Забава
Автомобили климатизирани со витамин Ц

Јапонскиот произведувач на автомобили Нисан измисли модели опремени со клима уреди кои испуштаат витамин Ц, а поседуваат и антистрес седишта.
Јапонскиот произведувач на автомобили Нисан измисли модели опремени со клима уреди кои испуштаат витамин Ц, а поседуваат и антистрес седишта.„Сакаме возачите да се чувствуваат поздрави во автомобилите отколку надвор од нив“ рече инженер на Нисан.Произведувачот има намера да ги опреми своите идни модели со клима уреди кои испуштаат воздух збогатен со витамин Ц кој ќе ја хидратизира кожата, и ќе ја прочистува внатрешната атмосфера.Нисан ќе воведе и грејачи во седиштата според технологијата на американската вселенска агенција НАСА,а потпирачите би требало да ја подобрат циркулацијата и да ги намалат болките во грбот за време на патувањата.Нисан исто така измисли и уред кој би можел да ги подобрат и фамилијарните односи бидејќи ги потсетува возачите на датумот на раѓањето и другите случувања кои не би смееле да се заборават./крај/хи/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Три хороскопски знаци ќе ги решат сите финансиски проблеми до крајот на годината

Три знаци ќе добијат небесен дар до крајот на годината – среќата доаѓа да ги реши сите финансиски пречки.
Лав, Девица и Стрелец се хороскопски знаци кои влегуваат во период кога сите финансиски пречки можат да се надминат. Секоја одлука, секој потег и секоја можност сега има потенцијал да ја стабилизира и подобри нивната ситуација. Оние кои го препознаваат бранот на среќа сега можат да доживеат конкретни промени во областа на парите, кариерата и личниот живот. Енергијата на ѕвездите ги поддржува храбрите и решителните, додека среќата доаѓа како небесен дар кој ја обликува иднината.
Лав – бран на среќа во кариерата и финансиите
Лавовите сега можат да најдат можности што претходно не можеа да ги искористат. Неочекуваните добивки, деловните можности или бонус наградите доаѓаат ненадејно. Секоја одлука што Лавот ја донесува сега може да го промени правецот на паричните текови и да обезбеди сигурност до крајот на годината.
Оние кои дејствуваат брзо и промислено имаат предност пред другите, додека ситуациите што изгледаа непремостливи сега се решени. Дури и малите акции, како што се новите бизнис планови или инвестициите, сега можат да донесат значајни резултати.
Девица – стабилност преку енергијата на ѕвездите
Девицата чувствува дека ситуациите што претходно изгледаа комплицирани сега лесно се решаваат. Финансиските проблеми се намалуваат, долговите можат да се санираат, а неочекуваните можности доаѓаат во вистинско време.
Оние што го препознаваат бранот на среќа сега можат да постигнат конкретни резултати во својот материјален и професионален живот, поставувајќи ја основата за посигурна иднина и долгорочен просперитет. Секоја акција сега носи тежина и може да донесе мир и стабилност што долго време беше недостижна.
Стрелец – можности што го менуваат животот
Стрелецот ја чувствува енергијата што носи долгорочни придобивки. Секоја акција сега носи тежина и може да ги сврти ситуациите што изгледаа непремостливи. Оние што дејствуваат храбро и го препознаваат бранот на среќа сега можат да ги решат долгорочните финансиски проблеми и да го насочат својот живот кон стабилност и просперитет.
Ова е период кога среќата и напорната работа одат рака под рака, а можностите доаѓаат како бран што носи безбедност и мир во животот. Малите чекори сега имаат големо влијание.
Следете ги знаците што ја менуваат вашата судбина
Сите три знаци – Лав, Девица и Стрелец – можат да ги искористат неочекуваните ситуации до крајот на годината. Следете ги знаците и дејствувајте сега; бранот на среќа и небесниот дар може да биде клучот за решавање на финансиските проблеми и отворање на вратата за нови можности во сите аспекти од животот.
Оние кои не одлучуваат сега може да пропуштат моменти кои нема да се повторат, додека оние кои дејствуваат ќе остварат долгорочни придобивки и ќе ја почувствуваат стабилноста што долго ја посакувале.
фото: принтскрин
Забава
(Фото) Се откажа од фудбалот, но се истакна на модната писта: Ромео Бекам ја остави во сенка и Викторија

Помладиот син на Дејвид и Викторија Бекам, Ромео, сериозно планира да се занимава со манекенство.
Иако семејството Бекам често е на модните писти, а постариот син Бруклин, со кого сега не се во добри односи, исто така се обиде да се занимава со тоа, се чини дека Ромео ќе продолжи по тој пат.
Како што започна Лондонската недела на модата, имавме можност да го видиме и Ромео Бекам на модната писта заедно со Лила Мос.
Тој прошета во црно од глава до пети, широки панталони и кожна јакна со крзно околу јаката. Неговиот сериозен израз на лицето многумина ги потсети на Дејвид.
Ромео се обиде да игра фудбал во тинејџерските години, а беше и во младинските категории на Арсенал, но минатата година ја заврши својата професионална кариера и целосно се посвети на манекенството.
Се чини дека сите членови на семејството Бекам мора да се обидат да се занимаваат со манекенство, па затоа сè уште не е познато дали најмладата Харпер ќе се обиде да се занимава со истото, како нејзините браќа.
фото: принтскрин
Забава
(Фото) Над 100.000 посетители на концертот на Дино Мерлин во Штип

Синоќа Штип беше центарот на регионот и вистински главен град на културата и забавата. Над 100.000 посетители од цела Македонија и пошироко присуствуваа на незаборавниот концерт на балканската музичка ѕвезда Дино Мерлин, кој со својот настап ја обедини публиката во љубов, почит и заедништво, без разлика на вера или нација, велат од Општина Штип.
Настанот, кој се одржа по повод 17. издание на традиционалната “Пастрмалијада”, беше организиран на највисоко ниво, со беспрекорна логистика, безбедност и организација, што овозможи вечерта да помине во совршен ред и атмосфера.
Фото:Општина Штип
„Особено значење има и фактот што во реализацијата активно се вклучија бројни фирми од приватниот сектор, угостителите од Штип, како и партнерски угостители од други градови во Македонија, кои со својата поддршка придонесоа за овој настан да биде успешен и запаметен. Присуството и настапот на Дино Мерлин претставуваат посебна чест за нашиот град. Со својата уникатна музичка енергија и децениска кариера, тој одамна ја надмина рамката на изведувач и стана симбол на културно поврзување меѓу генерации и народи. Неговото присуство во Штип е доказ дека градот може да биде домаќин на настани од највисок ранг, кои носат нова вредност и препознатливост на целата држава“, велат од Општина Штип.
Фото: Општина Штип
Ваквите манифестации претставуваат значајна придобивка за Штип, не само во културна и забавна смисла, туку и од аспект на економскиот импакт, преку големиот број гости, зголемената угостителска активност и промоцијата на градот како отворен и модерен центар на случувања.
Фото: Општина Штип
„Општина Штип изразува искрена благодарност до сите посетители, до поддржувачите и до сите што беа дел од организацијата, а особено до Дино Мерлин, кој со својот настап направи Штип да биде главниот центар на Балканот и испиша историја во колективното паметење на нашиот град“, стои во соопштението на Општина Штип.