Контакт

Забава

Велосипед без запчаник

Објавено пред

Неколку млади Унгарци во вторник го претставиле својот нов концепт на велосипед кој го нема вообичаениот запчаник и „ланецот“, објави интернет страницата Hungarian Ambiance

Stringbike, како што е името на прототипот на новиот велосипед, го сметаат за револуционерен чекор во оваа област. Тој за погон користи челични жици кои со помош  на макара ја пренесува погонската сила од педалите на задното тркало. Позицијата на педалите и механизмот за пренос исто така е направен со нивното движење преносот да биде постојан.Разликата меѓу овој вид велосипед и класичните е во поголемиот број степени на преносот на брзината. Всушност како што велат неговите изумители сега нема да се почувствува никакво префрлување меѓу брзините бидејќи тие се местат со позиционирање на макарата. Системот на пренос може да биде и со асиметрично местење на макарите, односно едната нога да работи повеќе, што не е можно кај класичните велосипеди. Производител на овој велосипед е Schwinn Csepel Ltd од каде тврдат дека тој е многу попрактичен од класичните бидејќи немањето запчаник и синџир овозможува двете тркала многу полесно може да се извадат. Бидејќи има помалку делови, тој би требало да се произведува поевтино.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава

Деми Ловато се враќа на телевизија со главна улога во нова комедија на Ен-би-си

Објавено пред

Деми Ловато се враќа на малите екрани на голема врата, со главна улога во нов проект на Ен-би-си, комедија под наслов Hungry.

Доколку проектот се претвори во серија, тоа ќе биде прва редовна улога на 28-годишната пејачка и актерка откако го играше насловниот лик во Sonny with a Chance, која се прикажуваше од 2009 до 2011 година.

Според порталот „Холивуд репортер“, проектот сè уште нема добиено нарачка за серија.

Прикажи повеќе...

Забава

Џенифер Гарнер на дневна дружба со стара пријателка

Објавено пред

Тие заедно глумеа во 13 Going On 30,  романтична комедија од 2004 година.

Џенифер Гарнер и Џуди Грир негуваат пријателство кое трае до денес.

Во понеделникот, по прошетката со Џуди, Џенифер ги задеваше своите следачи на Инстаграм предизвикувајќи ги да погодат со кого се дружи тој ден.

Таа ја покажа својата придружничка одзади на својата инстаграм-приказна и напиша: „Денес бев да се прошетам со една од моите најомилени личности“.

На друга фотографија, Џенифер напиша: „Совет: Застанува и разговара со секое куче што ќе го види!“

Гарнер е мајка на Вајолет (15), Серафина (12) и синот Семјуел (8), кои ги дели со поранешниот сопруг Бен Афлек. Таа и добитникот на „Оскар“ за „Арго“ се разделија во 2015 година по 10 години брак, а разводот го финализираа во 2018 година.

Прикажи повеќе...

Забава

Хајди Клум ги збуни фановите со стара фотографија

Објавено пред

Хајди Клум изгради кариера како русокоса бомба во духот на Барбарела со кампањи кои вклучуваат модни ревии на Victoria’s Secret и насловни страни за Sports Illustrated Swimsuit Edition.

Токму порди тоа, таблодите пишуваат дека било шок да се види 47-годишната Хајди како бринета со густи веѓи на 19-годишна возраст.

Во неделата, sвездата на Project Runway (Проект писта) сподели многу ретка фотогрфија од себе кога првпат започнала да се занимава со манекенство во 1992 година.

„Помина време …..“, напиша Хајди, која сега е мајка на четири деца, и додаде емотикон смешко.

А таблоидите коментираа: Оваа девојка е прекрасна, но никој не би погодил дека е Хајди.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

ИЈЗ: Намалување на бројот на нови случаи и на починати

Според неделниот извештај на Институтот за јавно здравје во периодот од 18 до 24 јануари 2021, тестирани се вкупно 11.036...

Свет3 часа

СЗО: Нови совети во врска со лекувањето на Ковид-19, тимот во Вухан започнува со работа

Светската здравствена организација (СЗО) денес ги издаде најновите совет до клиничарите за лекување  пациенти со Ковид-19, вклучувајќи ги и оние...

Европа3 часа

(Видео) Германија: Маж со нож бодел луѓе на улица, има ранети

Германската полиција соопшти дека еден човек со нож нападнал и ранил неколку лица во градот Франкфурт пред властите да го...

Европа4 часа

Бразилскиот вид на Ковид-19 пристигна во Италија, вирусолозите предупредуваат дека вакцината не е ефикасна против него

Болница во градот Варезе, во регионот на Ломбардија, лекува лице на кое му е дијагностициран првиот случај во Италија на...

Македонија4 часа

Семејство завеано во викендичка на Попова Шапка, без струја и без храна

Четиричлено семејство од Скопје останало заглавено во викендичка на Попова Шапка, бидејќи поради големите снежни навеви пристапот бил отсечен. За...

Македонија4 часа

Филипче: Ја разгледуваме можноста за набавка на вакцини од Кина

Владата ја разгледува можноста за набавка на вакцини од Кина. Како што соопшти министерот за здравство, Венко Филипче, во моментот...

Европа5 часа

Меркел: Ситуацијата со коронавирусот ни избега од контрола

Германската канцеларка Ангела Меркел призна дека ситуацијата во земјата, во борбата против коронавирусот, им избегала од контрола на властите. Според...

Европа5 часа

Италијанскиот премиер Конте поднесе оставка

Италијанскиот премиер Џузепе Конте поднесе оставка, пишуваат италијанските медиуми. Агенцијата „Анса“ пишува дека премиерот ја објавил својата одлука пред членовите...

Македонија6 часа

Брзи антиген тестови на скопскиот аеродром

Со цел да одговори на најновите рестрикции за патување воведени поради Ковид-19 од страна на земјите од ЕУ/Шенген зоната, ТАВ...

Македонија7 часа

Португалското претседателство ќе настојува да почнат преговорите на Македонија со Европската Унија

За португалското претседателство процесот на проширување е важно прашање, истакна министерот за надворешни работи на Португалија, Аугусто Сантош Силва. Како претставник...

Македонија7 часа

СДСМ: Штетни се обидите за наметнување дебата колку проценти е која било етничка заедница

Штетни се обидите за наметнување дебата колку проценти на која било етничка заедница, велат од владејачкиот Социјалдемократски сојуз на Македонија,...

Европа7 часа

(Видео) Нови насилни протести во Холандија поради полицискиот час

Холандската полиција уапси 70 лица откако избувнаа нови немири трета ноќ по ред за време на протестите за одлуката на...

Свет8 часа

Поднесено обвинение против Трамп во Сенатот

Претставничкиот дом на американскиот конгрес поднесе обвинение до Сенатот за отповикување на поранешниот американски претседател Доналд Трамп, бидејќи неговиот говор...

Свет19 часа

Пирати киднапираa 15 морнари од турски брод, еден убиен

Во насилeн напад во близина на брегот на Нигерија пирати киднапирале 15 морнари од турскиот брод „Моцарт“, а еден член...

Свет20 часа

„Модерна“ тврди дека нејзината вакцина е ефикасна и против новите видови коронавирус

Вакцината на „Модерна“ дејствува и против новите видови коронавирус пронајдени во Велика Британија и Јужна Африка, тврдат научници од оваа...

Македонија21 час

Собранието го избра Насер Зибери за народен правобранител

Иако Насер Зибери не успеа да стане првиот премиер Албанец, се избори за функцијата народен правобранител. Го предложи ДУИ, а...

Свет21 час

Џонсон најави ублажување на рестриктивните мерки во февруари

Британскиот премиер, Борис Џонсон, бара начини за олеснување на некои рестриктивни мерки воведени за забавување на ширењето на Ковид-19 пред...

Топ22 часа

Џудо-федерацијата лани му ја одзела лиценцата на тренерот осомничен за полови злоупотреби на ученички

Четириесет и шестгодишниот тренер по џудо од Прилеп, кој се сомничи за полови злоупотреби на малолетнички што му биле ученички,...

Македонија1 ден

Законот за лекови доби зелено светло, ВМРО-ДПМНЕ не гласаше

Измените на Законот за лекови и медицински помагала со кој се уредува набавката на вакцините од компанијата „Фајзер“ го помина...

Македонија1 ден

Шестмина починати и 63 новозаразени со Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 677 тестирања, а регистрирани се 63 нови случаи на...

Досие