Забава
Цинкот сообраќаец во организмот
Цинкот делува како сообраќаец, насочувајќи и надгледувајќи делотворен тек во организмот, одржувајќи ензимски системи и ќелии
Битен е за синтеза на протеини.Ја регулира способноста за контрактибилитетот на мускулите.Го помага создавањето инсулин. Значаен е за стабилитетот на крвта и за одржување телесна рамнотежа на киселината и базата. Врши влијание на нормализирање на делувањето на простатата и важен е за развој на сите органи за репродукција. Новите истражувања укажуваат на неговото значење за функционирање на мозокот и лечење на шизофренија. Постојат силни докази за неговата потреба за синтеза на ДНК. Препорачаната дневна доза е 15 мг за возрасни. Претерано потење може да предизвика губење на 3 мг цинк дневно. Најголем дел од цинкот добиен преку храната се губи преку преработка или го нема во чувствителни количини ако тлото е оскудно со хранливи состојки.Што цинкот може да стори за вас:Го скратува времето за исцелување на внатрешни и надворешни рани.Ги отстранува белите дамки од ноктите.Помага да се излечи губитокот на вкусот.Помага при лечењето неплодност.Помага во спречување на проблемите со простатата.Помага во растежот и бистрината на умот.Помага при намалување на наслагите на холестеролот.Помага при лечењето ментални пореметувања.Заболувања кои настануваа поради недостаток на цинк:Можна хипертрофија на простатата (неканцерозно зголемување на жлездата), артериосклероза.Природни извори:Говедски бут, јагнешки котлети, свинско каре, пченични никулци, пивски квасец, семки од тиква, јајца, сенф во прав.Додатоци:Го има во сите мултивитамински и мултиминерални додатоци.Најдобро е да се зема хелиран цинк.Цинкот е достапен и во комбинација со витаминот Ц, магнезиум и Б-комплексот.Токсичност:Практично е нетоксичен, освен кога се зема во претерани количини и кога храната била складирана во галванизирани посуди.Совет:Ако земате големи количини витамин Б6, потребно е да земате повеќе цинк. Ист е случај и ако сте алкохоличар или дијабетичар.Луѓето кои имаат проблеми со простатата – а и тие кои немаат – добро ќе сторат ако одржуваат високо ниво на цинк во организмот.Постарите личности кои патат од сенилност, треба да знаат дека додатоците од цинк и манган се од полза.Ако ве мачат нередовни менструации, можете да пробате со додаток на цинк пред да се вратите на лечење со хормони заради воспоставување регуларност.Запомнете: ако на храната и додавате цинк, ги зголемувате своите потреби за витамин А. Цинкот најдорбо делува со витаминот А, калциум и фосфор.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Снуп Дог застана во одбрана на Дејвид Бекам по обвинувањата од синот Бруклин
Снуп Дог застана во одбрана на Дејвид Бекам и Викторија Бекам, откако нивниот син Бруклин Бекам јавно ги нападна родителите и порача дека не сака помирување со нив.
Во интервју за „Мирор“, Снуп Дог, кој повеќе од 20 години е пријател со Дејвид Бекам, изјави дека тој е „семеен човек“ и дека без оглед на успехот, ништо не му е поважно од семејството. Тој додаде дека се надева оти Бруклин со текот на времето ќе се помири со родителите, за кои рече дека се длабоко погодени.
Снуп Дог нагласи дека ниту едно семејство не е совршено и дека притисокот е уште поголем кога семејниот живот е постојано под лупа на јавноста, но изрази уверување дека проблемите ќе бидат надминати.
Во својата објава, Бруклин Бекам ги обвини родителите дека се обидуваат да му го нарушат односот со сопругата Никола Пелц, а наведе и дека неговата мајка на свадбата во 2022 година „непримерено“ танцувала со него.
Диџејот на свадбата, Диџеј Фет Тони, кој гостуваше во емисијата „This Morning“ на ITV, инцидентот го опиша како „навистина непријатен“ и потврди дека Никола Пелц во солзи го напуштила приемот.
Забава
(Фото/Видео) Сидни Свини профитираше од својот сексапил, ја распродаде долната облека за само неколку часа
Се чини дека Сидни Свини реши да „заработи“ на своите луксузни облини и неодолив изглед, па лансираше линија долна облека наречена „Syrn“.
Линијата брзо стана глобален успех, а моделите на интимна долна облека беа распродадени во рок од неколку часа од нејзиното лансирање. Исто така, треба да се напомене дека контроверзното рекламирање на брендот вроди со плод, дополнително зголемувајќи ја неговата цена и популарност.
Самата колекција е комбинација од филмски гламур и женска сексапилност. Меѓу парчињата што се истакнуваат се чипканите корсети и долната облека што ја одразуваат старата холивудска естетика, по која е позната и самата Свини.
„Сакав бренд за долна облека што навистина ги разбира жените. Syrn ја слави самодовербата без притисок, тоа чувство да се биде секси, моќен, нежен, разигран или сите тие работи во ист ден.
Имав јасна визија, сакав нешто што функционира во реалниот живот и не наметнува ограничувања на никого“, изјави актерката за ELLE.
Забава
(Видео) Меланија Трамп блесна на премиерата на нејзиниот документарец
Меланија Трамп блесна на премиерата на документарецот „Melania: Twenty Days to History“ во Центарот Кенеди во Вашингтон. Нејзино друштво на црвениот тепих беше, секако, нејзиниот сопруг и претседател на САД Доналд Трамп.
THE PREMIERE OF "MELANIA" AT THE TRUMP-KENNEDY CENTER 🤩🍿pic.twitter.com/MEy6VLmcZW
— The White House (@WhiteHouse) January 30, 2026
Првата дама на САД одлучи да остане верна на својот специфичен моден израз за оваа пригода, и избра црн фустан од „Долче и Габана“. Станува збор за креација која претставува совршена комбинација од чиста елеганција и вечерна облека, а е украсена со здолниште со рамен крој и струкирано сако.
За да го „разбие“ овој деловен фустан и да го истакне струкот, таа додаде тенок ремен. Признаваме, овој моден детаљ ја однесе целата комбинација на следно ниво, а не треба да ги заборавиме и црните потпетици кои го заокружија стилот.
Ја стилизираше косата на наједноставен начин – се одлучи за брановидна фризура што паѓаше по рамената, а што се однесува до шминката – Меланија остана верна на нежните, невпечатливи тонови.

