Забава
Часовникот на Џејмс Дин на аукција

Златен џепен часовник, што Џејмс Дин го носел на снимањето на филмот „Источно од рајот“, денеска во Лондон ќе биде понуден на аукција од британската аукциска куќа “Фејм Бјуро“.
Златен џепен часовник, што Џејмс Дин го носел на снимањето на филмот „Источно од рајот“, денеска во Лондон ќе биде понуден на аукција од британската аукциска куќа “Фејм Бјуро“.Часовникот на кој биле изгравирани неговите иницијали, славниот холивудски бунтовник го носел постојано за време на снимањето на култниот филм и покрај противењето на директорот Елија Казан.Дин го купил часовникот во 1951 година во Њујорк на самиот почеток на својата кариера, а неговиот татко му подарил златен ланец за да не го изгуби.Пред својата смрт во сообраќајна несреќа во 1955 година, Дин часовникот го подарил на пријателката Тили Старијет.Аукциската куќа “Фејм Бјуро“, часовникот на Дин го претставува како амајлија која му носела среќа и го потсетувала на татко му.„Казан на крајот попуштила Дин да го носи саатот под услов неговите иницијали да не се гледаат во крупните кадри“, соопштува Џејмс Вилкинсон, претставник од “Фејм Бјуро“.Стрелките на часовникот застанати се на 05.43 часот, време кога Дин загина на 24 годишна возраст во своето порше./крај/смедиа/мт
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Mузички хепенинг вечерва во Паркот на франкофонијата

Дарио и Миг-21, Елена Ристеска, групата „2 Бона“, Викторија Лоба, Кристина Арнаудова и Барбара Поповиќ вечерва ќе настапат на големиот музички хепенинг „Нешто што ќе остане” во Паркот на франкофонија со почеток во 19.30 часот.
Градоначалникот Горан Герасимовски ги поканува сите граѓани кои денеска ќе бидат во Скопје да дојдат и да уживаат во најголемите македонски хитови.
„Вечерва не очекува вистинска ноќ за паметење, исполнета со најубавите македонски песни. Ги повикувам сите граѓани да ни се придружат и заедно да создадеме незаборавни моменти. Како Општина Центар, ќе продолжиме да вложуваме во македонската музика и во нашите македонски артисти, затоа што тие се гордоста и иднината на нашата културна сцена,“ истакна Герасимовски.
Концертот е бесплатен за сите граѓани и е во организација на Општина Центар.
Забава
По средбата со кралот Чарлс, Хари се надева на нов почеток, но братот не попушта

Принцот Хари (40) наводно жали за дел од одлуките што ги донесе откако со сопругата Меган Маркл се повлече од кралските должности. Неговиот неодамнешен престој во Британија – четири дена во Лондон и Нотингем – беше обид за поправка на односите со семејството и јавноста.
За првпат по 19 месеци, Хари се сретна со кралот Чарлс. Состанокот траел околу еден час и во дворецот го оценуваат како позитивен чекор, иако не и целосно помирување.
„Кралот сака да ја обнови врската со својот син и да помине време со своите внуци, кои не ги видел три години“, изјавил извор за „Дејли меил“. „Хари е свесен дека направил грешка и сега се обидува да ја ресетира врската“.
Сепак, средба со брат му Вилијам не се случила, и покрај тоа што биле во непосредна близина.
По посетата на Британија, војводата од Сасекс отпатува за Украина, каде се сретна со ветерани и владини претставници, испраќајќи порака за поддршка и потсетување на страдањата на украинскиот народ.
Иако се шпекулира дека наредната година би можел да ги поведе децата Арчи и Лилибет на посета кај дедо им, останува неизвесно дали Меган ќе се врати во Британија. Прашањето за безбедноста и понатаму е главна пречка, а како можен компромис се спомнува престојoт во кралските резиденции каде што мерките за заштита се најстроги.
Забава
Златното деколте на Лорен Санчез ја украде сцената на гламурната хуманитарна вечера

Лорен Санчез, сопругата на основачот на „Амазон“, Џеф Безос, блесна на четвртата „Керинг фор воман динер“ гала во Њујорк, дел од Неделата на модата.
55-годишната поранешна новинарка се појави во впечатлива златна сатенска тоалета без прерамки, со длабоко деколте. Луксузниот изглед беше заокружен со брановидна коса и дијамантски накит, додека Безос ја придружуваше во класичен смокинг.
На настанот присуствуваа и бројни холивудски ѕвезди, меѓу кои Салма Хаек со сопругот Франсоа-Анри Пино, Џесика Частејн, Мадона, Деми Мур и Џулијан Мур.
Годишната вечера, организирана од фондацијата Керинг, собира средства за поддршка на жени жртви на родово насилство и нивно економско оснажување.