Контакт

Забава

Најголем аеродром на светот

Објавено пред

“Ал – Мактум“, најголемиот аеродром на светот, како што се планира ќе биде отворен во Дубаи на 27 јуни годинава, но само за товарен сообраќај, додека првите патници ќе ги прифати во март 2011, изјавил извршниот директор на компанијата „Аеродроми Дубаи„, Пол Грифитс.

dobivaj vesti na viber

“Ал – Мактум“, најголемиот аеродром на светот, како што се планира ќе биде отворен во Дубаи на 27 јуни годинава, но само за товарен сообраќај, додека првите патници ќе ги прифати во март 2011, изјавил извршниот директор на компанијата „Аеродроми Дубаи„, Пол Грифитс. Аеродромот со шест писти и површина од 140 квадратни километри, ќе биде најголем во светот по пуштањето во работа на трите патнички терминали, проектирани за прифаќање на 120 милиони патници годишно. На аеродромот ќе има и 16 товарни терминали, со капацитет од 12 до 14 милиони тони стока. Контролната кула, висока 92 метри, ќе биде највисока на Блискиот исток.“Ал – Мактум“ ќе биде дел од комплексот “Дубаи Ворлд Централ“ во регионот Џебел Али, каде се наоѓа истоимената слободна економска зона, како и најголемото блискоисточно пристаниште. Комплексот ќе стане град – сателит на Дубаи, а според замислата на авторот на проектот вреден 33 милијарди долари, во него ќе живеат и работат 750 илјади луѓе. На територијата на комплексот ќе се наоѓаа хотели, станбени 24 катни згради, вили и трговски центар, пишува руската агенција Риа Новости.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава

(Видео) Романтична веридба на плажа прекината од нешто неочекувано, снимката насмеа многумина

Објавено пред

Млад човек решил да ѝ предложи брак на својата девојка на брегот на море, во присуство на блиски пријатели и сè било совршено сè додека не се појавил неочекуван „гостин“.

dobivaj vesti na viber

Видеото од романтично запросување на плажата во Умаг во Истра стана вистински хит на „Тик-ток“, собирајќи над 12 милиони прегледи, не благодарение на младиот пар, туку на случаен минувач од морето.

Пливач излегол од морето – и ја украл претставата.

@beltartuf prelepo #umag ♬ Jet2 Advert – ✈️A7-BBH | MAN 🇬🇧

Токму оваа спонтана и привлечна реакција предизвика бран ентузијазам кај корисниците на „Тик-ток“, кои изразија симпатии и се шегуваа за него во коментарите.

Фото: принтскрин

Прикажи повеќе...

Забава

Тие се незапирливи: најборбените хороскопски знаци кои никогаш не се откажуваат

Објавено пред

Кога е потребно, упорноста е нивно второ име и тие дефинитивно никогаш нема да се откажат од својата цел.

dobivaj vesti na viber

Некои хороскопски знаци имаат железна волја и никогаш не се откажуваат од своите цели, без разлика колку предизвици им стојат на патот. Овие знаци се инспирација за секој што сака да ги оствари своите соништа.

Запознајте ги трите најупорни знаци на зодијакот.

Јарец
Јарците се познати по својата дисциплина и фокус. Нивната упорност ги носи до врвот, честопати чекор по чекор, без оглед на пречките.

Шкорпија
Интензивните Шкорпии имаат страст што ги движи напред. Кога се фокусираат на цел, ништо не може да ги запре.

Овен
Овните се родени борци. Нивниот ентузијазам и храброст ги прават незапирливи во остварувањето на своите соништа.

Фото: принтскрин

Прикажи повеќе...

Забава

(Фото) Не е вештачка интелигенција: вилата на карпа навистина постои и се наоѓа над Макарска, во сопственост е на контроверзното семејство Петровиќ

Објавено пред

Деновиве, фотографии од прекрасна вила над Макарската ривиера се шират на социјалните мрежи. Фотографиите изгледаат толку нереално што многумина помислија дека е вештачка интелигенција. Но, не е, вистинска е. Тоа е луксузниот комплекс Кук Оаза, сместен на карпа над Макарска.

dobivaj vesti na viber

Комплексот се состои од пет вили, но најголемо внимание привлече вилата Кук, која изгледа како да извира од карпата. „Кралицата на ‘Кук оазата’ е спектакуларната вила Кук, која привлекува внимание со својата фантастична изведба и грандиозен изглед. Вилата Кук е архитектонско чудо кое ви го одзема здивот“, се наведува на веб-страницата на комплексот.

„Како да излегува од карпа“
„Величествено дизајнираната вила изгледа како да излегува од карпата, која ја обвила во својата силна и моќна прегратка. Оваа хармонија на бои, материјали и текстури е толку беспрекорна што, кога човек ќе погледне по нејзините елегантни линии, тешко е да се разликува каде завршува карпата, а каде почнува вилата“, објаснуваат тие.

Комплексот вклучува и тениско и кошаркарско игралиште со поглед на море.

Проектот Вила Кук е создаден во 2021 година, а концептуалниот дизајн го изработи архитектката Бранка Јурас.

Како што објавија хрватските медиуми, имотот е во сопственост на Мирјана Петровиќ, сопруга на Блажo Петровиќ, контроверзен претприемач кој има заеднички бизнис со Зоран Припуз. Петровиќ моментално е на судење во случајот против поранешна судијка, која е обвинета за примање поткуп од 15.000 евра за да донесе ослободителна пресуда во негов случај.

Мирјана Петровиќ е сопственик на земјиштето на кое се градат луксузните вили, а воедно и инвеститор. Петровиќ е директор и основач на неколку компании, од кои едната е Кук Оаза во Макарска, која е основана во 2020 година, а се занимава со изнајмување и управување со сопствени недвижности и има исто име како и вилите што се издаваат под наем.

Блажо Петровиќ е често име во црните хроники од крајот на 1990-тите во Хрватска, кога државата, по убиство во центарот на Загреб, почна да се справува со криминалните кланови. Петровиќ беше обвинет во случајот „мала криминална организација“, но беше ослободен од обвиненијата тогаш.

Тој постојано е доведуван во контекст на сомневања поврзани со купопродажба на разни земјишта. Исто така, е гонет за даночно затајување, перење пари, нелегално градење и корупција. Петровиќ е апсен неколку пати под сомнение за неколку кривични дела.

Фото: принтскрин

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија22 минути

Бујар Османи во ОБСЕ беше гласноговорник на интересите на Вучиќ, а не на граѓаните на Косово, велат од „Вреди“

„Вреди“ сериознo ја потенцира улогата на Бујар Османи како претседавач со ОБСЕ, особено неговите последни активности поврзани со ” планот...

Македонија32 минути

Мицкоски: СДС се сведе на застапник на бугарската пропаганда во Македонија и е рака за спас на ДУИ и Ахмети на следните избори

Наспроти нашите напори и борби имаме опозиција која боледува од вирусот на безидејноста, која не извлече ниту една лекција зошто...

Топ51 минута

Кривична пријава против директорка на Специјализираната болница Отешево: ја злоупотребила службената положба

СВР Битола поднесе кривична пријава против 68-годишната А.П. од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба...

Свет2 часа

Стармер: Страдањето и гладот што се случуваат во Газа се неописливи

Британскиот премиер Кир Стармер изјави дека страдањето и гладот што се случуваат во Газа се „неопислива и неоправдана“ хуманитарна катастрофа....

Свет3 часа

Франција: Ќе ја признаеме палестинската држава во септември; САД: Непромислена одлука

Американскиот државен секретар Марко Рубио вчера изјави дека Вашингтон го отфрлил планот на францускиот претседател Емануел Макрон за признавање на...

Свет3 часа

Тајландската војска: Камбоџа нè бомбардираше, ние одговоривме

Војската на Тајланд денеска соопшти дека судирите меѓу тајландските и камбоџанските трупи продолжиле, при што Камбоџа користела тешко оружје, вклучувајќи...

Свет3 часа

(Видео) Илјадници демонстранти во Тел Авив, бараа прекин на огнот во Газа

Илјадници демонстранти се собраа вчера вечер на плоштадот Хабима во Тел Авив, барајќи итен прекин на огнот во Појасот Газа...

Македонија3 часа

Метеж на Табановце и Богородица, се чека околу 40 минути

Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е...

Македонија13 часа

ЕМОФ: Велосипедистите од Исланд се во добра здравствена состојба, самоиницијативно тренирале на патеката која не е дел од официјалната

Во врска со сообраќајната незгода што се случи на 23 јули 2025 година, околу 12:00 часот на регионалниот пат Куманово...

Македонија15 часа

„Ер трактори“, пожарникари и локално население во обид да го стават под контрола пожарот во Преспанско; Беше закана за неколку села, вели Ангелов

Пожарот кој попладнево изби на брегот на Преспанското езеро во близина на селото Перово зафати поголема површина на трска и...

Македонија16 часа

Се трага по 16-годишно девојче во реката Вардар, соопшти ЦУК

Денеска, во 16:42 часот, на бројот за итни повици била примена пријава за две потонати женски лица, на возраст од...

Македонија20 часа

Орце Ѓориѓиевски и Каја Шукова ќе се борат за Град Скопје и со кандидат од „Влен“, Меџити името ќе го објави следната недела

Коалицијата „Влен“ ќе предложи свој кандидат за градоначалник на Скопје, најави денес првиот вицепремиер и министер за животна средина, Изет...

Топ20 часа

Автомобил удри во велосипедисти од Исланд, учесници на Младинските европски олимписки игри, пренесени се во болница

Вчера попладне во СВР Куманово било пријавено дека на регионалниот пат Куманово-Свети Николе, атар на село Зубовце, кумановско, патничко возило...

Македонија21 час

Објавен оглас за ангажирање 300 невработени лица за помош на стари лица и лица со попреченост

Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши ја презентира новата мерка од оперативниот план за 2025 година – програмата „Општинско...

Македонија22 часа

Муртезани од Берлин: Пристапните преговори мора да бидат заштитени од билатерални условувања

Министерот за европски прашања Орхан Муртезани работната посета на Берлин ја почна со средба со државниот министер за Европа на...

Свет22 часа

„Никој не е поштеден“: деца и лекари умираат од глад во Газа

Палестинските новороденчиња умираат затоа што нивните мајки од глад го губат млекото. Дури и медицинските лица, кои се обидуваат да...

Регион24 часа

(Видео) Огромен пожар беснее на Кипар, две лица загинаа

Две лица загинаа во огромен шумски пожар што беснее на јужен Кипар, а стотици се евакуирани бидејќи пожарите уништуваат домови...

Европа24 часа

(Видео) Се урна патнички авион во Русија

Авион „ан-24“ на „Ангара ерлајнс“, со најмалку 40 патници, се урна во руската област Амур, на далечниот исток од земјата....

Топ1 ден

Кривична против градоначалникот на Крива Паланка и двајца вработени во Општината: ја злоупотребиле службената положба

СВР Куманово поднесе кривична пријава против К.П.(59), М.К.(41) и С.М.(38), сите од Крива Паланка, поради постоење основи на сомнение за...

Свет1 ден

Британија и Индија ќе потпишат трговски договор: пониски царини за виски и автомобили

Обединетото кралство и Индија ќе потпишат договор за слободна трговија во четврток, за време на посетата на индискиот премиер Нарендра...