Забава
Осум совршени видови на фитнес исхрана
Покрај активното вежбање, треба да се внимава и на соодветната исхрана. Препорачливо е да се комбинира следната исхрана заедно со вежбањето
Ананас и папаја Овие две тропски овошја содржат ензими кои не само што ги согоруваат протеините за дигестија туку и имаат анти-воспалителни својства кои помагаат во пост-активниот период за побрзо опоравување на мускулите.
Лосос Масните киселини на рибиното масло треба да се внесат во мускулите и срцевите келии за да има сето тоа некаков ефект, а тоа може да бара конзумација на рибино масло со недели. Дали ќе конзумирате пилули од рибино масло или пак риба полна со овие масни киселини повеќе пати во неделата, тоа е ваш избор. Ова помага при кардиоваскуларниот фитнес.
Тестенини со сос од месо Совршениот оброк кој треба да следува после тренингот содржи околу 400 калории, со 20 до 30 грама протеини (за да се изградат нови мускули) и 50 до 60 грама на карбохидрати (за да се поправат старите мускули). Сето ова ќе го најдете во една чинија тестенини со сос од месо.
Свинско филе Посното месо е одличен ниско калоричен извор на протеини. Докажано е дека колку повеќе внесувате протеини толку ви се поголеми шансите да ја намалите дебелината од средишниот дел на вашето тело.
230 грама чоколадно млеко Најдобриот спортски пијалок настанува од крава. Британските истражувачи докажуваат дека млекото врши поголема работа од колку водата или било каков друг спортски пијалок за рехидратација на телото после вежбање. Зошто? За почеток млекото има повеќе електролити и потасиум. А како додаток чоколадото на млекото му дава совршен баланс од јаглехидрати, протеини и доволно маснотии за побрзо опоравување на мускулите.
Кафе Научниците велат дека внесување на кофеин (две шолји кафе) после вежбање ја намалува болката во мускулите повеќе одколку било кој препарати кој се декларираат како ослободувачи од болка. Кафето ја блокира хемијата која ги активира рецепторите за болка.
Зелен чај Бразилските научници велат дека оние кои конзумираат зелен чај по 3 шолји дневно, се тие, на кои многу побрзо им закрепнуваат мускулите после активно вежбање.
Студена вода Пиење вода пред и по вежбање може да ја подобри вашата издржливост. Британските студии покажаа дека велосипедистите кои внесуваат 850 гр. студена вода пред трката се за 23 проценти поспособни од оние кои внесуваат топли напитоци. Ладната вода ја одржува температурата на вашето тело и не дозволува брзо да се загреете и да успорите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
С.О.С. фестивалот се враќа на домашната сцена
С.О.С. фестивалот се враќа на домашната сцена и ги носи Забрањено пушење, кои годинава одбележуваат јубилејни 40 години од првиот студиски материјал „Das ist Walter“, најдоброто од Игор Џамбазов придружуван од Гуру Харе со неговиот бенд и екс-ју ретроспективата на Rootboy Selector.
Јубилеј слави и домаќинот „Фреш унион“ – полни 20 години од првиот настан и стартот на реализацијата на идејата за развој на урбаната музичката култура. 20 години за портфолио во коe се запишани соработки со светски познати имиња, но и еминентни имиња од Балканот и, секако, дел од домашната музичка елита.
Овогодинешното издание на С.О.С. фестивалот е закажано на 15 јуни, со почеток во 20:00 часот, на Ракометно игралиште во Битола, и тоа ќе биде своевидно музичко патување низ времето и уживање во хитовите на Забрањено пушење – „Зеница блуз“, „Хаџија или бос“, „Гузоњин син“, „Памтим то као да је било данас“, „Можеш имат моје тијело“… ќе имате можност да го чуете и „Најдоброто од Игор Џамбазов“ придружуван од неговиот Гуру Харе со својот бенд. Планирана е изведба на неговите најголеми хитови: „Диши длабоко“, „Да си жив и здрав“, „Каква е оваа ситуација“, „Скопјанец в Битола“, „Скопје – Сарај – Матка“, „Племето и семето“, „Фотографија“, „Време за плачење“, „Хотел Македонија“, „Во бестрага“, на материјалот од новиот албум „Првите триесет“, како и анегдоти од над 30-годишната кариера.
Забава
Хороскопски знаци кои го пикаат носот секаде: ги интересира се и повеќе отколку што треба
Хороскопските знаци кои го пикаат носот насекаде се оние кои се обидуваат да дознаат за работи кои апсолутно не ги засегаат.
Хороскопските озборувачи се и хороскопските знаци кои сакаат да знаат сè и ништо не им бега. Тие се многу љубопитни и имаат тенденција да го пикаат носот дури и во ситуации кои не се нивна работа, или поради озборувања или затоа што само сакаат да ги имаат сите информации и да бидат разузнавачка служба која може да има контрола над сите.
Хороскопски знаци кои го пикаат носот насекаде
Близнаци
Ова е знакот што прво на сите им паѓа на ум. Тие се луди по озборувања и сакаат да знаат сè. Ништо не им бега и лесно ќе научат сè за никого. Дури и тој да разговара со вас, а некои други да зборуваат малку подалеку, тие сигурно со едно уво слушаат што се случува. Близнаците извршуваат повеќе задачи и можат многу работи одеднаш.
Шкорпија
Вторите на листата дефинитивно се Шкорпиите и тоа не е случајно. Тие делумно гледаат на озборувањата како на антишпионска алатка. Колку повеќе знаат, толку е полесно да се заштитат. Тие ве имаат во свои раце и можат да го искористат она што го знаат за вас во секое време против вас. Таа го слуша секој разговор, набљудува и надгледува сè и тешко ќе го скриете она што таа сака да го знае.
Бик
Ова е можеби изненадувачки бидејќи никој не очекува Бикот на оваа листа. Можеби изгледаат сериозно и одмерено, но треба да знаете дека се што ги интересира се тајните озборувања. Претставниците на овој знак сакаат да се мешаат во се, полни се со сомнеж и не веруваат никому. Во сè се многу слични на Шкорпијата. Иако овие знаци се хороскопски спротивни, тие имаат некои заеднички елементи како одмаздата која се сервира ладна.
Hitech
(Видео) 7 милиони прегледи: Мајкрософт објави снимка со вештачка интелигенција на Мона Лиза како рапува
Мајкрософт ја претстави новата технологија за вештачка интелигенција наречена VASA-1, која може да комбинира фотографија и аудио клип и да генерира реални видеа.
Тие ја претставија новата технологија со видео на кое Мона Лиза рапува на песната Папараци, но ова не е хит на Лејди Гага, туку рап песна што Ен Хатавеј ја напиша и изведе во ток-шоуто на Конан О’Брајан во 2011 година.
Microsoft just dropped VASA-1.
This AI can make single image sing and talk from audio reference expressively. Similar to EMO from Alibaba
10 wild examples:
1. Mona Lisa rapping Paparazzi pic.twitter.com/LSGF3mMVnD
— Min Choi (@minchoi) April 18, 2024
Видеото набрзо стана вирално и беше прегледано повеќе од 7,1 милиони пати на само еден профил на „Икс“.
„Ова е толку смешно, плачев од смеење“, „Уште едно страшно видео со вештачка интелигенција“, „Ова е морничаво“, „Кога би можел Да Винчи да го види ова“, се дел од коментарите.