Забава
Сакам да бидам своја, морам да мирисам неодоливо!
Сакате да бидете уникатни, посебни и на свој начин да оставите траг во ова летно лудило. Сега е вистинското време да одите во шопинг и да го избереме парфемот кој ќе ви го даде оној посебен печат на секоја модна комбинација која што ќе ја облечете ова лето
Кремите и маслата за сончае вообичаено имаат мирис, но не не спречуваат и ова лето да му пркосиме на мирисот на морето и испотените тела со некој омилен цветен мирис. Пради или Нина Ричи? Мирис на грејпфрут или ванила?Ајде наострете ги сетилата за мирис, одете до парфимерија и одберете го оној парфем кој најдобро ви прилега и ве опишува.Nina Ricci – Pretty NinaСвежо и овошно надополнување на Nina Ricci бајката. Кога ќе го отворите шишенцето ве очекува мирис на грејп, а кога ќе го нанесете на кожата ќе ги откриете тајните состојки како што се јаболко, карамела, ванила и мошус.Prada-PradaPrada носи единствена комбинација на традиција и иновација во светот на мирисите. Ова е мирис инспириран од минатото во кое се вткајува иднината. Парфемот ќе преплетува сеќавањата, реалноста и можностите.Burberry – SummerСкладен мирис на зелено овошје и цвеќе кон кој се додадени цитрусни ноти со лесни примеси на зелено јаболко. Кога ќе се нанесе на кожата се откриваат лесните дрвени ноти и ванила.Moschino – Hippy FizzПретставен во 2008 година, Cheap and Chic Hippy Fizz може да се пофали со главна нота на лимон, ливчиња од малина и магнолија. Парфемот доаѓа во весело шишенце во инспирирано од девојката на Попај, Олива.Salvatore Ferragamo – Incanto HeavenИнспириран од сонувањето и митологијата, овој мирис ја слави креативната моќ на имагинацијата користејќи овошни ноти од грејп, јаболко и праски. Кон тоа е додадена љубичица која ја надополнува структурата на парфемот.Lanvin – JeanneЦветно овошниот мирис Jeanne претставува комбинација од доминантна боровинка, со ноти на цитрус, круша, фрезија и малина.ssey Miyake: L’Eau d’Issey SummerОвој мирис во вас ќе го разбуди чувството на апсолутна убавина преку своите мошусни и дрвенести тонови. Комплексната формула вклучува лотус, циклама, фрезија и бели лилјани.Annick Goutal: Eau d’HadrienОвој мирис е свеж, цитрусен со ноти од Сицилија и грејп зреен под италијанското сонце. Парфемот е наменет за луѓе кои сакаат безвременски мирис.Van Cleef & Arpels: First – Premier BouquetГлавната инспирација на овој парфем се мирисите на бергамонт и грејп. Истиот е надополнет со нота на јасмин и ружа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(ФОТО) И на 40 години во врвна форма: Роналдо повторно ги воодушеви фановите
Кристијано Роналдо повторно ги воодушеви фановите со фотографија објавена на Инстаграм, на која позира без маица во црни боксерки, покажувајќи ја одличната физичка форма и на 40-годишна возраст.
„По сауна“, напиша кратко Роналдо под фотографијата направена во теретана. Ова не е првпат фудбалската ѕвезда да објави вакви фотографии, со кои редовно ја истакнува дисциплината, тренинзите и начинот на живот по кои е препознатлив.
View this post on Instagram
Забава
Леонардо ди Каприо никогаш повторно не го гледал „Титаник“
Актерот Леонардо ди Каприо ги шокираше фановите со признанието дека никогаш повторно не го погледнал „Титаник“, филмот што во 1997 година го лансираше во светска слава и ја обележа цела една генерација.
Ди Каприо за тоа зборуваше во разговор со Џенифер Лоренс во емисијата Actors on Actors, пренесува „Варајети“. За време на опуштениот разговор, Лоренс директно го праша: „Дали некогаш повторно го погледна ‘Титаник’?“
Ди Каприо без размислување одговори: „Не. Не сум го гледал.“
Лоренс се изненади и му рече: „Па, треба да го гледаш! Се кладам дека сега би можел да го гледаш, навистина е добар.“
„Јас всушност не ги гледам моите филмови. Ти ги гледаш ли твоите?“ ја праша Ди Каприо колешката.
„Не“, одговори Лоренс низ смеа. „Никогаш не сум снимила нешто како ‘Титаник’. Да сум, сигурно ќе го гледав. Еднаш бев многу пијана и го пуштив ‘American Hustle’. Се прашував: ‘Дали јас сум добра актерка?’ Го пуштив филмот… и не се сеќавам на одговорот.“
Ди Каприо слично признание дал и претходно. Во август, за списанието „Есквајр“, изјави дека ретко ги гледа своите филмови, но дека постои еден исклучок.
„Тоа е ‘Авијатичарот’. Тој филм ми беше особено важен“, рече актерот, присетувајќи се на соработката со режисерот Мартин Скорсезе и на неговиот долгогодишен интерес за ликот на Хауард Хјуз.
Филмот „Титаник“, во режија на Џејмс Камерон, стана еден од најуспешните филмови во историјата, а Ди Каприо во него глумеше заедно со Кејт Винслет.
„‘Титаник’ беше голем експеримент за Кејт и за мене“, изјави Ди Каприо уште во 2016 година. „Не можевме ни да замислиме колку голем ќе стане филмот. Сè тоа нè изненади.“
Тој додаде дека по тој успех морал да забави и да се врати на своите актерски цели.
„Знаев дека од мене се очекува нешто одредено, но сакав да останам верен на себе и на причината поради која воопшто почнав да глумам“, порача Ди Каприо.
Забава
Од февруари ќе се наплаќа пристап до фонтаната ди Треви
Од 1 февруари, туристите ќе мора да платат две евра за да добијат пристап одблиску до фонтаната ди Треви во Рим, една од најпознатите туристички атракции во градот. Бесплатен пристап ќе имаат само жителите на Рим, додека разгледување од далечина ќе остане без надомест.
Градоначалникот Роберто Гвалтиери изјави дека со оваа мерка се очекува годишен приход од околу 6,5 милиони евра. Наплатата е дел од поширок план со кој од 1 февруари ќе се воведат влезници и за уште пет локации во градот, со цена од пет евра.
Фонтаната ди Треви ја посетуваат во просек околу 30.000 луѓе дневно, а градските власти ја оправдуваат мерката со пренатрупаноста и проблемите со џепчии. Само во периодот од 1 јануари до 8 декември, просторот пред фонтаната го посетиле околу девет милиони туристи.
Традицијата на фрлање парички во фонтаната продолжува.

