Забава
Во Кина годишно се извршуваат 13 милиони абортуси
Во Кина годишно се извршуваат 13 милиони абортуси, а во истиот период се продаваат 10 милиони апчиња за контрацепција
Околу 13 милиони абортуси се извршуваат во Кина годишно. Според властите, причина за тоа е ниското ниво на едукација кај младите за контрацепцијата што придонесува за зголемена бројка на младата женска популација која се решава на прекинување на бременоста, поради годините или, пак, поради полови болести. Во просек, помалку од еден од трите испитаници од бесплатната линија за совет во Шангај знаел како да избегне забременувањето, а само еден од петмина бил информиран за венеричните зболувања. Дневниот весник China Daily цитира извор кој учествувал во проучување направено во шангајската 411-та Воена болница. „Сексот меѓу младите веќе не се смета за табу и тие мислат дека можат да научат се’ преку интернет. Но, тоа не значи дека кај нив се развило правилно разбирање и однос кон сексот“, изјавил гинекологот Ју Донјанг.Во 90-тите гоини на минатиот век кинеските лекари бараа мажените жени да можат да направат абортус во клиниките, што беше дел од државната стратегија за планирање на семејството коешто ги ограничување семејствата од урбаните средини на едно дете. Сега, пак, владините податоци покажуваат дека речиси две третини од жените кои абортираат се на возраст од 20 до 29 години, а повеќето од нив не се во брачни заедници. Бирото за контрола на наталитетот повеќе обраќа внимание на младите брачни двојки. Некои од жените може да побараат дозвола за абортус доколку се болни, затоа што не можат да добија „хукоу“, односно карта за регистрација на семејство со која се добива картон за нивното дете. А без таков картон, за кинеските граѓани е речиси невозможно да добијат достапност до образовниот систем, здравственото осигурување и други јавни услуги за нивното дете. Во Кина годишно се продаваат десет милиони контрацептивни апчиња, а и огромна е бројката на нелегални абортуси, покрај многуте абортуси кои се вршат во клиниките, изјавил Ву Шангчун, директор на Комисијата за планирање на населението и семејно планирање.За споредба, пак, во САД со четири пати помалку население од Кина, според податоците на Центарот за контрола на болести се вршат годишно околу 820 илјади абортуси, без државите Калифорнија, Луизијана и Њу Хемпшир за кои нема податоци.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Естрада
По нападите врз Чолиќ и Кајмакоски, Хари Мата Хари не стравува: „Нема што да земат од мене, не станав богаташ од оваа работа“
Познатиот пејач Хари Мата Хари наскоро ќе одржи концерт во Белград, а особено се радува што по 10 години објави нова песна. На прес-конференција, тој отворено зборуваше за својата кариера, за колегите од естрадата, но и за актуелната клима на страв по неодамнешните инциденти.
По нападот врз домот на Здравко Чолиќ, кога беше фрлена бомба, и по киднапирањето на Даниел Кајмакоски, дел од музичката сцена изрази загриженост. Но, Хари тврди дека нема причина да се плаши.
„Мислам дека не сум толку важен. Немам обезбедување. Немам што да им дадам, немаат што да земат од мене“, изјави Хари, додавајќи дека е убеден дека не се замерил со никого, пренесе „Пинк“.
„Не станав богаташ од оваа работа, ниту некого премногу го иритирав. Не сум се дружел со погрешни луѓе“, додаде тој.
Забава
(Видео) Нова мисија на „Спејс икс“ и НАСА: Четворица астронаути заминаа во Вселената
Во петок наутро, во 5:17 по локално време од Cape Canaveral, беше успешно лансирана мисијата Crew-12 со четворица астронаути на бродот на капсулата на SpaceX, која треба да пристигне на Меѓународната вселенска станица (ISS) во сабота попладне, јави „Си-ен-ен“.
Лансирањето доаѓа поради намалениот број на членови на станицата, која од средината на јануари функционираше со само тројца астронаути. НАСА го забрза терминот поради предвремено враќање на претходната мисија Crew-11, предизвикано од здравствен проблем кај еден член.
Liftoff of Crew-12! pic.twitter.com/jQ804lyjkm
— SpaceX (@SpaceX) February 13, 2026
Новиот екипаж го сочинуваат: Џесика Мир и Џек Хатавеј од НАСА, Софи Адено од Европската вселенска агенција, Андреј Феѓаев од Роскосмос.
За време на нивниот отприлика осуммесечен престој на станицата, астронаутите од мисијата Crew-12 планираат да спроведат низа истражувачки проекти. Меѓу нив се: ултразвучни прегледи на крвните садови за проучување на промените во циркулацијата, фармацевтски истражувања поврзани со бактериите што предизвикуваат воспаление на белите дробови, како и симулирано слетување на Месечината за да се процени како наглите промени во гравитацијата влијаат врз човечкото тело и когнитивните способности.
НАСА смета дека полната екипираност на станицата е клучна за максимално искористување на нејзиниот потенцијал. Според администраторот Џаред Ајзакман, досегашната практика и тековните мисии се клучни за иднината на комерцијалните вселенски станици.
Забава
(Видео) Кипар избра претставник за Евровизија: таа се натпреваруваше во популарно ријалити шоу
Кипар го откри својот претставник за претстојниот Евровизиски натпревар – тоа е 29-годишната Антигони Бакстон, британска пејачка со кипарско-грчки корени. Дел од публиката ја памети и од нејзиното учество во едно од најгледаните британски ријалити шоуа, „Love Island“.
Антигони ќе се претстави на Евровизискиот натпревар со песната „Jalla“, која веќе привлече големо внимание на социјалните мрежи.
Станува збор за брза, танцувачка композиција која ги комбинира традиционалните кипарски музички елементи со модерен, силен ритам и продукција. Самиот наслов на песната доаѓа од кипарскиот дијалект и значи „повеќе“, и токму оваа енергија – повеќе ритам и танц – ја провлекува целата песна.
Стиховите зборуваат за прослава и танцување „на масите“, поканувајќи ја публиката да се препушти на забавата.
Спотот снимен на Кипар, дополнително ја нагласува автентичноста на песната. Комбинира современа естетика со сцени што го истакнуваат карактерот на островот, неговиот секојдневен живот и неговиот темперамент.

