Контакт

Забава

Пронајдено најстарото пиво на светот

Објавено пред

По најстариот шампањ во светот, во пукнатините на истиот брод на дното на Балтичкото море, во близина на Окландските острови, пронајдени се шишиња со пиво за кои исто така се смета дека се најстари во светот, пренесува Радиотелевизија Србија.

dobivaj vesti na viber

<!– @page { margin: 0.79in } P { margin-bottom: 0.08in } –>По најстариот шампањ во светот, во пукнатините на истиот брод на дното на Балтичкото море, во близина на Окландските острови, пронајдени се шишиња со пиво за кои исто така се смета дека се најстари во светот, пренесува Радиотелевизија Србија. Пивото е пронајдено во пукнатините од потонат брод во Балтичкото море, неколку дена пред операцијата за вадење на шампањското, старо два века. „Веруваме дека тоа се најстарите шишиња со пиво“, вели портпаролот на финската провинција Окланд, Рајнер Јуслин. Недопрените шишиња со пиво се извадени од бродот за кој се верува дека се наоѓал во длабочина од 50 метри повеќе од 200 години. Експертите не успеале да го прецизираат потеклото на бродот, ниту точниот датум на неговото потонување. Нуркачите пивото го пронашле додека се подготвувале за преместување на 70 шишиња шампањ, кои се пронајдени во јули годинава и за кои се верува дека се работи за најстариот шампањ во светот кој сè уште може да се пие. Постојаната температура и слабото осветлување биле одлични услови за чување на пивото, а благодарение на притисокот во шишињата морската вода не можела да влезе во нив, наведуваат властите во Окланд. /крај/ртс/бс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава

AERO Street Food Festival 2025 – паркот „Авионче“ ќе биде центар на уличната гастрономија и на музиката

Објавено пред

Од 5 до 8 септември, во паркот „Авионче“, општина Аеродром ќе се одржи првиот AERO Street Food Festival, настан кој ќе ги обедини најдобрите улични гастрономски брендови со урбана музичка програма и забавни активности за сите генерации, а влезот ќе биде бесплатен.

dobivaj vesti na viber

Гастрономската понуда ќе опфати храна од 4 кујни, А-американска, Е-европска, Р-регионална и О-ориентална. Посетителите ќе можат да дегустираат богат избор на специјалитети – од интернационални улични вкусови до автентични традиционални јадења. А покрај тоа ќе имаат можност да уживаат во извонреден избор на пијалоци по екслузивно достапни цени.

Фестивалот ќе се одржува секој ден од 17:30 до 00:30 часот и ќе понуди настапи на реномирани изведувачи: Рингтонс, Southpark, Breakdown band, Goce SAF, Dj Aleksandar Jordanov, DJ Marko, DJ Micov, DJ Shime, DJ Mono, DJ Foodieman, DJ Guardian и DJ Fico.

Понудата ќе биде составена од над 12 познати брендови за храна, меѓу кои: Jojo’s BBQ, Oljo’s, Fat Kitchen, Sorelle Focaccia, Lora’s Sushi, Bistro 64, 15 за 12, Milkey, Destan, Smash Burger, La Pizza, Ноа Гирадико и други.

Покрај музиката и храната, фестивалот ќе понуди и интерактивни предизвици за публиката, вклучувајќи натпревари во најбрзо јадење, квизови, трки и други интерактивни забавни активности со награди. Настанот ќе се реализира со поддршка од Општина Аеродром.

„Нашата цел е да создадеме настан кој ќе ги поврзе луѓето преку храната, музиката и заедничките моменти. AERO Street Food Festival е локална приказна по светски стандарди и ќе биде празник на вкусови, звуци и позитивна енергија“ – изјавија организаторите.

Прикажи повеќе...

Забава

Пет митa за убавина во кои сè уште веруваме, а треба да престанеме

Објавено пред

Во светот на убавината митовите се шират побргу од новите трендови на „Тик-ток“. Време е да ги разбиете и да ѝ дадете на вашата рутина за нега на лицето и телото малку повеќе слобода.

dobivaj vesti na viber

И додека некои од овие митови за убавина што ни се пласираат секој ден и во кои слепо веруваме затоа што звучат логично или дури и научно, вистината е дека многу од овие п„равила“ повеќе нè попречуваат отколку што помагаат.

Првиот и веројатно најупорен мит е дека поскапите производи секогаш значат подобра грижа

Иако луксузните брендови често нудат премиум-пакување и посебен мирис, ефикасноста на производот зависи првенствено од состојките и од нивната концентрација, а не од цената. Понекогаш наједноставниот крем од аптека дејствува еднакво добро, ако не и подобро, од оној што чини неколкупати повеќе.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by elsa❤️ (@hoskelsa)

Друг тврдоглаво прифатен мит е верувањето дека за мрсната кожа не треба да се користи масло

Всушност, квалитетните растителни масла може да помогнат во регулирањето на себумот и во намалувањето на воспалението, а прекумерното сушење на кожата честопати има спротивен ефект – кожата произведува уште повеќе масло за да се заштити.

Третиот мит е дека повеќе чекори во вашата рутина за нега на кожата значат подобра нега

Инспирирани од корејските програми од 10 чекори, многумина почнаа да натрупуваат производи, но дерматолозите сè повеќе предупредуваат дека премногу слоеви може да ја иритираат кожата, особено кога се комбинираат силни активни состојки. Понекогаш минимализмот во негата на кожата носи најдобри резултати.

Четвртиот мит е верувањето дека ако некој производ пече или затегнува, тоа значи дека дејствува

Ова чувство често доаѓа од иритација, а не од длабинско чистење или активирање. Кожата што пече или се чувствува претерано затегната, испраќа сигнал дека нешто не е во ред, а игнорирањето на овие знаци може да доведе до трајно оштетување на бариерата на кожата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ergi Bardhollari (@ergibardhollari)

Петтиот, и можеби најпопуларен мит, е дека природното секогаш значи безбедно

Иако многу природни состојки се прекрасни, фактот е дека дури и целосно природните супстанции може да предизвикаат сериозни алергиски реакции или иритација. Арсенот и отровниот бршлен се исто така природни, но ние не ги нанесуваме на лицето. Клучот е во докажаните формулации и во безбедните концентрации, а не во етикетата „100 % природно“.

Разбивањето на овие митови не значи дека треба да се откажеме од пронаоѓањето на она што најдобро функционира за нас. Напротив, кога ќе ги отстраниме слоевите на заблуди, има простор за информиран избор, поедноставни рутини и нега на кожата што се базира на докази, а не на маркетинг. Убавината е во крајна линија повеќе од само производ – таа е за тоа како се чувствуваме во врска со себе.

фото: принтскрин

Прикажи повеќе...

Забава

Од вечерва кино на отворено во Кисела Вода

Објавено пред

Од

И ова лето паркот „Македонија“ кај Домот на култура „Билјана Беличанец“ ќе се претвори во филмска сцена под отворено небо.

dobivaj vesti na viber

Од вечерва, 21 август, до 24 август, Општина Кисела Вода во соработка со „Киноверзум“ ДООЕЛ Свети Николе, „Кинотека на Македонија“ и Францускиот институт во Скопје ќе донесе богата програма за различни возрасти и вкусови – од анимирани и детски содржини, преку франкофонски и македонски остварувања, до наградувани документарни приказни.

Програма:

21.08.2025(четврток)

Вечер на ,,Киноверзум ”

20.00- Игран филм за деца,,Бунтовната принцеза( синхронизиран на македонски јазик)

21.30-Филм посветен на Марија Калас-,,Марија”

22.08.2025(петок)

Франкфонска вечер

20.00 Цртан филм,,Каламити”

21.30 Игран филм,,Повторно родена”

23.08.2025( сабота)

Македонска вечер

20.00- Блок краткометражни играни филмови за големи и мали деца

,,Ракетно моделарство”

,Баскет”

20.45-Македонски филм,,ДО БАЛЧАК”

24.08.2025( недела)

20.00- Анимиран филм за јунаците од светот на Биби „Златната пеперутка“

21.30- Македонски документарен филм „Медена земја“

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија24 минути

Тошковски го суспендирал, а Чадиева го вратила на работа командирот кој пукаше со калашников, ВМРО-ДПМНЕ го објави решението по прозивките на СДСМ

Командирот од Ропотово кој пукаше со калашников од балкон и беше суспендиран, повторно е на работа. СДСМ денес го критикуваше...

Македонија52 минути

Кривична за поранешни директори на Пошта поради незаконски набавки и штета од 32.500 евра

Полицијата поднесе кривична пријава против В.С. и Б.А. – поранешни генерални директори на АД Пошта, поради сомнение за несовесно работење...

Македонија1 час

Лажни налози и злоупотреба на печат – пријавен раководител од Шуто Оризари за измама од 3,6 милиони денари

Полицијата расчисти случај во врска со измама во службата, при што поднесе кривична пријава против Д.А. (51) вработен како раководител...

Македонија3 часа

Можно е гласачкото ливче да биде седум-осум метри, ама ако изборниот процес е неуспешен, Владата именува повереници, предупреди Мицкоски

Одлуката на Државната изборна комисија независните кандидати да може да поднесат кандидатури за локалните избори со само два потписа од...

Топ4 часа

Загина 19-годишник: со „мерцедес“ излетал од регионалниот пат Струга – Дебар

Вчера околу 23:30 часот во ОВР Струга било пријавено дека на регионалниот пат Струга-Дебар, во село Велешта, струшко, патничко возило...

Македонија4 часа

Со закана изнудил 1,5 милион денари, поведена истрага за едно лице

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје, постапувајќи по кривичната пријава од Министерството за внатрешни работи против едно лице за...

Македонија5 часа

Пожарот во Влае се става под контрола, нема информации за повредени или настрадани

Пожарот на опожарените бараки во Влае се става под контрола, извести ДЗС. Во гаснењето учествуваат повеќе возила и екипи на...

Македонија5 часа

(Видео) „Грантот од ‘Еразмус+’ на фамозната фризерница првенствено бил одбиен, па Димова ургирала и го преиначиле во одобрен“, вели Манасиевски

„Грантот од ‘Еразмус+’ на фамозната фризерница првенствено бил одбиен, па Димова ургирала и го преиначиле во одобрен. Преку свиркачи добивме...

Македонија6 часа

ФЗО: Вo изминатите четири години не се евидентирани претставки за непотребни операции

Во изминатите четири години не се евидентирани претставки за непотребни медицински интервенции, а по сопствен наод Фондот има извршено девет...

Македонија7 часа

На Табановце откриени непријавени луксузни часовници вредни 38 илјади евра

Царинските службеници на граничниот премин со Србија, Табановце – Прешево, спречија обид на српски државјанин да криумчари во ранец два...

Топ7 часа

Обвинение против осум лица, од нив шест полицајци

Јавен обвинител од Специјализираното одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската...

Топ8 часа

Истрага за тероризам: пријавил дека има бомба на летот Скопје – Анталија

Постапувајќи по кривичната пријава поднесена од МВР, обвинителството отвори истражна постапка против С.А. (26) поради основано сомневање дека сторил кривично...

Македонија10 часа

Во Македонија 18 пожари на отворено

Во текот на изминатото деноноќие, на ден 20/21.08 на територијата на Македонија имаше вкупно 18 пожари на отворен простор, од...

Свет10 часа

Венс: Европа мора да го понесе лавовскиот дел од товарот за безбедноста во Украина

Потпретседателот на САД, Џ. Д. Венс, изјави дека европските земји ќе мора да го понесат лавовскиот дел од товарот кога...

Свет10 часа

ОН: Бројот на неисхранети деца во Газа се зголемил тројно од март

Само во градот Газа, речиси една третина од децата се неухранети, напиша Филип Лазарини, раководител на Агенцијата на ОН за...

Свет10 часа

Анализа: Путин дури и не сака да му го изговори името на Зеленски; „Ќе се сретне со него под еден услов“

Презирот на претседателот Владимир Путин кон својот украински колега е толку длабок што речиси никогаш не го кажува неговот име....

Македонија23 часа

32-годишен скопјанец осомничен за разбојништво во Бучимци: маскиран и со ловечки нож ограбил соселанец

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице осомничено за кривично дело – Разбојништво од член...

Македонија1 ден

(Видео) Специјалци од единиците „Волци“ и „Тигри“ направија пресека за да не се пренесе пожарот од Јасен

Пресеката, поточно правење бришан простор за да не се пренесе пожарот преку срт, целосно ја завршија припадниците на Специјалната антитерористичка...

Македонија1 ден

СДСМ Прилеп: Коруптивните бизнис зделки на функционерите на ДПМНЕ ги оставија прилепчани без полагања за возачка дозвола

„Поради нерегуларности во работењето, МВР го затвори Испитниот центар „Супер возач“, со што жителите на Прилеп и другите општини од...

Македонија1 ден

Итни и вонредни надзори во приватните болници по информациите дека се правеле непотребни операции за профит

Министерството за здравство најави итни и вонредни надзори во приватните болници по информациите што излегоа во јавноста дека се правеле...