Забава
Полициска потрага по човек кој изгубил 2,5 евра?!

Полицијата во градот Тихи, на југозападот од Полска, без успех се обидува да го пронајде човекот кој во мај изгубил банкнота од 10 злоти (околу 2,5 евра), иако тоа даночните обврзници ќе ги чини најмалку 25 евра.
Полицијата во градот Тихи, на југозападот од Полска, без успех се обидува да го пронајде човекот кој во мај изгубил банкнота од 10 злоти (околу 2,5 евра), иако тоа даночните обврзници ќе ги чини најмалку 25 евра. Имено, Полјакот, кој во една населба во Тихи пронашол на улица банкнота, чесно ја однел во полиција и на тој начин го придвижил бирократскиот механизам кој наложува државата да направи се, колку и да чини, да го најде газдата на изгубениот предмет. “Законодавците не ја прецизирале долната граница на вредноста на изгубените предметите, така што полицијата мораше да стапи во акција“, изјавил Кшиштоф Завала од надлежниот Окружен суд во Катовице. Токму овој суд ќе одлучи дека најдениот предмет ќе и припадне на државата бидејќи сопственикот не бил пронајден, секако откако државата ќе ги плати судските трошоци. Полските даночни обврзници, покрај залудно потрошеното време и труд на полицајците, ќе мора да платат и 25 евра судски трошоци за на државата да и припаднат 2,5 евра. /крај/ смедиа/мв
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Девет години мир, среќа и пари за нив – сосема заслужено

Универзумот има планови кои не се случуваат секој ден. Три хороскопски знаци влегуваат во период од дури 9 години изобилство, среќа и внатрешен мир.
Ако сте родени под еден од овие три хороскопски знаци, подгответе се секој аспект од вашиот живот – од љубов и финансии до личен развој – да процвета на неочекувани начини.
Според астролошките прогнози, до 2034 година, овие хороскопски знаци можат да очекуваат девет години среќа и просперитет.
Стрелец – истражување и личен раст
Стрелците ќе имаат можност да постигнат лични цели и да истражуваат нови области во следните девет години. Нивната иницијатива и оптимизам ќе придонесат за личен развој, како во нивниот професионален, така и во приватниот живот.
Бик – стабилност и награда за труд
Биковите, благодарение на нивната издржливост и стабилност, ќе прават постепен напредок кон остварување на своите соништа. Се предвидува дека ќе имаат значителен професионален и финансиски раст, со заслужена награда за нивната напорна работа.
Вага – Внатрешен мир и креативност
Вагата ќе постигне внатрешен мир во сите аспекти од животот во текот на следните девет години. Нивните социјални вештини ќе им помогнат да изградат силни врски, што ќе им овозможи да го реализираат својот креативен потенцијал, особено во уметноста и дизајнот.
Како да го искористите овој период на среќа
– Следете ја вашата интуиција и отворено прифатете ги можностите што се појавуваат.
– Фокусирајте се на личен развој и подобрување на вашите вештини.
– Негувајте квалитетни врски во љубовта, семејството и пријателството.
– Мудро управувајте со вашите финансии и планирајте идни проекти.
Ова е период што не треба да се пропушти – ако сте Стрелец, Бик или Вага, предодредени сте да живеете во изобилство и внатрешен мир до 2034 година!
фото: принтскрин
Забава
Герасимовски и Викторија Лоба: Утре, во Паркот на франкофијата музички хепенинг со најпознатите македонски музичари

Градоначалникот Горан Герасимовски и македонската музичарка Викторија Лоба ги покануваат сите граѓани кои викендов ќе бидат во Скопје да дојдат на големиот музички хепенинг што ќе се одржи во Паркот на Франкофонија. На овој музички хепенинг којшто ќе биде бесплатен за сите граѓани ќе настапат едни од најпознатите македонски изведувачи Дарио и Миг-21, Елена Ристеска, Викторија Лоба, Кристина Арнаудова, Барбара Поповиќ и групата „2 Бона“.
Музичарката Викторија Лоба истакнува дека концертот „Нешто што ќе остане“ ќе биде вистинска магија со многу музика, емоции и прекрасно друштво.
„Ја имам таа чест на 13 Септември да ве поканам во Паркот на франкофонија, во традиционална организација на Општина Центар, када ве чека голем концерт кој ќе биде вистинска магија и нешто што ќе остане. Со многу музика, емоции и прекрасно друштво под отворено небо ќе создадеме моменти кои ќе останат во нашите срца. Ве очекувам во Парк на франкофонија“, вели Лоба.
Герасимовски потенцира дека концертот веќе прерасна во традиција која ги обединува граѓаните.
„Ова е трет пат како ја организираме оваа манифестација и секој пат Паркот на Франкофонија е исполнет со прекрасна енергија, со скопјани, но и со гости од целата држава. Ве поканувам заедно да уживаме во добра музика и позитивна атмосфера, да создадеме убави спомени и да покажеме дека Центар знае да биде вистинска општина на културата“, истакнува Герасимовски.
Забава
Една од најбараните модели на денешницата планира да се пензионира

Една од најбараните модели на денешницата, Кендал Џенер, е ѕвездата на новата насловна страница на „Вог“.
Таа ја делеше насловната на познатото списание со својата колешка и долгогодишна пријателка Џиџи Хадид, и може да се каже дека двете убавици блескаа.
View this post on Instagram
Сепак, најголемо внимание на јавноста привлече Кендал и нејзината „контроверзна“ изјава. Имено, таа планира засекогаш да ја напушти модната писта, за да се посвети на дизајнот на ентериер.
„Се колнам, се откажувам од сè и само ќе дизајнирам ентериери на куќи. Не е шега“, рекла таа.
View this post on Instagram
Се чини дека рефлекторите повеќе не ѝ одговараат, а таа сака потивок живот за себе.
View this post on Instagram
„Го сакам просторот во Лос Анџелес, но го сакам и едноставниот живот. Обожавам да се будам секое утро и да облечам костим за капење или тренерка, без шминка. И обожавам да бидам слободна цел ден“, додаде таа.
View this post on Instagram
Животот и воспитувањето на Кендал беа во центарот на вниманието, а кога се појави во реалното шоу „Keeping Up With The Kardashians“ имаше само 11 години.
View this post on Instagram
Подоцна стана една од најплатените модели на новата генерација, а нејзиното „рано пензионирање“ може да го потресе светот на модата.
фото: принтскрин