за итни повици била примена пријава за две потонати женски лица, на возраст од...

Македонија17 часа

Орце Ѓориѓиевски и Каја Шукова ќе се борат за Град Скопје и со кандидат од „Влен“, Меџити името ќе го објави следната недела

Коалицијата „Влен“ ќе предложи свој кандидат за градоначалник на Скопје, најави денес првиот вицепремиер и министер за животна средина, Изет...

Топ18 часа

Автомобил удри во велосипедисти од Исланд, учесници на Младинските европски олимписки игри, пренесени се во болница

Вчера попладне во СВР Куманово било пријавено дека на регионалниот пат Куманово-Свети Николе, атар на село Зубовце, кумановско, патничко возило...

Македонија18 часа

Објавен оглас за ангажирање 300 невработени лица за помош на стари лица и лица со попреченост

Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши ја презентира новата мерка од оперативниот план за 2025 година – програмата „Општинско...

Македонија20 часа

Муртезани од Берлин: Пристапните преговори мора да бидат заштитени од билатерални условувања

Министерот за европски прашања Орхан Муртезани работната посета на Берлин ја почна со средба со државниот министер за Европа на...

Свет20 часа

„Никој не е поштеден“: деца и лекари умираат од глад во Газа

Палестинските новороденчиња умираат затоа што нивните мајки од глад го губат млекото. Дури и медицинските лица, кои се обидуваат да...

Регион21 час

(Видео) Огромен пожар беснее на Кипар, две лица загинаа

Две лица загинаа во огромен шумски пожар што беснее на јужен Кипар, а стотици се евакуирани бидејќи пожарите уништуваат домови...

Европа22 часа

(Видео) Се урна патнички авион во Русија

Авион „ан-24“ на „Ангара ерлајнс“, со најмалку 40 патници, се урна во руската област Амур, на далечниот исток од земјата....

Топ23 часа

Кривична против градоначалникот на Крива Паланка и двајца вработени во Општината: ја злоупотребиле службената положба

СВР Куманово поднесе кривична пријава против К.П.(59), М.К.(41) и С.М.(38), сите од Крива Паланка, поради постоење основи на сомнение за...

Свет1 ден

Британија и Индија ќе потпишат трговски договор: пониски царини за виски и автомобили

Обединетото кралство и Индија ќе потпишат договор за слободна трговија во четврток, за време на посетата на индискиот премиер Нарендра...

Европа1 ден

Украинците по преговорите: Зеленски би се сретнал со Путин утре доколку може

Русија и Украина ги исполнија сите хуманитарни договори постигнати за време на втората рунда разговори во Истанбул минатиот месец, изјави...

Европа1 ден

(Видео) Најмалку 10 пожарникари и спасувачи загинаа во пожар во Турција

Најмалку десет пожарникари и спасувачи загинаа, а 14 припадници на службите за итни случаи и шумарски работници се повредени при...

Македонија1 ден

Претежно сончево и многу топло, максималната температура до 42 степена

Времето денеска ќе биде претежно сончево и многу топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура...

Македонија1 ден

(Видео) Акција во мотел во Тетово: Приведено лице за проституција, повреден е полицаец

Полициски службеници од СВР Тетово спречија трагичен крај на млада девојка и истовремено приведеа маж под сомнение за посредување во...

Македонија2 дена

Ангелов ги замоли газдите на викендички да се заштитат од пожари: Со мотокултиватор или трактор нека изораат мек појас околу дворовите

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, апелира сопствениците на викендички и куќи надвор од градските средини да...

Македонија2 дена

Околу 500 невработени се пријавиле да гаснат пожари за 24.000 денари месечно, огласот истекува денес

Денес истекува огласот за владината мерка за справување со пожарите на кој се бараат 400 невработени за помош при гаснењето...

Македонија2 дена

Грција ја повтори поддршката за ЕУ интеграцијата, со порака за почитување на Преспанскиот договор

Поддршката од Грција за европскиот пат на Северна Македонија останува силна, но придружена со порака за целосна имплементација на Преспанскиот...