Забава
Колку чини љубовта кон фудбалот

Се проценува дека британската економија може да изгуби 1,5 милијарди долари поради работниците кои бегаат од работните места за да ги следат фудбалските натпревари на Светското првенство во Јужна Африка.
Се проценува дека британската економија може да изгуби 1,5 милијарди долари поради работниците кои бегаат од работните места за да ги следат фудбалските натпревари на Светското првенство во Јужна Африка.
Истражувањето што во април го спроведоа двете британски агенции YouGov i Telegent Systems, покажуваат дека 38 од вработените во Англија се подготвени да побегнат од работното место за да гледаат фудбал.
Некои од компаниите се обидоа да овозможат Светскиот куп да не им пречи на „ефикасноста“ на нивните вработени и дозволија натпреварите да се гледаат на работните места.
Но, не сите работодавци сочувствуваат со желбите на вработените вљубеници во фудбалот. Производителот на луксузни автомобили „Даимлер“, не им дозволува на работниците гледање на натпреварите, а исто и „Биерсдорф“.
Некои од работодавците најдоа и „полурешение“, односно дозволуваат гледање на натпреварите, но потоа ќе им одбијат од платата на работниците./крај/смед/см
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Кoja е актерката што со Ед Ширан пристигна на Хвар?

Ед Ширан снима спот на Хвар, а со него на хрватскиот остров дојде и актерката Фиби Дајневор.
Англиската актерка, родена на 17 април 1995 година во Манчестер, потекнува од уметничко семејство – мајка ѝ, Сали Дајневор, е долгогодишна актерка во британската сапуница Coronation Street, а татко ѝ, Тим Дајневор, пишува телевизиски сценарија.
Светска слава со „Bridgerton“
Првите актерски чекори ги направи како тинејџерка во драмската серија на BBC Waterloo Road (2009–2010), а потоа оствари улоги во сериите Prisoners’ Wives, Dickensian, Younger и криминалистичката серија Snatch. Светска препознатливост стекна во 2020 година благодарение на улогата на Дафни Бриџертон во хит-серијата на Netflix Bridgerton, каде што беше главната хероина во првите две сезони.
На филм се истакна во биографската драма The Colour Room (2021), потоа во забележаниот трилер Fair Play (2023), а за 2025 година е најавено нејзиното учество во шпионскиот трилер Inheritance. За својата работа доби признание и од критиката – во 2024 година беше номинирана за наградата BAFTA Rising Star, наменета за млади актерски таленти во подем.
Во 2021 година беше во врска со американскиот комичар Пит Дејвидсон, што предизвика голем интерес кај јавноста. Подоцна изјави дека била наивна мислејќи дека таа врска ќе остане приватна и дека целата ситуација ѝ била надреална. Денес е среќно верена за актерот Камерон Фулер, а свршувачката ја потврдија во мај 2024 година, пишува хрватски „Индекс“.
Ќе глуми во спотот
Фиби ќе глуми во спотот што Ед Ширан го снима на Хвар. Мештани за Вечерњи лист откриле дека некои кадри биле снимени во кафе-барот „Kiwa“, а дел и на плажата Дубовица. Двете локации многу му се допаднале на музичарот. Се очекува дел од спотот да се снима и во Сплит. Засега не е познато за која песна станува збор.
Ширан настапи во Загреб
Во рамки на својата светска турнеја „+−=÷× Tour“ (Mathematics Tour), Ед Ширан минатата година настапи во Хрватска, на хиподромот во Загреб. Специјален гостин беше британскиот пејач Калум Скот. Концертот привлече околу 70.000 луѓе. Тогаш Ед ги изведе песните од сите пет студиски албуми означени со симболи + − = ÷ ×, вклучувајќи ги и хитовите Castle on the Hill, Shivers, The A Team, Perfect, Bad Habits и многу други.
Забава
Нетфликс бара статисти во Венеција за „Емили во Париз“, условите за изгледoт предизвикаа критики

Петтата сезона на серијата „Емили во Париз“ се снима во Венеција, а на сетот веќе се забележани Лили Колинс, Ешли Парк, Еуџенио Франческини и Пол Форман.
Venice Insider Guide објави дека за серијата се бараат 500 статисти и ги соопшти условите. Нетфликс има многу специфични физички барања, а тие се:
Добро негувано и привлечно тело
Големина на облека за жени: италијански број 38–42, односно европски број 34–38 (S и M)
Големина на облека за мажи: италијански број 46–52, односно европски број 42–48 (S и M)
Сите заинтересирани можат да се пријават така што ќе испратат фотографија од половина тело и телефонски број на е-маил адресата за кастинг на „Емили во Париз“ во Венеција. Рокот за пријавување е до 20 август на полноќ. Совет е да се испратат повеќе фотографии, меѓу кои и една од цело тело, како и крупен план, бидејќи тоа може да ги зголеми шансите. Не е на одмет да се додаде и кратка биографија во која ќе се наведат глумачки искуства, доколку ги има.
Според гласините, клучната сцена од сезоната ќе вклучува вистинска модна ревија во Венеција, па затоа условите се толку специфични.
Датумите на снимање се до 25 август 2025 година.
Поради строгите барања поврзани со изгледот, повикот за кастинг наиде на критики. Таквите насоки предизвикаа загриженост бидејќи фаворизираат конвенционални стандарди за убавина, исклучувајќи многу локални жители и обожаватели кои се надеваа дека ќе учествуваат.
Критичарите истакнуваат дека тоа го одразува поширокиот проблем со „Емили во Париз“, серија која често е критикувана поради тоа што не ја прифаќа разновидноста на телата, туку наместо тоа ги зајакнува идеалите на модниот свет. Како што забележа Vogue во својата рецензија на претходните сезони, серијата има историја на потпирање на застарени стереотипи за изгледот, наместо да промовира позитивен однос кон телото.
Забава
Палестина првпат во историјата има претставничка на изборот за мис универзум

Палестина ќе се придружи на изборот за мис универзум првпат по 74 години. Моделот Надин Ајуб ќе ја претставува земјата на 74. избор за мис универзум, кој ќе се одржи во Пак Крет, Тајланд, во ноември.
View this post on Instagram
Таа сподели емотивна порака на „Инстаграм“ нагласувајќи ја важноста на моментот: „Чест ми е да објавам дека Палестина ќе биде претставена на ‘Мис универзум’ првпат. Стапнувам на сцената на ‘Мис универзум’ не само со титула туку и со вистината“.
View this post on Instagram
„Додека Палестина минува низ срцекршачка криза, особено во Газа, го носам гласот на народот, кој одбива да биде замолчен. Ги претставувам секоја палестинска жена и секое дете, чија сила светот треба да ја види. Ние сме повеќе од нашето страдање – ние сме отпорност, надеж и срце на татковината што живее преку нас“, додаде таа.
View this post on Instagram
Која е Надин Ајуб?
27-годишната Ајуб е фитнес-тренер и нутриционист, која сега живее во Дубаи, пишува „Араб њуз“. Таа веќе постигна значајни успеси во светот на натпреварите за убавина: во 2022 година таа ја зеде дома лентата Miss Earth Water на натпреварот Miss Earth во Манила, а исто така беше првата жена што ја претставуваше Палестина на овој натпревар. Miss Earth е еден од четирите најголеми избори за убавина во светот заедно со Miss World, Miss Universe и Miss International.
View this post on Instagram
Истата година таа беше крунисана за мис Палестина, а покрај светот на модата и убавината, таа е активна и во областа на образованието. Таа ја основа Академијата „Олив грин“, училиште за креирање содржини, кое комбинира одржливост со вештачка интелигенција, со цел да понуди иновативен пристап кон образованието и дигиталната креативност.
фото: принтскрин