Забава
Лари Кинг по 25 години се повлекува од Larry King Live

Иконата на американската телевизија и легендарниот водител Лари Кинг најави дека се повлекува од неговото Larry King Live, што 25. години се емитуваше на телевизијата Си-Ен-Ен.
Иконата на американската телевизија и легендарниот водител Лари Кинг најави дека се повлекува од неговото Larry King Live, што 25. години се емитуваше на телевизијата Си-Ен-Ен.
Кинг одлуката ја обелодени на социјалната мрежа Твитер, појаснувајќи дека сака повеќе време да помине со семејството.
„Неизмерно сум горд што неодамна заслуживме и влез во Гинисовата книга на рекорди со најдолговечна емисија со ист водител во ист термин. Сега го затворам тоа поглавје и време е да ги спакувам трегерите, но се радувам на иднината и на она што ќе ми го донесе“, напишал Кинг на Твитер.
Тој понатаму додава дека сака и натаму да се развива и да прави работи што не можел досега.
Лари Кинг во својата долгогодишна кариера нагости некои од најголемите луѓе во шоубизнисот, јавниот живот и политиката. Меѓу неговите гости беа Марлон Брандо, Нелсон Мендела, Пол Мекартни, Боб Хоп, Френк Синатра, Мадона и Мартин Лутер Кинг Џр. Ги има интервјуирано сите претседатели, од Никсон до денеска.
Неговите трегери, големите очила и старинскиот микрофон станаа заштитен знак на легендарната телевизиска емисија.
Во својата автобиографија се пошегувал како единствена личност низ сите овие години што не успеал да ја интервјуира е Господ.
„Би го прашал дали има син, многу се шпекулира околу тоа“, додава Кинг. /крај/ин/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
По средбата со кралот Чарлс, Хари се надева на нов почеток, но братот не попушта

Принцот Хари (40) наводно жали за дел од одлуките што ги донесе откако со сопругата Меган Маркл се повлече од кралските должности. Неговиот неодамнешен престој во Британија – четири дена во Лондон и Нотингем – беше обид за поправка на односите со семејството и јавноста.
За првпат по 19 месеци, Хари се сретна со кралот Чарлс. Состанокот траел околу еден час и во дворецот го оценуваат како позитивен чекор, иако не и целосно помирување.
„Кралот сака да ја обнови врската со својот син и да помине време со своите внуци, кои не ги видел три години“, изјавил извор за „Дејли меил“. „Хари е свесен дека направил грешка и сега се обидува да ја ресетира врската“.
Сепак, средба со брат му Вилијам не се случила, и покрај тоа што биле во непосредна близина.
По посетата на Британија, војводата од Сасекс отпатува за Украина, каде се сретна со ветерани и владини претставници, испраќајќи порака за поддршка и потсетување на страдањата на украинскиот народ.
Иако се шпекулира дека наредната година би можел да ги поведе децата Арчи и Лилибет на посета кај дедо им, останува неизвесно дали Меган ќе се врати во Британија. Прашањето за безбедноста и понатаму е главна пречка, а како можен компромис се спомнува престојoт во кралските резиденции каде што мерките за заштита се најстроги.
Забава
Златното деколте на Лорен Санчез ја украде сцената на гламурната хуманитарна вечера

Лорен Санчез, сопругата на основачот на „Амазон“, Џеф Безос, блесна на четвртата „Керинг фор воман динер“ гала во Њујорк, дел од Неделата на модата.
55-годишната поранешна новинарка се појави во впечатлива златна сатенска тоалета без прерамки, со длабоко деколте. Луксузниот изглед беше заокружен со брановидна коса и дијамантски накит, додека Безос ја придружуваше во класичен смокинг.
На настанот присуствуваа и бројни холивудски ѕвезди, меѓу кои Салма Хаек со сопругот Франсоа-Анри Пино, Џесика Частејн, Мадона, Деми Мур и Џулијан Мур.
Годишната вечера, организирана од фондацијата Керинг, собира средства за поддршка на жени жртви на родово насилство и нивно економско оснажување.
Забава
Повеќе земји најавуваат бојкот на Евровизија ако настапи Израел

Неколку европски држави, меѓу кои Ирска, Словенија, Шпанија, најавија дека нема да учествуваат на Евровизија 2026 доколку настапува Израел. Радиодифузерите своите ставови ги темелат на, како што велат, „неприфатливата состојба во Газа и големиот број цивилни жртви“.
Исланд сè уште ја разгледува својата позиција и чека исход од консултациите во Европската радиодифузна унија (ЕБУ). Оттаму велат дека разбираат колку е прашањето чувствително и дека продолжуваат разговори со сите членки за да се најде решение.
Наредното издание на Евровизија треба да се одржи во мај во Виена, а телевизиите имаат рок до средината на декември да потврдат учество. Во меѓувреме, повеќе од 70 поранешни натпреварувачи потпишаа писмо со кое бараат Израел да биде исклучен од фестивалот.