Забава
Научниците на трага на формулата за вечна младост?

Брук Гринберг (17) од Бостон, која не расте од втората година, би можела да помогне во разбирањето на процесот на стареење.
Брук Гринберг (17) од Бостон, која не расте од втората година, би можела да помогне во разбирањето на процесот на стареење. Оваа тинејџерка, која според годините би можела да поседува возачка дозвола, поради специфична деформација на гените, заробена е во тело на двегодишно дете. Тешка само осум килограми и висока осумдесетина сантиметри, Брук, која се уште има млечни заби, научниците досега ја сметаа за медицинско чудо, но прелиминарното истражување на нејзината ДНК покажува дека целосното разбирање на оваа деформација би можело да им помогне на лекарите да го запрат стареењето кај луѓето. “Состојбата во која се наоѓа Брук ни дава единствена шанса за разбирање на процесот на стареење. Веруваме дека кај неа мутирале гените што го контролираат стареењето и растењето поради што девојката едноставно останала ’замрзната’ во времето“, вели Ричард Валкер, професор на Медицинскиот факултет при Универзитетот во Јужна Флорида. “Доколку успееме нејзиниот геном да го споредиме со геномот на здрав човек, ќе може да дознаеме кои гени се одговорни за процесот на стареење и би можеле да ги контролираме, дури и менуваме“, додава Валкер. Со помошта на нејзината ДНК би можело да се изолира и идентификува мутираниот ген, како и да се пронајде начин за контрола на тој ген кај здравите луѓе. Тоа би отворило досега неслутени можности, не само во успорувањето на процесот на стареење, туку и при лекувањето на болестите што ги погодуваат постарите луѓе, нови можности во борбата против дијабетисот, кусогледоста, деменцијата… можностите се пред нас, само треба да го најдеме патот, вели Валкер. Претпоставките на Валкер ги потврдува и неодамна направената холандска студија, во тек на која молекуларните епидемиолози од универзитетот Леиден собирале примероци од 3.500 Европејци од 500 долговечни семејства. Според тоа истражување, долговечните луѓе имаат поинакви гени од останатите. /крај/ ве-хр/мв
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Mузички хепенинг вечерва во Паркот на франкофонијата

Дарио и Миг-21, Елена Ристеска, групата „2 Бона“, Викторија Лоба, Кристина Арнаудова и Барбара Поповиќ вечерва ќе настапат на големиот музички хепенинг „Нешто што ќе остане” во Паркот на франкофонија со почеток во 19.30 часот.
Градоначалникот Горан Герасимовски ги поканува сите граѓани кои денеска ќе бидат во Скопје да дојдат и да уживаат во најголемите македонски хитови.
„Вечерва не очекува вистинска ноќ за паметење, исполнета со најубавите македонски песни. Ги повикувам сите граѓани да ни се придружат и заедно да создадеме незаборавни моменти. Како Општина Центар, ќе продолжиме да вложуваме во македонската музика и во нашите македонски артисти, затоа што тие се гордоста и иднината на нашата културна сцена,“ истакна Герасимовски.
Концертот е бесплатен за сите граѓани и е во организација на Општина Центар.
Забава
По средбата со кралот Чарлс, Хари се надева на нов почеток, но братот не попушта

Принцот Хари (40) наводно жали за дел од одлуките што ги донесе откако со сопругата Меган Маркл се повлече од кралските должности. Неговиот неодамнешен престој во Британија – четири дена во Лондон и Нотингем – беше обид за поправка на односите со семејството и јавноста.
За првпат по 19 месеци, Хари се сретна со кралот Чарлс. Состанокот траел околу еден час и во дворецот го оценуваат како позитивен чекор, иако не и целосно помирување.
„Кралот сака да ја обнови врската со својот син и да помине време со своите внуци, кои не ги видел три години“, изјавил извор за „Дејли меил“. „Хари е свесен дека направил грешка и сега се обидува да ја ресетира врската“.
Сепак, средба со брат му Вилијам не се случила, и покрај тоа што биле во непосредна близина.
По посетата на Британија, војводата од Сасекс отпатува за Украина, каде се сретна со ветерани и владини претставници, испраќајќи порака за поддршка и потсетување на страдањата на украинскиот народ.
Иако се шпекулира дека наредната година би можел да ги поведе децата Арчи и Лилибет на посета кај дедо им, останува неизвесно дали Меган ќе се врати во Британија. Прашањето за безбедноста и понатаму е главна пречка, а како можен компромис се спомнува престојoт во кралските резиденции каде што мерките за заштита се најстроги.
Забава
Златното деколте на Лорен Санчез ја украде сцената на гламурната хуманитарна вечера

Лорен Санчез, сопругата на основачот на „Амазон“, Џеф Безос, блесна на четвртата „Керинг фор воман динер“ гала во Њујорк, дел од Неделата на модата.
55-годишната поранешна новинарка се појави во впечатлива златна сатенска тоалета без прерамки, со длабоко деколте. Луксузниот изглед беше заокружен со брановидна коса и дијамантски накит, додека Безос ја придружуваше во класичен смокинг.
На настанот присуствуваа и бројни холивудски ѕвезди, меѓу кои Салма Хаек со сопругот Франсоа-Анри Пино, Џесика Частејн, Мадона, Деми Мур и Џулијан Мур.
Годишната вечера, организирана од фондацијата Керинг, собира средства за поддршка на жени жртви на родово насилство и нивно економско оснажување.