Забава
Се оженил со мачката со која живеел 10 години
Поштар од источна Германија се оженил со својата мачка со која живеел 10 години.
Поштар од источна Германија се оженил со својата мачка со која живеел 10 години.
Триесет и деветгодишниот маж се оженил со мачката по име Сесилија за која ветеринарите претходно му кажале дека е болна и дека нема уште многу долго да живее.
Германецот појаснува дека неговата мачка односно сопруга е доверлива, забавна и дека спие со неа во кревет, биле поврзани и меѓу нив владее хармонија.
Мажот за да се ожени, платил 300 евра на глумица која имала улога на матичар, бидејки венчањето со животни е забрането во Германија.
На церемонијата бил облечен во црно одело, а мачката била традиционално облечена во бело./крај/инх/ир
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
(Видео) Српски актер јадеше леб, домати и паштета на плажа во Сплит: „Не дозволувајте лажните инфлуенсери да ви ги диктираат деновите“

Српскиот актер Амар Мешиќ, кој глуми во хрватска серија, е на одмор во Сплит.
Се снимаше како јаде домати, леб и паштета на плажа.
„Никогаш не се преправајте дека сте нешто што не сте. Не дозволувајте лажните инфлуенсери да ви ги диктираат деновите. Уживајте во малите нешта како што јас правам леб, домати и паштета. Тоа е животот“, напиша тој во описот на видеото што го објави на „Тик-ток“.
@ammarmesic Nemojte nikad u životu glumiti nešto što niste. Nemojte da dozvolite da vam lažni influenseri kroje dane. Uživajte u malim stvarima kao i ja u hlebu, paradajzu i argeti. To je život. ❤️ #split #croatia #summer2025 ♬ original sound – Ammar
Видеото предизвика многу реакции.
„Не заборавајте дека хрватскиот туризам е изграден со туристи кои летувале низ целиот Јадран носејќи своја храна“, „Вака се јаде кога си среќен, кога си свој, кога уживаш во животот, а не во скапи ресторани за светот да го види“, „Нека луѓето јадат што сакаат“, „Јас претпочитам пита и јогурт“, „Ова ме враќа во моето детство“, „Тоа е за појадок, а за ручек може да имате печено пилешко кое можете да го исечете со прсти“, „Точно така, нема подобра комбинација“, се некои од коментарите.
Фото: принтскрин
Забава
Џеј Ло открива што претпочита во спалната соба откако симулираше пози од 18+ години на сцената

Џенифер Лопез отворено зборуваше за своите преференции во кревет за време на настапот на Летниот фестивал Лука во Италија, а нејзината директност предизвика бура од реакции кај нејзините обожаватели и луѓето на социјалните мрежи.
„Морам да бидам искрена со вас, ноќе сум во различно расположение. Не знам за вас, но понекогаш ми се допаѓа кога е жестоко. Други денови се чувствувам малку романтично. Палите свеќи и слушате тивка музика. Во тие денови ми се допаѓа навистина бавно“, рече таа.
Публиката беше изненадена од нејзината изјава, а таа продолжи: „Некои денови, можеби затоа што е ново време за мене, можеби затоа што е лето и е жешко надвор, се чувствувам попалаво. Дали некогаш сте се чувствувале толку палаво? Во тие денови ми се допаѓа брзо.“
Социјалните медиуми беа преплавени со коментари, претежно негативни.
„Отсекогаш ја сакав Џенифер Лопез, но таа одамна излезе од колосек“, „Тажно е во што се претвори оваа жена“, „Одвратно“, „Тажно е колку се труди да биде секс симбол, а одамна не е“, „Ужасно… Има 55 години и има деца, а се однесува вака“, „Самодовербата е одлична работа, а некои луѓе ја немаат“, „Не може да поднесе што старее“, „Толку е патетична“, се само дел од коментарите.
Фото: принтскрин
Забава
Жизел Бундхен ги објави првите фотографии од својот петмесечен син

Жизел Бундхен сподели редок и емотивен момент со своите 22,9 милиони следбеници на Инстаграм – ретки фотографии од нејзиниот петмесечен син.
Бразилската манекенка го прослави својот 45-ти роденден, а покрај своето дете, објави и фотографии со своето семејство, направени во природа, опкружени со зеленило и мир.
„Не бев многу тука во последно време, но сакав да одвојам еден момент да им се заблагодарам на сите за топлите желби за роденден.
Многу сум благодарна за уште еден круг околу Сонцето и уште поблагодарна што го поминав во природа, опкружена со љубов и моето семејство. Денес е и роденден на мајка ми. Многу ни недостига, но знаеме дека е секогаш со нас. Продолжувам да верувам и да го поздравувам животот со отворено срце, благодарна за сè што допрва доаѓа. Испраќам љубов на сите“, напиша таа во описот.
За потсетување, Жизел го роди своето трето дете во февруари оваа година. Ова е нејзиното прво дете со партнерот Хоаким Валенте, а има две деца од бракот со поранешниот американски фудбалер, а сегашен коментатор на ФОКС, Том Брејди. Двајцата се разведоа во 2022 година по 13 години брак.
Фото: принтскрин