Забава
Поради премногу флертување во Мексико воведено такси само за жени
По улиците на мексиканскиот град Пуебле вози розово такси кое превозува само жени, пишува весникот „Тера“. Ваквиот такси превоз за поубавиот пол, е воведен за да се намали сексуалното злоставување.
По улиците на мексиканскиот град Пуебле вози розово такси кое превозува само жени, пишува весникот „Тера“. Ваквиот такси превоз за поубавиот пол, е воведен за да се намали сексуалното злоставување.
„Жените тврдат дека машките возачи пробуваат да флертуваат со нив, а некои и им нудат непристојни предлози“, рече возачката Аида Сантос.
Во такси возилата на жените им се нудат и сетови за разубавување.
Исти услуги се нудат и во Москва и Дубаи. Истата идеја за воведување на розеви такси возила во гласниот град на Мексико пропаднала во 2007 година, но оваа метропола за време на метежот на жените им нуди услуги како бесплатен превоз со автобуси и возила само за нив./крај/тера/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) „Дрзок гол фустан“ само за неа: Хејли Бибер никогаш не била толку секси
Моделот и претприемачка Хејли Бибер моментално е во Сиднеј, каде што присуствуваше на австралиската премиера на филмот „Wuthering Heights“, во кој глуми Марго Роби. Проектот привлече светско внимание уште од самиот почеток, а сега Хејли се погрижи сè да биде на високо ниво.
@instylegermany @Hailey Bieber attends the #WutheringHeights-Premiere in #Sydney. 🖤✨ #haileybieber #haileybieberedits #TikTokFashion ♬ Originalton – InStyle Germany
Трендот на голи фустани одамна го освои Холивуд, а Дакота Џонсон е особено позната по него, но сега има силна конкуренција. Хејли Бибер ги помести границите кога станува збор за голи фустани и ги шармираше сите.
Фустанот од чипка со потпис на модната куќа Ив Сен Лоран совршено ѝ одговараше на нејзината фигура. Станува збор за модел кој целосно ја следи линијата на телото и, секако, е транспарентен, па можете да ја видите нејзината долна облека.
Овој пат, Хејли имаше и изразено деколте на градите, долги ракави и малку понизок струк, сè потсетуваше на викторијанската ера.
Својот моден изглед го комплетираше со елегантни сандали со високи потпетици, додека косата ја пушташе лежерно и позираше самоуверено за собраните фотографи.
Забава
(Фото) Прекрасната бринета покажа како да се носи омилената боја на сезоната
Никол Шерцингер неодамна присуствуваше на ревијата на Мајкл Корс на Неделата на модата во Њујорк. За таа пригода, таа одлучи да облече едноставен, но ефективен аутфит кој ја слави најпопуларната боја на сезоната – кафеавата и целата нејзина палета.
Таа избра лежерен сатенски фустан кој ја следи линијата на телото и ја нагласува силуетата. На аутфитот додаде бел капут кој совршено го нагласи нејзиниот примарен, темен аутфит и остави впечаток на тивок луксуз.
Својата витка фигура дополнително ја нагласи со тенок ремен, додека комбинацијата ја комплетираше со кожна чанта со интересни детали.
Целиот стајлинг беше монохроматски по природа, во земјени тонови надополнети со ненаметлив накит. Косата ја стилизираше на наједноставен начин – избра брановидна форма, а што се однесува до шминката, носеше земјени тонови кои совршено го заокружуваа овој изглед.
Забава
(Видео) Облече проѕирен фустан и им го покажа задникот на фотографите: пејачката е повторно главна тема
Дуа Липа неодамна присуствуваше на премиерата на филмот „Rosebush Runing“ што се одржа во рамките на Берлинскиот филмски фестивал.
Нејзино друштво на црвениот тепих беше актерот и вереник Калум Тарнер, кој глуми во гореспоменатиот филм, а Дуа беше негова морална поддршка за овој голем настан.
Се чини дека двојката привлече внимание на црвениот тепих, особено пејачката која одлучи да носи „гол“ фустан.
Таа носеше црна чипкана креација која беше проѕирна. Фустанот ја истакнуваше нејзината витка фигура, а интимната долна облека ја нагласуваше нејзината сензуалност.
Својот стил го надополни со скап накит, шминка во природни тонови, а што се однесува до фризурата, избра добро докажан класик – висока пунџа што ги истакнуваше нејзините природни црти на лицето.
Што се однесува до нејзиниот драг Калум, тој остана верен на класичните кроеви, а за премиерата на својот филм избра кафеаво одело, кое го комбинираше со сина кошула и беж вратоврска.

