Забава
Миса во чест на Александар Меквин

Во лондонската катедрала St.Paul се одржа миса за прерано починатиот британски дизајнер Александар Меквин.
Овој настан организиран во чест на Меквин, не го пропуштиле многу негови музи и блиски пријатели како Кејт Мос, Сара Џесика Паркер, Наоми Кембл и уредничката на американскиот Вог Ана Винтур, која на Меквин му беше прва шефица.
Винтур во една прилика изјавила дека со Александар било многу тешко да се соработува, бидејќи ретко ги почитувал роковите, но неговиот талент никогаш не бил спорен.
За посебната атмосфера на мисата се погрижила Бјорк која облечена како ангел ја отпеала песната „Gloomy Sunday“ на Били Холидеј во кој зборува за смртта. Изведбата ги трогнала присутните, а Сара Џесика Паркер на излегувањето со насолзени очи изјавила дека церемонијата била преубава и не би ја пропуштила во никој случај. Наоми Кембл исто така искоментирала дека оригинално осмислената миса сигурно би му се допаднала и на самиот Меквин.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Том Џонс објави нова песна

Иако влезе во деветтата деценија од својот живот, Том Џонс не планира да престане со музика.
Славниот пејач пред неколку дена ја објави својата нова песна наречена „Talking Reality Television Blues“, што на некој начин е критика на денешното општество.
За песната е снимен соодветен спот. Она за што обожавателите се согласуваат е дека тој зачекори во друг музички стил кој не е специфичен за него, пренесува „Headliner“.
„Можеби грешам, но ми се чини дека некој е обожавател на Radiohead. Том Џонс не се плаши да влезе во кој било музички жанр. Ми се допаѓа“, се само некои од коментарите на социјалните мрежи.
Забава
Украл автомобил па сфатил дека внатре има бебе, се вратил назад и ја искарал мајката

Крадец од Орегон украл автомобил, но го сопрел и се вратил назад за да ѝ одржи лекција на сопственичката на возилото која внатре го оставила своето мало дете.
Бизарната епизода се случувала пред една продавница во Портланд, во саботата.
Мајката го оставила своето дете на седиштето во автомобилот кој бил отклучен додека трчала кон продавницата за млеко и месо. Крадецот случајно поминал покрај возилото, скокнал во него и се оддалечил.
Но, тој брзо сфатил дека има добиено повеќе отколку што сакал да земе. Застанал на првата крстосница и се вратил во продавницата, одржувајќи ѝ лекција за родителство на мајката, изјави портпаролот на полицијата, Мет Хендерсон.
„Тој ѝ одржал лекција на мајката затоа што го оставила детето во автомобилот и ѝ се заканил дека ќе повика полиција“, рече Хендерсон.
Мајката го грабнала детето по наредба на крадецот, а тој потоа се оддалечил, соопшти полицијата.
Добро е што тој имал доволно пристојност да го врати детето, заклучи Хендерсон.
Забава
Шакира ги продаде правата на сите свои песни

Шакира стана уште една во низата пејачи и музичари кои ги продадоа правата на својата музика за милиони долари.
Сите нејзини песни, вклучувајќи ги хитовите „Whenever, Whenever“ и „She Wolf“, се вклучени во продажбата на авторските права.
Песните ја направија најпродаваната латинска изведувачка на сите времиња, со продадени 80 милиони албуми ширум светот.
Продажбата е склучена со инвестициската компанија Hypnosis Song Fund, која неодамна ја купи музиката на Блонди и Нил Јанг.
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија1 месец
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија4 недели
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира