Забава
Германски ресторан во проблеми зошто продавал џиновски шницли
Сопственикот на еден германски ресторан си отворил проблем со локалните даночни власти зошто продавал шницли поголеми од стандардните.
Сопственикот на еден германски ресторан си отворил проблем со локалните даночни власти зошто продавал шницли поголеми од стандардните.
Герхард Калтшојер изјавил дека шницлите се едни од најпопуларните меѓу вработените во работничката зона на Саксонија и продава по околу 70 порции дневно. Но даночните власти му забележале, бидејќи сметаат дека со месото што го троши може да продаде 200 порции и да плати повеќе данок.
„Ако сервирам помали порции по иста цена, нема да имам гости, бидејќи тоа нема да ги засити“, изјавил тој.
Случајот добил голема популарност во германските медиуми,а дури е закажан и протест за в понеделник поради барањето на даночниците да ги намали порциите, пренесува Бгнес. Портпаролот на даночната служба одбил да го коментира случајот./крај/бг/бч/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Тиктокер го провоцираше Бјелогрлиќ во кафуле во Белград, актерот му го исфрли телефонот од рака
Во едно кафуле во центарот на Белград се случи инцидент во кој познатиот актер и режисер Драган Бјелогрлиќ му го исфрли мобилниот телефон од раката на тик-токерот Александар Шулц, кој го снимаше и го провоцираше.
Dragan Bjelogrlić napao tiktokera u kafiću Glumac i reditelj Dragan Bjelogrlić našao se u centru incidenta nakon što je, prema snimku objavljenom na društvenim mrežama, pokušao da otme telefon tiktokeru Aleksandru Šulcu, poznatijem kao Lepi. #nisvesti #srbija #vesti #viral pic.twitter.com/QGKq0K6TZ1
— Niš Vesti (@NisVesti) February 24, 2026
Шулц, познат на ТикТок како „Лепи“, му се приближи на Бјелогрлиќ и почна да го испрашува додека го снимаше. Актерот првично одговори учтиво, мислејќи дека е негов обожавател. Меѓутоа, кога сфатил дека станува збор за провокација, Бјелогрлиќ, според снимката што се шири на социјалните мрежи, рекол: „О, ти си овој човек“, одеднаш станал и му го исфрлил мобилниот телефон од раката. На ова, тик-токерот одговорил: „Што е?“, продолжувајќи да го снима и велејќи дека е „нервозен“.
Овој инцидент се случува откако Драган Бјелогрлиќ беше осуден на 21 ноември 2024 година на шестмесечна условна казна затвор, за насилно однесување, објавува српски Блиц.
Забава
Почина ќерката (42) на актерот и комичар Мартин Шорт
Ќерката на познатиот актер и комичар Мартин Шорт, Кетрин Шорт, почина на 42-годишна возраст. Семејството ја потврди веста во соопштение за медиумите.
„Со длабока тага ја потврдуваме смртта на Кетрин Хартли Шорт. Семејството Шорт е скршено од оваа загуба и бара приватност во овој момент. Кетрин беше сакана од сите и ќе биде запаметена по светлината и радоста што ги донесе на светот“, се вели во соопштението на семејството за „Пипл“.
Противпожарната служба на Лос Анџелес потврди дека реагирала во дом во Холивуд Хилс во 18:41 часот во понеделник, 23 февруари, по пријава за исчезната жена. Канцеларијата на мртовечникот на округот Лос Анџелес извести за „Пипл“ дека смртта е прогласена за самоубиство.
Мартин и неговата покојна сопруга, Ненси Долман, ја посвоија Кетрин. Долман почина во 2010 година од рак на јајниците. Тие беа во брак 30 години. Двојката, исто така, посвои два сина, Оливер Патрик (39) и Хенри Хејтер (36). Кетрин ретко се појавуваше во јавноста.
Таа беше лиценциран клинички социјален работник и работеше со скратено работно време во „Амае Хелт“, каде што обезбедуваше услуги за заедницата, водеше групи за поддршка на семејствата и вршеше психотерапија. Дипломирала психологија и студии за род и сексуалност на Универзитетот во Њујорк во 2006 година, а магистрирала социјална работа на Универзитетот во Јужна Калифорнија во 2010 година.
Забава
Мет Гала го откри „дрес-кодот“ и конечно стави крај на вечната дебата
Оваа година повторно го очекуваме најголемиот хуманитарен моден спектакл, таканаречената Мет Гала, на која ќе бидат домаќини најголемите ѕвезди од светот на познатите личности. Темата е веќе откриена, а сега и „дрес-кодот“.
Да потсетиме дека темата на овогодинешната Мет Гала се вика „Costume Art“ и се фокусира на човечкото тело како неразделен аспект на уметничкото дело. Кустосот на музејот, Ендру Болтон, истакна:
„Наместо да се дава приоритет на модата и модните парчиња и со тоа повторно да се врши притисок врз човечкото тело, костимската уметност овој пат ќе ја покаже врската помеѓу облеката и истото тоа тело“, рече тој.
Сега е откриен и дрес-кодот за оваа, најгламурозна модна вечер, под мотото „Модата е уметност“ (Fashion is Art).
Болтон во изјава за медиумите нагласи дека овогодинешната тема конечно ќе стави крај на дебатата „Дали модата е уметност“, и дека познатите личности, преку нивните лични модни изрази, ќе мора да докажат дека „модата е уметност“.
„Го сменивме она што го правевме досега“, вели Болтон. „Сега ја гледаме уметноста низ призмата на модата“.

