Забава
Од вторник пријавување за учество во спот на Кети Пери
Корисниците на Т-Мобиле ќе учествуваат на снимањето на најновиот спот на пејачката Кети Пери. Македонските фанови ќе имаат можност да станат ѕвезди во нејзиниот најнов спот за синглот „Фајрворк“.
Корисниците на Т-Мобиле ќе учествуваат на снимањето на најновиот спот на пејачката Кети Пери. Македонските фанови ќе имаат можност да станат ѕвезди во нејзиниот најнов спот за синглот „Фајрворк“.Фејсбук фановите на Т-Мобиле во вторник ексклузивно ќе можат да го видат обраќањето на Кети Пери во кое таа ги повикува нејзините фанови од Македонија да се пријават за учество во нејзиниот најнов музички видео спот. Оние кои сакаат да бидат дел од „Firework“ ќе можат да се пријавуваат на интернет страницата www.katyvideo.mk и со тоа да обезбедат шанса за учество во видео-записот. На сајтот, фановите ќе можат да прикачуваат снимен видео материјал и да ги покажат своите оригинални способности во играње или пеење, да се забавуваат и да гласаат за најдобриот кандидат кој ќе присуствува на снимањето на спотот.Светски познатата телекомуникациска компанија Дојче Телеком, потпиша договор за соработка со Кети Пери. Македонија, како една од земјите каде е присутен Т брендот, ќе има ексклузивна можност да се вклучи во промотивните активности на поп ѕвездата, заедно со Германија, Австрија, Унгарија, Чешка, Словачка, Полска и Црна Гора. Во рамките на соработката, Дојче Телеком ќе се вклучи во организирање на четири концерти во Берлин, Виена, Варшава и Будимпешта и ќе го поддржи снимањето на најновиот спот на музичката звезда „Firework“, кој ќе се снима на крајот од септември.Ѕвездата која што два пати била номинирана за наградата „Греми“ веќе сруши повеќе рекорди со првиот сингл од албумот „California Girls“, а ќе го издаде и третиот сингл „Firework“ на крајот на октомври. Нејзиниот официјален спот, што ќе ги вклучува ѕвездите регрутирани од Дојче Телеком, меѓу кои и од Македонија, ќе биде премиерно прикажан низ целиот свет веднаш по објавувањето на синглот. крај/сж
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
„Ми делуваше како некој дедо“: Сара Фостер за состанокот со Џорџ Клуни кога имала 19 години
Сара Фостер откри дека во 1990-тите, кога имала 19 години, била на состанок со Џорџ Клуни, но искуството за неа било „многу непријатно“. Состанокот ѝ го договориле Синди Крафорд и нејзиниот сопруг Ренди Гербер.
Во подкастот The World’s First Podcast, Фостер раскажа дека веднаш почувствувала дека состанокот е „тотално не“, додавајќи дека Клуни ѝ изгледал „како дедо“ и дека разликата во години ѝ била многу чудна. Таа истакна дека никогаш не ги разбирала врските меѓу 19-годишни девојки и многу постари мажи.
„Сигурна сум дека Џорџ Клуни е супер човек, но се сеќавам дека сите четворица седевме на маса, а јас во главата си мислев: ‘Сакам да пропаднам во земја.’ Тој ми делуваше како некој ‘дедо’. Навистина ми беше многу непријатно. Бев тотално во лоша состојба“, раскажа таа.
Фостер смета дека ни Клуни не бил особено заинтересиран и дека состанокот бил резултат на добра намера на заедничките пријатели. Подоцна, таа беше во долга врска со тенисерот Томи Хас, со кого има две ќерки. Клуни, пак, е во брак со Амал Клуни од 2014 година и имаат близнаци.
Фото: ЕПА
Забава
Им треба секунда да се налутат: Најексплозивните хороскопски знаци
Според астролозите, постојат хороскопски знаци кои тешко ги контролираат емоциите и можат да „експлодираат“ за миг. Ова се трите најтемпераментни:
Овен
Овните се исклучително импулсивни и често реагираат без многу размислување, особено кога чувствуваат притисок или провокација. Не сакаат чекање и ограничувања, па нивните испади знаат да бидат нагли и бурни. Лутината им е силна, но краткотрајна – брзо се смируваат, како ништо да не се случило.
Лав
Лавовите најсилно реагираат кога се чувствуваат потценети или игнорирани. Нивниот темперамент е тесно поврзан со гордоста и потребата за почит. Лутината ја покажуваат отворено – со глас, гестикулации или директна конфронтација – но доколку добијат признание или извинување, брзо се смируваат.
Шкорпија
Шкорпиите не „експлодираат“ гласно, но нивните реакции се длабоки и интензивни. Најмногу ги погодуваат предавство и неискреност. За разлика од Овенот и Лавот, ним им треба повеќе време да се смират, а нарушената доверба тешко се обновува.
Забава
Кучер со пофалби за поранешната сопруга: Горд сум на неа, растури
Актерот Ештон Кучер ретко зборува јавно за својата поранешна сопруга Деми Мур, но овојпат направи исклучок и јавно ја пофали нејзината работа.
Промовирајќи ја својата нова серија The Beauty, Кучер во интервју за Entertainment Tonight се осврна на филмот The Substance („Супстанца“) од 2024 година, во кој глуми Мур.
„Нејзината улога во Супстанца доби исклучителни пофалби и навистина сум многу горд на неа – растури“, изјави Кучер.
Мур и Кучер започнаа врска во 2003 година, се венчаа во 2005, а за разделбата информираа во 2011 година. Разводот беше финализиран околу две години подоцна. Иако Мур во мемоарите Inside Out наведе дека Кучер ѝ бил неверен, актерот во 2020 година изјави дека меѓу нив „нема зла крв“.
Кучер додаде дека не се дружат, но дека останал во контакт со ќерките на Мур од бракот со Брус Вилис, нагласувајќи дека има голема љубов и почит кон нив.

