Контакт

Забава

Умрел од бактерија која јаде човечко месо

Објавено пред

Американски професор умрел по куса многу упасна болест. Тој бил нападнат од бактерија која едноставно го јаде човечкото месо

Курт Сонода, 45-годишен професор од американскиот град Перлсити, одеднаш минатата седмица се почувствувал лошо и почнал да поткривнува на едната нога, мислејќи дека има болки од хернија. Веќе следниот ден стомакот му добил виолетова боја, а на некои места и црна. Докторите констатирале кај него многу ретка болест која е наречена некротизирачки фасцитис, која ја предизвика бактерија која го јаде месото. Веднаш бил опериран, но по 12 часа му се влошила состојбата и починал. А според лекарите, се’ почнало со најобична расекотина која Сонода не ја сфатил сериозно и не ја санирал. Од инфицирањето на малечката рана подоцна се развила опасната болест.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава

Минаре над замрзнато езеро во Турција привлекува бројни посетители

Објавено пред

Минарето на џамија кое што изронува од леденото езеро во турскиот град Агрија, привлекува многубројни посетители во текот на зимата.

Голем дел од селото Баскавус, 18 километри од центарот на градот, остана под вода по стартување на браната Јазики, што доведе до иселување на населението.Селската џамија и бројните куќи останаа под вода, само минарето остана над водената површина.

Во текот на летните месеци до минарето потешко се доаѓа отколку зиме, кога водата замрзува и овозможува полесен пристап до него. Оваа сцена во текот на зимската бајка во Агрија привлекува бројни фотографи и туристи, домашни и странски.

Прикажи повеќе...

Забава

Џорџ и Амал пред развод „тежок“ 400 милиони фунти 

Објавено пред

Во изминатите неколку дена се прошири вест дека една од најпознатите двојки, Џорџ Клуни (57) и Амал Аламудин (40), се разведуваат по четиригодишен брак, пишува „Мирор“. Разводот ќе „тежи“ 400 милиони фунти.

По жолчната расправа, Амал ги зела работите и заминала со близнаците, Александра и Ел, во нивната куќа во Сардинија. Џорџ постојано испраќа пораки и видеоповици затоа што сака да ги види децата, изјавува изворот, додавајќи дека Амал јасно му кажала дека ако дојде на Сардинија,  единствено место каде што може да спие е куќата за гости.

Фановите тврдат дека тоа е лажен трач имајќи предвид дека познатиот актер, заедно со родителите Ник и Нино, ја поддржа Амал на 23. доделување на наградите на Здружението на дописниците на Обединетите нации во Њујорк на 6 декември минатата година. Двојката изгледаше среќна и заљубена, а адвокатката за човекови права на социјалните мрежи често објавуваше фотографии со Џорџ.

Прикажи повеќе...

Забава

Шангај го доби најдолгиот 3Д-печатен пешачки мост во светот

Објавено пред

Шангај е дом на најдолгиот бетонски пешачки мост на светотот изграден со технологија на 3Д-печатење. Тој е долг 26,3 метри и го проектирал професорот Xu Weiguo од Ксинхуа Универзитетот за дигитална архитектура во Пекинг.

Мостот е изграден од 44 издлабени 3Д-печатени бетонски единици, додека гелендерите се поделени на 68 единици. Компонентите на мостот се отпечатени  од композитни материјали, кои содржат бетон армиран со полиетиленски влакна кои по структуралните карактеристики одговараат на конвенционалните материјали.

Моделот е направен за да ја демонстрира одржливоста на мостот и за да докаже дека може да ги издржи пешаците кои преминуваат и се задржуваат. За изградба на конструкцијата печатени се бетонски компоненти со две роботски „раце“ во времетраење од 450 часови.

Во мостотот е ставен и систем на следење и обезбедување податоци за вибрации на напрегнатите жици, деформации и промени. Резултатите ќе овозможат подобро разбирање на практичните карактеристики на новите бетонски материјали и структурните својства на 3Д-печатените компоненти.

Пешачкиот премин е правен според познатиот Zhaozhou мост во провинцијата Хебеј, во северниот дел на Кина и е еден од најстарите мостови.Тој премин е направен од плочи од варовник, а новата структура, која се наоѓа во областа Шангај Баошан, е создадена со современи градежни техники. Новиот мост не може да биде убав како неговиот претходник, но она што недостасува во естетиката се надополнува со технологијата – тој е произведен во само 450 часа и чини една третина помалку од стандардните мостови.

Првиот бетонски мост во светот на 3Д-отпечатоци беше отворен во Холандија во октомври 2017 година. Создаден од Технолошкиот универзитет во градот Гемерт, структурата е дизајнирана за велосипедисти и содржи околу 800 слоеви на бетон.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Ќосето до Ѓорчев: Требаше досега да ги посетиш фамилиите на затворените за 27, а не откако најави кандидатура за претседател

Горан Ангелов – Ќосето обвинет за случувањата од крвавиот четврток, преку социјалните мрежи му се обрати на пратеникот Влатко Ѓорчев...

Македонија1 час

Агенцијата за медиуми го испитува сопствеништвото на 1ТВ

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиуми поведува постапка против 1 ТВ поради наводно скриено сопствеништво. На утрешната седница на дневен...

Македонија2 часа

СЈО бара да им биде продолжен куќниот притвор на Камчев и Мијалков

За сите осомничени во истрагата ,,Империја”, СЈО бара да им биде продолжен куќниот притвор бидејќи сè уште постојат причините за...

Македонија4 часа

Граѓаните на пешачки маратон во МРТ, лифтовите на поправка

Речиси една недела не работи ниту еден од четирите лифтови во зградата на Македонската радио-телевизија каде што се сместени и...

Регион4 часа

Грчките пратеници вечерва ќе гласаат за ратификација на договорот за името

Вториот ден од дебатата за преспанскиот договор, на пленарната седница во грчкиот парламент, ќе биде заокружена доцна вечерва, кога се...

Македонија4 часа

(Видео) Закани до обвинителите на СЈО: „Фатиме е наша, а на тој каурот ќе му ја расплачеме фамилијата“

Во кривичниот суд во Скопје повторно се одложи рочиштето за предметот на СЈО „Титанк 3“, во кој обвинети се Ејуп...

Македонија4 часа

Мијалков на 31 јануари ќе го испрашува свиркачот Лазаревски

Судењето за предметот „Таргет-Тврдина“, кое се однесува на незаконското следење на комуникации, е одложено за 31 јануари. Свиркачот Ѓорги Лазаревски...

Македонија6 часа

Каракамишева: Венециската комисија поради притисоците испрати писмо до Османи и Заев

Венециската комисија испратила писмо до Кабинетот за вицепремиерот за евроинтеграции, Бујар Османи, и до премиерот Зоран Заев во кое се...

Свет6 часа

Кинески воени авиони ,,покажувале сила” летајќи во близина на Тајван

Кинески воен авион „сухој Су-30“и транспортен авион „шансји Ј-8“ на Ослободителната војска на Кина (ПЛА) прелетале над каналот Баши меѓу...

Македонија6 часа

На 12 март одново ќе почне судењето за набавката на 300 полициски „шкоди“

На 12 март, во 10 часот, во кривичниот суд во Скопје одново ќе почне судењето за предметот „Триста“ на СЈО,...

Свет7 часа

Најмалку 5 мртви во заложничката криза во банка на Флорида

Вооружен напаѓач упаднал во банка во Флорида и се забарикадирал внатре, а потоа се јавил на бројот за итни случаи...

Свет8 часа

САД одбиваат да ги повлечат дипломатите од Венецуела

Американскиот државен секретар, Мајк Помпео, одби да ги повлече американските дипломати од Каракас тврдејќи дека владата што ги прекинала дипломатските...

Македонија22 часа

ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ не сакаат да се договорат за една изборна единица

Многуте повици од помалите партии за измени на Изборниот законик, со кои ќе се воведе една изборна единица и отворени...

Анализи23 часа

Политиката го подели СЈО на табори

„Чарлиевите ангели“ ги нема. Катица Јанева, Ленче Ристоска и Фатиме Фетаи речиси една година не се појавуваат на заеднички прес-конференции....

Македонија24 часа

Ѓорчев: Не се грижам кој ќе биде противкандидат од СДСМ, тие го излажаа народот

Без да одговара на новинарски прашања, пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев ја објави кандидатурата за претседател на државата. Тој повеќе...

Истражувања1 ден

(Видео) „Лимак“ и Градот ги изиграа скопјани, се гради хотел место прво да се изгради подземната сообраќајница

Место прво да ја изгради подземната сообраќајница па потоа да ги гради содржините над земја, турската компанија „Лимак“ кај Стара...

Македонија1 ден

Врховните судии ќе расправаат дали СЈО може да отвора истраги и да презема предмети

Адвокати на обвинети во предметите на специјалното јавно обвинителство, преку неколку иницијативи, бараат од Врховен начелно правно мислење за постапките...

Македонија1 ден

Нимиц: Длабоки и опасни последици ако не успее преспанскиот договор

Специјалниот пратеник на Обединетите нации, Метју Нимиц, предупредува дека пропаѓањето на преспанскиот договор би имало опасни последици за двете страни,...

Свет1 ден

Шпанските спасувачи во трка со времето – ќе успеат ли да го извлечат двегодишното дете од бунарот

Шпанските спасувачи се во трка со времето и неизвесно е дали ќе успеат да го извлечат двегодишното дете кое пред...

Македонија1 ден

Протестот за воздухот в сабота за едни политички за други неопходен

Нова најава за протест против загадувањето на воздухот од синоќа ги подели скопјани на верници и луѓе кои повеќе не...

Досие