Забава
Пушењето може да уби една милијарда луѓе во 21-от век

Пушењето може да убие една милијарда луѓе во светот во овој век ако не се преземат енергични мерки за да се спречи млади луѓе да се откажат од пушењето.Тоа е предупредување од Светската фондација за заштита на белите дробови и Американското онколошко здружение
Само во оваа година пушењето ќе биде причина за смрт на 5,5 милиони луѓе во светот кои ќе починат од рак, срцеви заболувања и редица други болести. Следната година бројот на жртвите од пушење ќе биде шест милиони. Ако таа тенденција продолжи, во 2020 година годишно седум милиони луѓе ќе ги загубат животите. Во 2030 година таа цифра ќе биде осум милиони луѓе.Во извештајот се наведува дека во изминатите четириесет години пушењето е намалено во богатите држави, но се зголемило во државите во развој. На глобално ниво се трошат по 500 милиони долари за лекување на болести предизвикани од пушење, се додава во извештајот.Во 20 век пушењето „убило“ 100 милиони луѓе.Пушачите умираат во просек 15 години порано од непушачите; ризикот од смрт од рак на белите дробови е 23 пати поголем кај мажите кои пушат отколку кај мажите непушачи, и 13 пати повисок кај жените што пушат; т.н. пасивно пушење на рaботното место убива годишно 200.000 работници; цигарите ќе бидат причина за смрт на 250 милиони од денешните деца и тинејџери; речиси една четвртина од младите луѓе кои пушат, ја запалиле првата цигара пред да наполнат 10 години; во светот пушат една милијарда мажи или 25 отсто од мажите во богатите држави и 50 отсто од мажите во државите во развој; околу 25 милиони жени пушат цигари секој ден; речиси 60 отсто оd мажите во Кина пушат и во таа држава се трошат 37 отсто од производите од тутун во светот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Ѕвездата од „Вовед во анатомија“ фотографиран во инвалидска количка на аеродром, болеста бргу напредува

Ѕвездата на серијата „Вовед во анатомија“, Ерик Дејн, вчера беше фотографиран во инвалидска количка на аеродромот „Пирсон“ во Торонто видливо ослабен среде неговата тешка борба со амиотрофичната латерална склероза (АЛС). 52-годишниот актер ја откри својата дијагноза во април, објавува „Дејли мејл“.
Облечен во карирана кошула, тренирки и бејзбол-капа, Дејн ја држеше главата спуштена, а изразот му беше мрачен. Сцената се случи само неколку недели откога актерот се мачеше да зборува додека разговараше со новинар на аеродром во Вашингтон. Кога го прашаа што би им рекол на своите обожаватели, Дејн тивко одговори: „Имај верба, човече“.
Дејн првпат ги забележал своите први симптоми, слабост во десната рака, на почетокот на 2024 година, првично мислејќи дека се должи на замор. По месеци тестирање, официјално му беше дијагностицирана дијагнозата во април.
До јуни тој веќе ја изгубил функцијата на десната рака. Иако очекуваниот животен век за пациентите со АЛС е обично од три до пет години, состојбата на Дане бргу се влошила. Сепак, извори блиски до него велат дека е решен да остане храбар и покрај својот страв.
„Тој ја знае својата судбина и се обидува да сфати како сака да ужива во животот, да биде светилник на надеж и да им помага на другите. Тој исто така сака да го искористи ова време за да го помине со своето семејство и пријателите“.
АЛС е тешка, прогресивна невродегенеративна болест, која ги зафаќа нервните клетки (неврони) во мозокот и во ‘рбетниот мозок. Овие клетки ги контролираат движењата на мускулите – одење, зборување, голтање и дишење. Како што напредува болеста, овие неврони умираат предизвикувајќи мускулите постепено да ослабуваат, атрофираат и да ја изгубат функцијата.
Во сето тоа неговата поранешна сопруга и долгогодишна пријателка, актерката Ребека Гејхарт, остана една од неговите најголеми поддржувачи.
Двојката се венча во 2004 година, само десет месеци по запознавањето. Нивниот брак преживеа многубројни предизвици, вклучувајќи го и скандалот од 2009 година кога излезе приватно видео од него и од моделот Кари Ан Пениче. И покрај контроверзноста, тие останаа заедно и ги добија ќерките Били во 2010 година и Џорџија во 2011 година.
Актерот се бореше со зависности многу години. За време на снимањето на серијата „Вовед во анатомија“ притисокот од славата го доведе до тешка ситуација, а во 2011 година отиде на рехабилитација поради зависност од лекови против болки. „Не бев истиот човек за кој ме ангажираа, па разбирам зошто ме отпуштија“, рече тој за неговото заминување од серијата. Се врати со улога во „Последниот брод“, но во 2017 година повторно побара помош за депресија.
Една година подоцна, Гејхарт поднесе барање за развод по 14 години брак, но двојката вети дека ќе остане блиска поради своите деца. Тие го одржаа тоа ветување.
Откако на Дејн му беше дијагностицирана АЛС, Гејхарт наводно ја стави постапката за развод на чекање за да го издржува.
„Ние сме најдобри пријатели. Многу сме блиски. Одлични родители сме“, изјави таа неодамна. Извор близок до двојката потврди дека нивната обновена врска е клучна за актерот.
„Таа е тука за него во секоја смисла на зборот… сите имаат иста цел, а тоа е да им го дадат на своите деца најдобриот можен живот“.
фото:принтскрин
Забава
(Фото/видео) Најжешката „пензионерка“ сè уште без конкуренција: дали покажа премногу?

Познатата модна ревија на „Викторија сикрет“ повторно ги собра сите најпознати имиња во светот на манекенството. Меѓу нив е и Адријана Лима, која повторно докажа дека заслужува да носи крилја до крајот на животот, но тука е и уште една позната Бразилка, Алесандра Амбросио (44).
ALESSANDRA AMBRÓSIO A MULHER QUE VOCÊ É #VSFashionShow pic.twitter.com/EFcuBeBcaO
— bia🍸 (@dayaprker) October 15, 2025
Зачудувачката Алесандра знае како да привлече внимание дури и кога е на некои помалку важни настани, но овој пат ги остави сите без здив.
Многумина ја нарекуваат и најсекси пензионерка, а по овие фотографии – јасно е зошто.
Првин таа прошета во смела долна облека во боја на кожа, која едвај ги покрива нејзините интимни делови, а долната облека и градникот беа поврзани со испреплетено цирконско синџирче.
Крилјата во златна боја надополнија сè, а Алесандра испрати бакнежи до сите од модната писта.
Потоа ја покажа својата друга, „темна“ страна, и избра црна долна облека од тантела, на која додаде гламурозни крилја, кои неодоливо личат на пеперутка.
alessandra ambrosio e adriana lima na sequência, a REALEZA da Victoria’s Secrets bem aqui pic.twitter.com/nZW9hVUZEo
— emily, the corpse bride (@selsdorothea) October 16, 2025
Двете изданија беа совршени, а Алесандра повторно покажа дека е без конкуренција кога станува збор за изгледот.
Покрај провокативниот изглед, нејзините обликувани мускули исто така привлекоа големо внимание и направија сè да биде спектакуларно и ефектно во режија на оваа секси Бразилка.
фото: принтскрин
Забава
Глобалниот феномен ARGY – по Tomorrowland и Бразил, на 13 декември директно во Скопје

Најгласното, најмоќното и најочекуваното електронско доживување на годината ќе се случи на 13 декември 2025 година во арената „Борис Трајковски“ во Скопје. ARGY, едно од најистакнатите имиња на современата електронска сцена, доаѓа со спектакл каков што досега не сме виделе. Шоу што ги руши сите граници на звукот, продукцијата и енергијата.
Во време кога светот живее во пулсот на електронската култура, Скопје ќе го почувствува врвот на тој бран, преку уметникот кој од подземјето создаде глобален феномен.
ARGY е артист што одамна го надмина статусот на диџеј и стана симбол на современиот хаус и техно звук.
Со сетови што предизвикуваат транс, со магична сценска естетика и харизма што ја поттикнува колективната еуфорија, тој создава атмосфера што ги брише границите меѓу уметност, звук и емоција.
Во арената „Борис Трајковски“ ќе биде поставена продукција со највисоки светски стандарди. Сценографијата и визуелните ефекти ќе создадат амбиент што ќе го премине секој физички простор, претворајќи ја арената во импресивна катедрала на звук и светлина. Комбинацијата од технологија, визуелен дизајн и акустична прецизност ќе резултира со нешто што не се гледа, туку се доживува.