Забава
Дете од две години се откажа од пушење

Двегодишниот Арди Ризал од индонезискиот остров Суматра, кој почнал да пуши цигари на 18-месечна возраст, се откажал од цигарите по едномесечна терапија за одвикнување, пренесува агенцијата Фонет.
Двегодишниот Арди Ризал од индонезискиот остров Суматра, кој почнал да пуши цигари на 18-месечна возраст, се откажал од цигарите по едномесечна терапија за одвикнување, пренесува агенцијата Фонет.
Арди во просек пушел по две кутии цигари на ден . Првата цигара му ја понудил татко му, а фотографите на бебето со цигара го обиколија светот. Иако јавноста беше згрозена, родителите на Арди не гледале ништо лошо во тоа. Затоа, морала да помогне општината, која им ветила нов автомобил ако го одвикнат од пушење својот син.
При терапијата на одвикнување, која ја воделе стручњаци, било утврдено дека малиот Арди веќе има последици од пушењето кои ќе ги чувствува целиот свој живот. Родителите на Арди биле предупредени да не го носат детето во простории каде што се пуши, за да не ја обнови лошата навика.
Пушењето во Индонезија е многу раширена појава. Според податоците од индонезискиот демографски институт, во оваа зеја пушат повеќе од 60 проценти од возрасните мажи. Најмалку 25 проценти од децата првата цигара ја пробуваат на возраст од три до 15 години, 3,2 проценти од децата се ставени во категоријата на активни пушачи. /крај/фонет/сс/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
(Фото) Со страстен бакнеж ја потврди својата врска со 26-годишната убавица

Холивудскиот актер Ченинг Тејтум и неговата партнерка Инка Вилијамс неодамна ги привлекоа погледите на црвениот тепих.
Двојката присуствуваше на премиерата на филмот „Roofman“ на Лондонскиот филмски фестивал, а актерот изненади многумина кога покажа изливи на нежност на црвениот тепих.
Имено, новиот пар се бакна пред целиот свет и со тоа ја официјализираа својата врска.
За фотосесијата, тие носеа координирани комбинации, имено, Инка избра елегантен црн фустан со длабок V-изрез кој ја следеше линијата на нејзиното тело.
Својот стајлинг го комплетираше со високи потпетици. Ченинг, како вистински господин, избра црни парчиња – од глава до пети – односно носеше црна кошула и одело во иста боја.
фото: принтскрин
Забава
Жените родени под овие три знаци се драматични кралици: ранливи принцези и непоколебливи хероини

Жените родени под овие хороскопски знаци имаат гласни, експресивни и секогаш искрени емоции. Кога се смеат, тоа е заразно. Кога плачат, тоа го допира дури и најстуденото срце. Кога се лутат… Па, да речеме само дека никој не би сакал да биде во чевлите на луѓето на кои се лути.
Три хороскопски знаци кои гордо ја носат титулата кралици на драмата. Проверете подолу за да видите дали сте една од нив.
Лав
Ако има знак кој знае како да направи сцена – но со допир на гламур – тоа е Лавот. Жената родена во овој знак не драматизира затоа што сака внимание, туку затоа што животот мора да биде спектакуларен за неа. Кога сака, ќе ве осветли како сонце.
Кога е разочарана, едноставно не може да го скрие тоа. Но, пет минути подоцна, таа ќе биде насмеана, со нова фризура и план повторно да го натера светот да се врти околу неа.
Лавицата не знае за просек – со неа, сè е или огномет или ништо.
Шкорпија
Ништо не е површно со Шкорпијата. Таа сè доживува интензивно. Кога сака, се предава на последната емоција; кога е повредена, се повлекува во својот мрачен универзум полн со мисли и интроспекција.
Нејзината драма не е плитка – тоа е внатрешно превирање. Кога вели дека не е ништо, всушност е сè. Иако нејзините реакции може да изгледаат претерани, тие секогаш се искрени. Шкорпијата го чувствува светот како малкумина други и токму затоа е незаменлива.
Рак
Раковите се емоционални епицентри на секое општество. Ако треба да плачете – тие ќе бидат првите. Ако треба да прегрнете – тие веќе ги отвориле рацете. Нивната драма не е театарска, туку нежна и срдечна.
Таа знае како да го претвори најмалиот момент во филмска сцена, но не затоа што сака внимание – туку затоа што искрено живее сè што чувствува. Никогаш не е здодевно со нив: еден ден се ранливи принцези, следниот ден се непоколебливи хероини.
фото: принтскрин
Забава
(Фото) „Новото лице“ на познатата актерка ја засени целата нејзина елеганција

Актерката Ема Стоун не престанува да привлекува внимание поради својот изглед и „ново лице“ за кое сите коментираат, прашувајќи се повторно: „Што ѝ направи на таа природна убавина?“.
На црвениот тепих во Лондон, на премиерата на нејзиниот нов филм „Bugonia“, таа се појави во долг жолт фустан кој го надополни со марама префрлена преку рацете, а покрај деталите во форма на чанта и сандали од Луј Витон, таа беше во центарот на вниманието и поради нејзиниот физички изглед.
Многумина коментираат дека се подложила на козметички процедури, и дека сега има различни веѓи, но и изглед како на мачка, меѓутоа, сè уште не е познато дали шминката направила голем дел од работата во оваа промена или, можеби, естетските хирурзи.
Таа го истакна своето „ново лице“ со нежна, минимална шминка и носеше една од најпопуларните фризури оваа сезона – познатата боб фризура со едната страна префрлена преку увото, а другата слободно паѓаше преку лицето, а ѝ стоеше совршено.
фото: принтскрин