Забава
Родители поминуваат со своите деца по 49 минути дневно

Семејствата го поминуваат времето со своите деца времето помалку од час дневно, или околу 49 минути, поради стравот дека ако се заедно подолго време тоа ќе се одрази лошо на семејниот буџет.
Семејствата го поминуваат времето со своите деца времето помалку од час дневно, или околу 49 минути, поради стравот дека ако се заедно подолго време тоа ќе се одрази лошо на семејниот буџет. Недостатокот на пари за повеќето семејства се наведува како најголема пречка овие односи да бидат подолги.Работата е друг основен фактор кој ја попречува добрата комуникација на родителите и нивното потомство. Едно на секои 10 семејства тврди дека дури и на неделно ниво, вкупното време кое родителите и децата го поминуваат заедно е околу 2 часа.За поголем дел од родителите, најважно е да имаат можност да инвестираат средства во здравјето, образованието, спортот и интересите на своето дете./крај/бгн/ит
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Почина Габи Новак

Легендарната хрватска пејачка Габи Новак почина на 89-годишна возраст, објавија хрватските медиуми.
По загубата на сопругот Арсен Дедиќ, кантавтор и композитор, со кого беше во брак повеќе од четири децении, на 17 август 2015 година, Габи Новак се соочи со уште една тешка лична трагедија на почетокот на јуни оваа година – смртта на нивниот син Матија Дедиќ, еден од најистакнатите хрватски џез-пијанисти, кој почина на 8 јуни во Загреб на 52-годишна возраст.
Таа целосно се повлече од јавниот живот пред смртта.
Во текот на богатата кариера таа снимила голем број албуми и синглови и соработувала со врвни композитори и музичари. Нејзините уметнички достигнувања се потврдени со многубројни награди, меѓу кои и неколку „Порин“ – во 2002 година за најдобра џез-изведба, во 2003 година за албум на годината, најдобар женски вокал, најдобар поп-албум и најдобра вокална соработка, а во 2006 година ја доби наградата „Порин“ за животно дело.
Габи Новак честопати е нарекувана прва дама на хрватската поп-музика, а нејзината интерпретација, емоционален израз и уметнички стандард оставија траен белег врз музичкото наследство на Хрватска и поширокиот регион.
фото: принтскрин
Забава
(Фото) Беше омилена пејачка во 2000-тите, а потоа исчезна: денес шокира со својот изглед

Пејачката Нели Фуртадо ја освои музичката сцена во 2000-тите. Хитовите како Maneater, Say It Right, Showtime и други ја одбележаа младоста на многу генерации.
Сепак, канадската пејачка одеднаш исчезна од сцената. Според странските медиуми, таа се посветила на своето семејство, но и на себеси. Се здебелила неколку килограми, но тоа не ја спречува, како што еднаш истакна, да биде среќна.
„Веќе не си одземам храна и вежбам за да останам здрава“, објасни таа признавајќи дека на почетокот на кариерата многу повеќе се грижела за својот изглед.
„Морав да бидам убава за другите, а не за себе. Фотографиите и видеата мораа да бидат совршени, а внатре буквално умирав“, рекла еднаш.
Денес, Нели Фуртадо ужива во животот, а неодамна настапи на фестивалот „Бордмастерс“ во Корнвол. Таа ја искористи можноста да отпее некои од своите најголеми хитови, но и да му покаже на светот колку се сака себеси.
За таа пригода таа носеше маслинесто-зелен комбинезон, кој ѝ ги истакнуваше сите облини на нејзиното тело. Додаде и крзнен детаљ, како и сребрени моменти. Косата ја стилизира на наједноставен начин.
Се чини дека вишокот килограми конечно ја ослободи Нели од оковите на перфекционизмот. Денес, таа изгледа посамоуверено, а овие фотографии на кои таа се смее се доказ за тоа.
фото: принтскрин
Забава
(Видео) Ана Ивановиќ не престанува да ги воодушевува обожавателите со својот изглед

Ана Ивановиќ не престанува да ги воодушевува своите следбеници на социјалните мрежи, а сега ѝ се придружи и нејзината кума Мирослава Најдановски.
View this post on Instagram
Прославената тенисерка Ана Ивановиќ неодамна и официјално стана слободна жена откогаа нејзиниот адвокат потврди дека разводот од Бастијан Швајнштајгер е конечен.
Во меѓувреме, поранешниот германски фудбалер ужива во животот со новата девојка, а нивните фотографии бргу станаа вирални.
View this post on Instagram
Од друга страна, Ана ужива со стил и се труди најмногу што може да ја задржи препознатливата насмевка на лицето.
Ана веќе некое време е поактивна од кога било на „Инстаграм“, но оваа најнова објава е можеби најубава од сите. Таа позира со својата кума, српската пливачка Мирослава (Миња) Најдановски, и буквално е невозможно да се каже која е поубава.
View this post on Instagram
Ана позира во долг бел фустан со резови на стомакот и од страните, а го надополни со очила за сонце и со едноставна огрлица. Уште еднаш ни го покажа совршениот летен фустан, кој е истовремено разигран и елегантен.
„Ана, блескаш како секоја жена по развод“, „Кукли“, „Прекрасна си“, беа некои од коментарите.
фото: принтскрин