Забава
Франсоа Виро во живо на Канал 103
Соло изведба на Виро на акустична гитара, ќе можете да ги проследите во живо на брановите на Канал 103, во петок, 14 август со почеток во 21 часот
Соло изведба на Виро на акустична гитара, ќе можете да ги проследите во живо на брановите на Канал 103, во петок, 14 август со почеток во 21 часотФрансоа Виро од Лион, Франција е самостоен музичар кој последниве неколку години ги поминува патувајќи и настапувајќи интензивно низ различни земји во светот. Истовремено, тој е тапанар на француското pop трио „Clara Clara“.Наоѓајќи инспирација во бендови како Jesus Lizard, The Melvins, Sonic Youth, les Casseroles Brûlées, The Ex, Виро го создава деби албумот во 2008 со наслов „Yes Or No“.„Една гитара, понекогаш две, еден глас, понекогаш два или три плус акустичен дожд од звуци произведени од раце кои држат ритам удирајќи на дрво и други ситни предмети, во зависниот од моментот, во албумот „Yes Or No“ можете да слушнете целосно меланхолични или пак едноставни весели звуци.“ Дел од овие звуци, во соло изведба на Виро на акустична гитара, можете да ги проследите во живо на брановите на Канал 103, во петок, 14 август со почеток во 21 часот. Повеќе информации за Франсоа Виро можете да најдете на сајтовите www.myspace.com/francoisvirot и www.clappingmusic.com/intro.phpПред настапот во живо, во студиото на канал 103 ќе се одржи кратко интервју со Виро и петочлената екипа што го придружува на ова негово патување.Еден од нив е и францускиот филмски режисер Винсент Мун кој во 2006 година го започна концептот на „Take Away Shows“, процес на изработка на музички видеа, сличен на ДОГМА 95 концептот на снимање на филмови. Тој го придружува Виро на неговата балканска турнеја, снимајќи документарен филм за звукот и музиката од регионов видени преку перспективата на младиот француски музичар. За потребите на неговиот документарен филм посветен на различните музички сцени од регионот, Винсент Мун сака да запознае и сними талентирани локални музичари од земјите кои ги посетуваат. За таа цел, Канал 103 ќе му овозможи неколку средби со музичари и музички бендови од Македонија. Овој филм е во продукција на Ukoso, млада француска продуцентска куќа. Инаку, Винсент Мун е независен филмски режисер од Париз, најповеќе познат по своите музички видеа на indie rock како и на mainstream музичари, меѓу кои Tom Jones, R.E.M. и Arcade Fire. Покрај, режирање на музички видеа тој создава и експериментални и документарни филмови. Тргнувајќи од идејата за поинаков начин на прикажување и снимање на музиката, Мун го започнува серијалот на The Take Away Shows, концепт кој веќе има многу следбеници ширум светот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Hitech
„Нетфликс“ се повлече од купувањето на „Варнер брос Дискавери“
По неколкумесечни преговори, Нетфликс се повлече од понудата за купување на Варнер брос Дискавери, отворајќи му пат на Парамаунт и Скајденс во договор вреден околу 111 милијарди долари, објави Би-Би-Си.
Варнер брос Дискавери, кој е на продажба од минатата година, соопшти дека најновата понуда на Парамаунт е супериорна во однос на онаа на Нетфликс. Раководството на Нетфликс одби да ја зголеми понудата, наведувајќи дека трансакцијата повеќе не е финансиски привлечна по таа цена.
Во декември, Варнер брос Дискавери прифати делумна понуда од Нетфликс во вредност од околу 72 милијарди евра, која вклучуваше купување на филмското и ТВ студио и платформата Ејч-Би-О Макс.
Сепак, Парамаунт поднесе повисока конкурентска понуда, со што се наметна како фаворит. Калифорнискиот државен обвинител Роб Бонта изјави дека договорот сè уште не е конечен и дека регулаторите ќе спроведат темелна истрага.
Доколку биде одобрен, Парамаунт ќе го преземе Ејч-Би-О Макс, како и телевизиските мрежи во сопственост на Варнер брос Дискавери, вклучително и Си-Ен-Ен, што може значително да го промени стриминг и медиумскиот пазар во Холивуд.
Фото: Depositphotos
Забава
Астро прогноза за март 2026: Два знака ќе доживеат финансиски пресврт
Според кинескиот календар, од 5 март до 4 април трае периодот на Металниот Зајак – симбол на дипломатија, хармонија и компромис, со дополнителна решителност и јасност што ја носи елементот Метал. Ова е месец во кој ќе успеат најмудрите, а не најбрзите. Погоден е за учење, преговори, обновување на односите и финансиско планирање.
Што ги очекува знаците:
Стаорец (1948, 1960, 1972, 1984, 1996, 2008, 2020) – можен кариерен пробив, но преку дополнително учење и внимателна комуникација.
Бивол (1949, 1961, 1973, 1985, 1997, 2009, 2021) – плановите се остваруваат со трпение; поволен период за разговор за унапредување.
Тигар (1950, 1962, 1974, 1986, 1998, 2010, 2022) – напредок преку дипломатија; хармонија во љубовта.
Зајак (1951, 1963, 1975, 1987, 1999, 2011, 2023) – просперитет, но потреба од одмор и релаксација.
Змеј (1952, 1964, 1976, 1988, 2000, 2012) – внимателност со документи и долгови; можни патувања.
Змија (1953, 1965, 1977, 1989, 2001, 2013) – финансиски напредок со мудри и стрпливи чекори.
Коњ (1954, 1966, 1978, 1990, 2002, 2014) – силни емоции и можност за љубов; шанса за дополнителни приходи.
Овца (1955, 1967, 1979, 1991, 2003, 2015) – признание и професионален успех; засилен социјален живот.
Мајмун (1956, 1968, 1980, 1992, 2004, 2016) – време за акција и храброст; нови контакти носат финансиски потенцијал.
Петел (1957, 1969, 1981, 1993, 2005, 2017) – фокус на здравјето и избегнување конфликти.
Куче (1958, 1970, 1982, 1994, 2006, 2018) – учење и личен развој; можни мали финансиски предизвици.
Свиња (1959, 1971, 1983, 1995, 2007, 2019) – љубовта во фокус, но и можност за подобрување на финансиите.
Месецот на Металниот Зајак носи мирен, но ветувачки ритам – успехот ќе дојде преку рамнотежа, трпение и внимателни одлуки.
Фото: Depositphotos
Забава
Морган Фримен за Трамп: Не разбирам како осуден криминалец може да биде претседател
Холивудскиот актер Морган Фримен остро го критикуваше американскиот претседател Доналд Трамп, изјавувајќи дека не може да разбере како „осуден криминалец“ може да ја води државата.
Во интервју за емисијата MS Now, Фримен рече: „Не можам да сфатам како осуден криминалец, со пресуда за 34 кривични дела, може да стане претседател. Како е тоа воопшто можно?“
Тој додаде дека му „нема смисла“ што на Трамп му е дозволено да ја извршува претседателската функција и покрај пресудата.
Фримен и претходно бил критичен кон Трамп, а пред изборите во 2024 година морало да бидат демантирани лажни информации дека актерот ја поддржал неговата кампања.
Во меѓувреме, Трамп влезе во јавна расправија и со актерот Роберт Де Ниро, кој го обвини дека ја уништува земјата, на што Трамп возврати со навреди на својата социјална мрежа.
Фото: Depositphotos

