Контакт

Забава

Четири важни совети за полесно капење на вашето куче

Објавено пред

Иако не се препорачува многу често капење на вашето куче, сепак корисно е да се знаат неколку техники за полесно да се справите со вашиот миленик пред да го искапете

1. Прво посипете го со малку топла вода од некој бокал или сад и потоа употребете го шампонот;2. Многу е важно ушниот канал да биде заштитен. За да го намалите количеството на вода кое може да влезе во ушите, пред капењето може да му ставите памук, но да не биде премногу длабоко во увото;3. Секогаш имајте повеќе крпи. Може да настане вистински воден хаос во бањата;4. Да има доволно вода во кадата пред капењето. Многу се помали шансите да ви побегне, бидејќи водата ќе ја отежне рамнотежата на кучето.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава

Скарлет Јохансон ги засени колешките на премиерата и ја откри тетоважата

Објавено пред

Американската актерка Скарлет Јохансон (34) минатата ноќ го привлече вниманието на сите присутни на премиерата на филмот „Одмаздници“. Во тесен фустан без прерамки и со висок прорез, Скарлет ги засени колешките од филмот. Косата ѝ беше пуштена, навидум неугледна, совршен погодок за оваа добитна комбинација.

Нејзиниот полугол грб откри голема тетоважа на роза, која беше идеален моден додаток. Едноставни сандали со ремчиња на високи потпетици ѝ го дополнија изгледот за премиерата на филмот.

Скарлет ја игра „Црната вдовица“ во филмот, акциска херојка со портокалова коса, која најчесто носи тесен црн костим. Јохансон е една од најталентираните актерки на денешницата, а стана позната благодарение на сензуалноста и облините, па често глуми фатални убавици.

На премиерата беа сите ѕвезди на серијата: Натали Портман (37), Бри Ларсон (29), Зое Салдана (40), Роберт Дауни Џуниор (54), Крис Хемсворт (35) со сопругата Елсом Патаки (42), Крис Прат (39) со свршеницата Кетрин Шварценегер (29) и многу други.

Прикажи повеќе...

Естрада

Бритни Спирс изјави дека на нејзиното семејство му се закануваат со смрт

Објавено пред

По шокот со лошиот изглед по напуштањето на установата за ментално здравје, во која наводно сама се пријавила, Бритни Спирс им се обрати на обожавателите преку видео на „Инстаграм“.

„Јас само сакав да ве поздравам бидејќи приказните излегоа од контрола. Има шпекулации, смртни закани за моето семејство и за тимот, има толку луди работи. Се обидувам да си земам еден миг за себе, но станува само потешко поради сето тоа што се случува. Не верувајте на сè што ќе чуете и прочитате. Тие лажни имејлови ги направи Сем Лутфи пред многу години… јас не ги пишував. Тој се правеше дека сум јас и беше во контакт со мојот со лажни имејл-адреси“, објасни таа.

View this post on Instagram

I wanted to say hi, because things that are being said have just gotten out of control!!! Wow!!! There’s rumors, death threats to my family and my team, and just so many things crazy things being said. I am trying to take a moment for myself, but everything that’s happening is just making it harder for me. Don’t believe everything you read and hear. These fake emails everywhere were crafted by Sam Lutfi years ago… I did not write them. He was pretending to be me and communicating with my team with a fake email address. My situation is unique, but I promise I’m doing what’s best at this moment 🌸🌸🌸 You may not know this about me, but I am strong, and stand up for what I want! Your love and dedication is amazing, but what I need right now is a little bit of privacy to deal with all the hard things that life is throwing my way. If you could do that, I would be forever grateful. Love you ❤️❤️❤️

A post shared by Britney Spears (@britneyspears) on

„Те сакаме, Бритни“, ѝ порачаа обожавателите, но исто така и многубројни колеги, како пејачката Мајли Сајрус.

За Велигден пејачката првпат се појави во јавноста, а нејзините обожаватели беа шокирани од нејзиниот изглед.

Таа беше снимена со своето момче во хотелот „Монтаж“ на Беверли Хилс целосно бушава, со размачкан кармин и збунета. Момчето ја заштитуваше од собраните фоторепортери, во кои таа гледаше празно.

Таа се пријави во установа за ментално здравје бидејќи тешко ја поднесува болеста на својот татко.

Прикажи повеќе...

Забава

Летало на НАСА првпат забележа „марсотрес“

Објавено пред

Роботското летало „Инсајт“ на НАСА, кое од ноември минатата година се наоѓа на Марс, забележа благ потрес на Црвената планета.

Аганцијата АП информира дека се верува оти станува збор за првиот „марсотрес“ некогаш регистриран.

Според информациите, мониторот за потреси вграден во леталото регистрирал слаб сигнал на 6 април, а научниците синоќа одлучиле ваквата вест да ја споделат во јавноста.

Иако е забележан шум, кој потсетува на нежен ветер, научниците веруваат дека звуците доаѓаат од внатрешноста на Марс.

Францускиот научник Филип Лонжон, кој е задолжен за овој експеримент бидејќи европските вселенски агенции го опремиле леталото „Инсајт“, рекол дека е возбудливо тоа што, конечно, имаме доказ оти планетата е сеизмички активна.

Научниците продолжуваат да ги анализираат добиените податоци, како и три послаби сеизмички сигнали што се забележани.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија19 минути

Финансиската полиција денес добила пријава за контрола на работењето во ИВЗ

Управата за финансиска полиција денес добила пријава со барање за финансиска контрола во Исламската верска заедница(ИВЗ). Од Управата демантираат дека...

Македонија25 минути

Бузаку: Објектот на ИВЗ е под окупација

Самопрогласенот поглавар на Исламската верска заедница, Скендер Бузаку, кој е назначен на оваа функција со решение од Судот, во изјава...

Македонија54 минути

ИВЗ: Невозможно е Реџепи да се сретне со Бузаку

Портпаролот на Исламската верска заедница, Агрон Војника, за „Макфакс“ вели дека е невозможно реисот Сулејман Реџепи да оствари средба со...

Македонија2 часа

Комисијата за односи со верските заедници демантира вмешаност во превирањата во ИВЗ

Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи демантира каква било вмешаност во настаните во Исламската верска заедница. Од...

Свет3 часа

(Видео) Ким Џонг-ун со блиндиран воз пристигна во Русија

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун со блиндиран воз пристигна во Русија, каде што утре во Владивосток ќе се сретне со рускиот...

Македонија16 часа

(Видео) ИВЗ: Судот не одлучува кој ќе биде реис, ако е така нека кажат и кој да биде поглавар на МПЦ

Судот не е тој што одлучува кој ќе биде реис, ако е така нека кажат и кој да биде поглавар...

Свет22 часа

(Видео) Камерите снимија терорист кој влегува во црквата непосредно пред масакрот

Медиумите на Шри Ланка објавија снимка од надзорните камери снимена непосредно пред еден од нападите. Како што известува „Гардијан“, се...

Македонија23 часа

Северна Македонија или Македонија? Караџовски и Адеми расправаa како да ја пишува државата на извештајот

Членовите на Судскиот совет го изгласаа годишниот извештај за работата за 2018 година, но претходно претседателот Зоран Караџовски и членот...

Топ23 часа

Мицкоски: Не е до чистката, туку проблемот е до тој што треба да исчисти

По најавите на премиерот Зоран Заев дека власта ја примила пораката од граѓаните и дека ќе следуваат кадровски промени, лидерот...

Топ24 часа

Поднесено обвинение против родителите чии деца загинаа во пожар во Велес

Против мајката и таткото, чии деца во јуни минатата година загинаа во пожар во куќа во Велес, е поднесено обвинение...

Македонија1 ден

(Видео) Таткото на Саздовски: Родителите да кажат каде е третиот осомничен, кој е во бегство

Ни една мајка не треба да го закопа својот син, казната е толкава колку што е предвидено во законот. Не...

Македонија1 ден

(Видео) По 19 години затвор за убијците на Никола Саздовски

Кривичниот суд во Скопје им одреди по 19 години затвор на Бесим Беља и Скендер Демири, кои на 29 јуни...

Свет1 ден

Евакуирана Сиднејската опера поради истекување гас

Стотици луѓе се евакуирани денес од Сиднејската опера и околината поради истекување гас, а раководството на куќата објави дека настапите...

Регион1 ден

Убиецот на бугарската телевизиска новинарка осуден на 30 години затвор

Бугарскиот суд го осуди Северин Красимиров на 30 години затвор за силување и убиство на телевизиската новинарка Викторија Маринова. Телото...

Свет1 ден

(Видео) Базен на врвот на висококатница се излеа за време на земјотресот во Манила

Филипините вчера ги погоди силен земјотрес со интензитет од 6,3 степени според Рихтер поради што се тресеа многу згради, а...

Свет1 ден

Најмалку 11 жртви и 24 исчезнати во земјотресот во Филипини

Најмалку 11 лица загинаа, 24 исчезнати, а повеќе од 80 се повредени во земјотрес со јачина од 6,1 степен, кој...

Топ2 дена

(Видео) Дац му подари метла на Заев, премиерот возврати – чистка ќе има

Актерот Драган Спасов Дац на вечерашната трибина на СДСМ во Карпош му подари метла на премиерот Зоран Заев, порачувајќи му...

Европа2 дена

Курц ја осуди песната во која мигранти се споредуваат со стаорци

Aвстрискиот канцелар, Себастијан Курц, побара од помалиот партнер во владејачката коалиција, десничарската Партија на слободата на Австрија, да се дистанцира...

Избори 20192 дена

(Видео) Поништено гласањето на избирачко место во Ѓорче Петров, имало вишок гласачки ливчиња во кутијата

Три гласачки ливчиња повеќе во кутијата од бројот на гласачи нотира Државната изборна комисија во едно избирачко место во општина...

Свет2 дена

Кои се жртвите во Шри Ланка: Деца, познати готвачи, келнери, политичари…

Во терористичките напади во Шри Ланка загинаа најмалку 290 луѓе, а повеќе од 500 се повредени. Меѓу нив, повеќето луѓе...

Досие