Забава
Реакции по распадот на Оејзис
Веста за распадот на Оејзис предизвика серија реакции од страна на фановите на Интернет. Најголемото внимание го предизвика видео клипот во кој е употребена сцената од филмот “Downfall” со хистеричниот напад на Адолф Хитлер
Додавањето на титл и синхронизирањето на оваа сцена започна во 2007 година, а овојпат фирерот вреска околу распадот на Оејзис. Видеото е титлувано, а на YouTube можете да го најдете под насловот “Hitler’s reaction to the Oasis split”.Фронтменот на The Killers, Брендон Флаверс, упати апел до браќата Галагер да се смират во име на своите фанови. Флаверс изјави дека веста ја примил со очајување. “Жално е. Тие беа голем бенд, култен. Браќата треба да се соочат и справат со своите проблеми. Оние кои ќе платат се фановите,“ изјави Флаверс.Том Кларк од The Enemy изјави “Oasis ми покажаа дека можеш да бидеш работничка класа и да бидеш рок ѕвезда. Никогаш не се продадоа. Навистина ќе ми недостасуваат“.Најоптимистичен беше Кајл Фалконер од The View: “Тие не се распаднати. И јас се карам со мојот брат постојано. Тие многупати се разделувале во минатото. Oasis никогаш нема да се распаднат.”Од браќата засега се огласи единствено Ноел. На официјалниот сајт на бендот, тој напиша: “Од 28 август приморан сум да го напуштам Оејзис. Деталите се неважни и во преголем број за да бидат соопштени. Но, чувствувам дека имате право да знаете дека нивото на вербално и насилно застрашување кон мене, моето семејство и пријатели стана неподносливо. А, недостигот на поддршка и разбирање од менаџментот и членовите на бендот не ми остава друга опција. Им се заблагодарувам на фановите. Последните 18 години беа навистина извонредни. Остварување на сонот. Со мене ќе понесам прекрасни спомени. “Аналитичарите веќе пресметаа колку распадот на Оејзис чини во пари, поради откажаните концерти, а сумата изнесува речиси 5 милиони фунти.Долгододишната тензија меѓу браќата Галагер кулминираше кога во петокот на концертот во Париз, Лиам допатува сам со возот Еуростар, во алкохолизирана состојба, по што Ноел го обвини дека се однесува непрофесионално. Непријатните сцени кои следуваа вклучуваат викање и кршење на гитари. По кавгата Ноел се врати дома во Лондон. Лиам замина на езерото Комо во Италија заедно со својата сопруга Никол Аплтон, басистот Енди Бел и неговата девојка.Она што сите сега ги интересира е што ќе се случи понатаму? По враќањето од Италија Лиам ќе се концентрира најпрвин на својата дизајнерска колекција Pretty Green. А, тој е одлучен во намерата да продолжи без Ноел, сметајќи дека како фронтмен го има секое право да го задржи името. Но, таа битка нема да биде лесна. Ноел има намера да продолжи како соло изведувач, но нема намера да му дозволи на својот брат да го користи името Оејзис.Оејзис се чини само ја продолжуваат долгата традиција на семејно ривалство во рокенролот. Everly Brothers имаа огромен успех во 60-тите. А, потоа во 1972 година Дон се појави на сцената мртов пијан, на она што се испостави – последниот концерт во нивната кариера. Фил во бес ја искрши својата гитара и излета од сцената. Браќата потоа не зборуваа 10 години.Реј и Дејв Дејвис од The Kinks честопати се пресметуваа на сцената. Дејв неодамна изјави: “Можам да го мразам, но не можам да не го сакам.“Бери и Робин од Bee Gees секогаш се караа околу тоа кој е главниот пејач во групата. Робин дури и ги напушти во 1969, за да се врати една година подоцна.Минатата година Али Камбелl го напушти реге бендот UB40 после 28 години соработка со својот постар брат Робин. Се уште немаат прозборено.Единствените браќа на кои барем засега добро им оди се Крег и Чарли Реид од The Proclaimers. Тие се уште соработуваат и настапуваат заедно од своето основање во 1983.А, еве ги значајните датуми од кариерата и распадот на Оејзис:Август 1991 – Лиам го одржува првиот концерт со својот бенд Оејзис. Неговиот брат Ноел бара да се приклучи.Септември 1994 – Нивниот деби албум “Definitely Maybe” се искачува на врвот на албумската листа. Но, на американската турнеја Лиам го удира Ноел на сцената.Септември 1996 – По расправијата со Лиам, Ноел ја напушта американската турнеја и се враќа дома.Мај 2000 – Ноел го удира Лиам во Барселона, поради навредите врз неговата ќерка Анеис.Декември 2002 – Турнејата е одложена откако во една тепачка во Минхен е уапсен Лиам.Март 2009 – Ноел признава: “Не го сакам Лиам,“ во интервју за Q магазинот.Јули 2009 – Ноелl изјавува дека не го напушта бендот, и покрај се позасилените шпекулации.23 август 2009 – Лиам го откажува настапот на британскиот V фестивал поради ларингит, но ветува дека ќе свират на следниот концерт во Париз.29 август – Ноел ги напушта, само неколку минути пред почетокот на концертот во Париз, изјавувајќи дека повеќе не може да работи со Лиам.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) На 81 година, Мајкл Даглас вози санки по Арктикот и спие во хотел од мраз
Мајкл Даглас (81) објави видео од Арктикот, каде што вози моторни санки и престојува во хотел изграден целосно од мраз. Ова патување доаѓа откако неодамна го посетил и Антарктикот. Во снимката, тој ги опишува мразот, излегувањето на сонцето околу 10 часот и мракот кој паѓа веќе во 14 часот. Посетил и леден хотел со уметнички скулптури во собите.
Покрај патувањето, Даглас најави и објавување на свои мемоари, каде што ќе зборува отворено за својот живот, семејството и искуствата надвор од славата.
View this post on Instagram
Забава
Каков прв состанок сака секој хороскопски знак
Некои сонуваат за вечера со свеќи, други би побегнале на патување, а трети најмногу се вљубуваат додека се забавуваат на исто место во исто време. Идеалниот состанок не изгледа исто за секого – бидејќи ниту романтиката не е универзална. Каков состанок одговара на секој хороскопски знак, открива „Индекс“.
♈ Овен
Најлошо му е кога е сè пребавно и „премногу тивко“. Идеалниот состанок започнува спонтано: краток пијалок, па некаква активност – билијард, картинг, пикадо, видео игри – што било каде што нешто се случува и каде што може да се натпреварува (па макар и на шега).
♉ Бик
За него романтиката е во уживањето. Вечера во проверен добар ресторан, десертот не се прескокнува, па мирна прошетка – тоа е неговиот јазик на љубов.
♊ Близнаци
Не поднесуваат состаноци кои изгледаат како долга пауза. Им треба динамика: кафе, па изложба или паб квиз, па „ајде уште тука“ – идеално кога вечерта има неколку станици, а разговорот секогаш оди во нов правец.
♋ Рак
Бара чувство на сигурност и топлина. Пријатно бистро, домашна вечера или филмска вечер, со акцент на „ние“ – без врева, без глумење, со разговор што останува во срцето.
♌ Лав
Сака сè да изгледа како настан. Коктели на убаво место, добра светлина, малку гламур и чувство дека вечерта е посебна – дури и ако трае само неколку часа.
♍ Девица
Не поднесува хаос, но го вреднува трудот. Идеалниот состанок е организиран и смислен: кафе, па прошетка или мал излет – деталите се важни, но на тивок, прецизен начин.
♎ Вага
Ја сака естетиката и атмосферата. Вино, убава околина, галерија или некој културен настан, па вечера на место каде што не мора да се викаш за да се слушнеш – сè треба да биде „по мерка“.
♏ Шкорпија
Не се пали на генерички сценарија: сака нешто интимно, малку мрачно, со доза на напнатост. Добар бар, музика, долг разговор и чувство дека „нешто се случува“, и без многу зборови.
♐ Стрелец
Најсреќен е кога состанокот е мини авантура. Роуд трип до блиско место, улична храна, нешто ново и смешно, план кој се менува во движење – за него романтиката е во слободата.
♑ Јарец
Вреднува квалитет без драма. Сериозна, добра вечера, добро вино и разговор со смисла. Без потреба од спектакл, но мора да се почувствува почит и намера.
♒ Водолија
Бега од клишеа. Идеалниот состанок е неконвенционален: стендап, паб квиз, алтернативен концерт или нешто сосема случајно – што подоцна ќе стане добра приказна.
♓ Риби
Најнежни од сите. Прошетка покрај вода, топло вино или чоколадо, мирна атмосфера и романтика што повеќе се чувствува отколку што се планира.
Естрада
По нападите врз Чолиќ и Кајмакоски, Хари Мата Хари не стравува: „Нема што да земат од мене, не станав богаташ од оваа работа“
Познатиот пејач Хари Мата Хари наскоро ќе одржи концерт во Белград, а особено се радува што по 10 години објави нова песна. На прес-конференција, тој отворено зборуваше за својата кариера, за колегите од естрадата, но и за актуелната клима на страв по неодамнешните инциденти.
По нападот врз домот на Здравко Чолиќ, кога беше фрлена бомба, и по киднапирањето на Даниел Кајмакоски, дел од музичката сцена изрази загриженост. Но, Хари тврди дека нема причина да се плаши.
„Мислам дека не сум толку важен. Немам обезбедување. Немам што да им дадам, немаат што да земат од мене“, изјави Хари, додавајќи дека е убеден дека не се замерил со никого, пренесе „Пинк“.
„Не станав богаташ од оваа работа, ниту некого премногу го иритирав. Не сум се дружел со погрешни луѓе“, додаде тој.

