Забава
Џо Кад е овогодинешниот првенец во покер

Џо Кад од Мичиген не зажалил ниту за момент кога го напуштил колеџот за да стане професионален играч на покер
Иако има само 21 година, Џо победил на Светското првенство во покер кое се одржало во казиното „Рио“ во Лас Вегас и ја освоил главната награда од 8,55 милиони долари.Тој во финалето на „тексашкиот“ покер, без лимит, го победил Дарвин Мун, 46, дрвосечач од Мериленд.Кад, кој играл покер од 16 години, воедно е и најмладиот светски шампион.„Мун играше одлично, ме изнамачи. Имав лош почеток на турнирот, но се си дојде на свое место. Останав сконцентриран и тоа се исплатеше. Неверојатно е чувството. Победата ми отвори многу врати. Сега ќе бидам послободен и ќе играм по релаксирано“ , изјавил Кад после победата.
Во одлучувачката рака Кад добил пар девети на самиот страт, а Дарвин имал дама и џандар. Подигнал влог и Кад го прифатил предизвикот. На крајот Кад победил со два пара, од кои деветките биле појаки.
„Знаев дека погрешив“, изјавил Дарвин, кој како второпласиран добил задоволителни 5, 2 милиони долара.Место на турнирот во Лас Вегас се купувало за 10 000 долари. Учествувале вкупно 6 494 играчи. Натпреварувањето траело вкупно 8 дена, а девет покераши се пласирале во финалето кое траело вкупно 17 часа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
(Фото) Кралицата на деколтеата го носи хит костимот за капење за крајот на летото

Сè попопуларната млада актерка Сидни Свини неодамна го прослави својот 28. роденден, а сега на социјалните мрежи покажа како изгледало сето тоа.
Сидни, која често е цел на коментари за нејзините прекрасни облини, направи кратко патување со своите пријатели за да го прослави еден од најважните денови во годината.
Секако, кога станува збор за неа и нејзините фотографии од костими за капење, јасно е дека следуваат низа позитивни коментари на социјалните мрежи. Таа позира во виралниот TA3 Hi Cut Sleeveless Surfy едноделен костим за капење, кој совршено ги истакнува нејзините облини.
View this post on Instagram
Овој модел чини помалку од 200 долари и стана омилен најмногу поради кројот како корсет и затоа што има патент што ви овозможува да го приспособите деколтето на градите.
Сидни позира во неколку други модели, имаше бел едноделен, но и златен бикини, а не се знае кое ѝ стоеше подобро.
„Мало патување на Марс“, напиша таа на шега во описот на објавата.
фото: принтскрин
Забава
(Фото) Најпознатата лото-девојка од поранешна Југославија поттикна озборувања дека е во врска со Стивен Сигал

Најпознатата лото-девојка од поранешна Југославија, Сузана Манчиќ, објави фотографија на „Инстаграм“, на која позира со холивудскиот актер Стивен Сигал поттикнувајќи озборувања за можна врска.
„Добра вечер, може ли да се фотографирам со вас? Ви благодарам многу“, напиша таа покрај фотографијата, обожавателите прашаа во коментарите дали е на повидок нова љубов, а некои ја искористија можноста да се пошегуваат.
View this post on Instagram
„Нова љубов“, „Добар пар“, „Прекрасна“, „Честитки, Сузи, толку сум љубоморна“, „Поприродно е тој да побара да се фотографира“ и „Стивен е толку згоден“, се некои од коментарите под објавата.
Стивен Сигал присуствуваше на воената парада „Моќта на единството 2025“ во Белград во саботата. Актерот, најпознат по своите улоги во акциони филмови во 80-тите и 90-тите, стана редовен гостин во Србија.
Сигал доби српско државјанство во 2016 година. Тој е близок со претседателот Вучиќ и со српската влада, а за време на посетите на Белград често го изразува своето восхитување од српската култура и традиција.
фото: принтскрин
Забава
(Видео) Обожавателите ѝ пееја на Брена под прозорецот по нејзиниот настап во Ровињ, таа им се придружи

Лепа Брена во саботата настапи во Ровињ како изненадувачки гостин на забавата на еден бенд. По настапот, обожавателите се собраа пред хотелот каде што таа престојуваше и ѝ пееја под прозорецот.
Брена излезе на балконот, ги поздрави и сите заедно ги испеаја нејзините хитови.
@minja_mirkovic @LepaBrena 👑❤️! Veliki zagrljaj za sve ove ljude u Rovinju! 🇭🇷❤️ #lepabrena #rovinj #croatia #fyp #foryoupage ♬ original sound – minja_mirkovć
Бендот почна да ги пее нејзините песни, а набрзо се собраа повеќе обожаватели, и се случи вистинска забава. Дел од изведбата беше објавен на „Тик-ток“. „Брена е легенда и најголема ѕвезда“, напишаа луѓето во коментарите.
фото: принтскрин