Забава
Парис Хилтон осудена на условна казна затвор

Познатата трендсетерка Парис Хилтон осудена е денеска на условна казна затвор од една година, парична казна од 2.000 долари и 200 часови добротворна работа, откако ја призна вината за поседување на кокаин.
Познатата трендсетерка Парис Хилтон осудена е денеска на условна казна затвор од една година, парична казна од 2.000 долари и 200 часови добротворна работа, откако ја призна вината за поседување на кокаин.
Хилтон постигна спогодба со судот во Лас Вегас, при што беше предупредена дека ќе заврши зад решетки, доколку ја прекрши условната казна.
Со цел да избегне поголема казна, богатата наследничка ја призна вината за поседување на дрога и попречување на полицијата во вршење на должноста.
Хилтон претходно одлежа 45 дена во затвор, поради повторување на сообраќаен прекршок. /крај/х/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Пријанка Чопра навести дека публиката ќе се изненади од улогата што ја игра во „Матрикс 4“

Пријанка Чопра Џонас е дел од актерскиот тим на новиот „Матрикс“, научнофантастична акција поставена во дистописка иднина во која машините ја заземаат планетата Земја.
Атрактивната Индијка – актерка, модел и мис на светот за 2000 година – откри дека публиката ќе биде изненадена од ликот кој го толкува во филмот.
На прашањето дали ќе глуми суперхероина, Пријанка рече: „Не. Не можам да ви откријам повеќе, но таа е нешто што не го очекувате.“
„Она што можам да го кажам е дека завршив со снимањето и ова е првиот филм што го направив по избувнувањето на пандемијата, и никогаш не сум се чувствувала побезбедно на сет“, изјави 38-годишната актерка за „Варајети“.
Забава
Шејлин Вудли: Kомуникацијата е клучна за добар секс

Холивудската актерка Шејлин Вудли (29) вели дека клучот за добар секс е комуникација меѓу партнерите.
29-годишната актерка откри дека имала лош секс „повеќе од еднаш“ во животот, и додава дека најдобриот совет кога станува збор за ревитализација на нејзиниот сексуален живот е да биде „искрена и транспарентна“ со партнерот.
Во колумната Ask Her („Прашај ја неа“) за машката веб-страница „Лeo“, едно лице праша: „Ако сексот не е одличен, а врската цвета, дали ќе прекинете или ќе работите на тоа?“ Шајлин одговори: „Јас сум била во таква ситуација. И да бидам искрена, тоа се случи повеќе од еднаш во мојот живот.“
„Сè што можам да кажам од моја перспектива како жена што знае што сака и не се плаши да го каже тоа е дека искреноста и транспарентноста се сè. Ако не се чувствувате безбедни во комуникацијата со вашиот партнер, тогаш големи се шансите можеби никогаш нема да можете да негувате вистински сврзувачки сексуален живот. И, ако се чувствувате безбедно, тогаш зборувајте за вашите потреби. Без разлика дали тие се исполнети или не. Прашајте ги вашите партнери за нивните потреби“.
Sвездата на „Големи мали лаги“ рече дека изнаоѓање добра рамнотежа во врската може да одземе доста време, додавајќи дека повеќето луѓе немаат одличен секс сè додека не станат „вистински интимни“ едни со други.
Забава
На Канје Вест не му се допаѓа идејата Ким јавно да говори за крајот на бракот

Канје Вест не е воодушевен што неговиот развод со Ким Кардашијан Вест ќе биде тема на реалити-шоу, пренесуваат таблоидите.
Ким, звездата на „Дружење со семејството Кардашијан“, наводно ќе разговара за крајот на нејзиниот брак во последната серија на семејното шоу, а раперот не е импресиониран.
Неименуван извор изјави за списанието „Ју-ес викли“: „Тој не е нималку одушевен. Таа ќе продолжи да се фокусира на својата бизнис-империја. Ким одеше на индивидуално советување и сега смирено размислува за следните чекори во нејзиниот живот”.
Минатата недела порталот „Пејџ сикс“ објави дека претстојната серија на „КУВТК“ ќе содржи сцени во кои Ким се отвора за нејзиниот шестгодишен брак со раперот и што ги натерало тие да одлучат да го прекинат бракот.
„Кардашијанови имаат намера да излезат јавно, во нивни стил. Тие ја снимија Ким како разговара за своите брачни проблеми“, рече извор за порталот.
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија2 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира
- Македонија1 месец
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот