Забава
Во емисија во живо дознала дека нејзината исчезната ќерка мртва
Мајка на исчезната тинејџерка во Италија, во текот на телевизиска емисија која одела во живо дознала од својот девер кој признал дека ја убил нејзината ќерка, пренесува Дејли меил.
<!– @page { margin: 0.79in } P { margin-bottom: 0.08in } –>
Мајка на исчезната тинејџерка во Италија, во текот на телевизиска емисија која одела во живо дознала од својот девер кој признал дека ја убил нејзината ќерка, пренесува Дејли меил.
Во август оваа година 15 годишната Сара Скази исчезнала од дома и од тогаш се губи секаков нејзин траг, а нејзината мајка решила исчезнувањето да го пријави во телевизијата РАИ за да апелираат во јавноста. Тогаш следело и шокантно признание од нејзиниот девер.
Концепт Серано, мајката на тинејџерката, се шокирала од признанието и само успеала да каже дека деверот е невин и дека не може да верува. Таа седела во трпезаријата на наводниот убиец Микеле Мисери, кога водителката и ја соопштила веста која ја дознала од полицијата.
Она што е зачудувачки е што телевизијата и понатаму продолжила да ја снима Серано додека била во шок и по неколку минути ја прашале дали да престанат да ја снимаат.
„Мислам дека е време да престанете“, кратко им одговорила.
Бројни критики биле упатени до уредништвото на телевизијата, а една од нив гласела дека кога тие би биле човечки суштества со срце, немале тоа да го направат.
Сара Скази исчезнала на 26 август, а Мисери на полицијата и покажал каде го скрил телото. Несреќното девојче требало на таа дата да се сретне со нејзин роднина и заедно да одат на плажа во Пугли. За жал, Сара никогаш не стигнала на плажата и не се видела со роднината./крај/дејлимеил/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Остин Батлер откри што се случува меѓу него и Емили Ратајковски
Откако се разведе пред неколку години, Емили Ратајковски не брза да пронајде нов маж во својот живот. Самата таа изјави дека во моментов не сака сериозно да се обврзе, туку да се забавува.
Ратајковски неодамна беше забележана во друштво на Остин Батлер во Њујорк – што веднаш предизвика гласини дека има нешто меѓу нив двајца.
Во интервју за „Венити фер“, актерот, секако, беше прашан дали има нешто меѓу него и Емили Ратајковски. „Вистинскиот одговор е дека имам многу пријатели, ние сме пријатели, вечеравме и сме пријатели.“
Остин Батлер признава дека поради интересот што знаел дека ќе го предизвика нивното излегување, сакал да се сокријат.
Батлер е исто така предмет на многу контроверзии откако се раздели од Каја Гербер на крајот од минатата година, а неодамна беше забележан со Зои Кравиц
Забава
(Видео) Нежна и елегантна: Портман го освои црвениот тепих
На доделyвањето на Governors Awards, актерката Натали Портман се појави во минималистичка Dior тоалета – мини-фустан со прерамки и сини цветни детали.
Стилот го надополни со класична пунџа, впечатлива шминка и накит од „Tiffany & Co“. Медиумите ја истакнаа како еден од најзабележливите модни избори на вечерта.
View this post on Instagram
Забава
Членка на жирито: Победничка на Мис Универзум требаше да биде Тајланд
Членката на жирито на овогодинешниот избор за „Мис Универзум“, Натали Глебова, ја доведе во прашање легитимноста на резултатите и истакна дека, според неа, победничка требало да биде Мис Тајланд, Праванеер Синга.
Во соопштението Глебова нагласи дека говори исклучиво во свое име. Потсети дека во 2005 година и претходните години резултатите на изборот ги објавувал независен ревизор со запечатени документи, и изјави дека би сакала оваа пракса да се врати. Додаде дека додека тоа не се случи, нема повторно да учествува како член на жирито.
View this post on Instagram
Глебова, која во 2005 година ја претставувала Канада на „Мис Универзум“, објави фотографија од Мис Тајланд и напиша: „Мојата победничка!“.

