Забава
Франција – Мадона: Обвинителите го сметаат уривањето на покривот за убиство
Француското Обвинителство покрена истрага за убиство без предумисла поради уривање на покривот од бината за концертот на американската пејачка Мадона, при што загинаа две лица
Осум луѓе се повредени во несреќата во Марсеј. Едно лице е во критична, а четворица се во потешка состојба. Помошник-обвинителот Марк Симамон изјави дека Обвинителството покренало истрага за убиство без предумисла и ненамерно повредување во несреќа при работа. Тој соопшти дека првите сослушувања ќе бидат одржани во недела или во понеделник.
Мадона требаше да одржи концерт в недела на стадионот Веледром, но нејзиниот настап е одложен поради несреќата. Причината за уривање на дел од покривот не е позната.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Транспарентно, но не и вулгарно: Деми Мур е икона на стилот
Меѓу многуте познати личности кои блескаа на црвениот тепих на доделувањето на наградите WWD Style Awards во Санта Моника беше и Деми Мур, без која, се чини, ниту еден настан не може да помине.
Беспрекорно стилизирана, таа пристигна во друштво на својот стилист Бред Горески, благодарение на кого повторно остави фантастичен впечаток. На церемонијата на доделување награди пристигна не само како еден од гостите, туку и од многу важна причина – да ѝ биде врачена наградата за модна икона.
„Да беше оставена сама на себе, дефинитивно би се облекувала како дванаесетгодишно момче“, се пошегува стилистот на Деми Мур и ја насмеа публиката. И јасно е зошто го кажа тоа… Стилот на Деми Мур во последно време е многу женствен, впечатлив, луксузен, елегантен, провокативен – и воопшто не е вулгарен.
Таа е тренди и носи проѕирни фустани, но на софистициран начин. И не е изненадување што и овој пат освои комплименти и магнетски привлече внимание.
Таа носеше долг вечерен фустан направен од полупроѕирен материјал дискретно исполнет со светки и ја комплетираше провокативната креација само со соодветен накит во форма на обетки и ѓердан.
Во раката имаше црна мат чанта, како и црни шпицести чевли, и ни докажа дека проѕирниот фустан може да биде елегантен и софистициран.
Забава
(Фото/Видео) Една од најубавите жени во светот го сруши интернетот со разголени објави
Познатата и некогаш најплатена манекенка Алесандра Амбросио, која на 45 години со право се смета за една од најубавите и најзгодни жени во светот, моментално ужива во одмор во родниот Бразил, во придружба на нејзиното момче Бак Палмер.
Како поранешно лице на „Ангелите на Викторија“, таа успешно им пркоси на годините, а нејзиното извајано тело секојдневно инспирира восхит, и се чини дека го живее животот до максимум и ужива во нова љубов.
Таа објави серија провокативни фотографии и видеа од егзотичен одмор, позирајќи во танга бикини и покажувајќи го секој дел од своето совршено тело, а вниманието го привлече и нејзиниот партнер, кој исто така се фалеше со извајани мускули.
Тие се еден од најжешките познати парови со причина, а нивната врска започна во октомври 2024 година.
„Моето парче рај“, напиша Алесандра Амброзио на Инстаграм.
Зачудувачката убавица е сè уште кралица на модните писти, а таа воодушеви со својата самодоверба и изглед на големата ревија за враќање на „Викторијас Сикрет“.
Таа има две деца со поранешниот вереник Џејми Мазур, ќерката Ања и синот Ноа, а тие се разделија во 2018 година, но останаа во пријателски односи.
Забава
(Видео) Во 90-тите, мажите беа луди по неа, а денеска на 57 години таа се уште е неверојатно згодна
Пејачката Гвен Стефани е една од оние дами кои, дури и во своите 50-ти години, сè уште имаат причина гордо да ја покажуваат својата завидна фигура, а во нејзиниот случај и својата неверојатна енергија на сцената.
Со својот настап во Лас Вегас, оваа популарна музичка ѕвезда уште еднаш докажа зошто е на врвот на листата на најубави жени во светот, и привлече големо внимание со својот младешки изглед.
Таа носеше смела комбинација и апсолутно немаше потреба да крие ништо, бидејќи дури и на 57 години е вистинска секс бомба. Во чипкан горен дел што личи на градник и карирани панталони со плисирано здолниште, таа го покажа својот совршено рамен, затегнат стомак и деколте.
Ја собра косата високо, а шминката беше во согласност со нејзиниот стил – со препознатливиот и впечатлив црвен кармин што најчесто го нанесува.
@vegas I’ll never stop talking about seeing @Gwen Stefani at @Lenovo Tech World inside @Sphere ♬ original sound – Las Vegas
Не недостасуваше одлично расположение на сцената и во публиката, а пејачката повторно воодушеви со своето убаво, иако не сосема природно лице – беше критикувана дека е непрепознатлива поради козметички процедури.
Иако никогаш отворено не признала дека направила пластична корекција, разликата во споредба со претходниот период од нејзината кариера е очигледна.

